Author Topic: Случајни муабети  (Read 1127294 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6690 on 29.11.2018, Thursday, 15:34:39 »
епа сега сакаш и ефтино да е и да не троши и да е супер автомобил и кинеско да е :) Ќе видиме како ќе се покажат, тек почнаа да се произведуваат, ама јас сум малце скептичен со дистрибуцијава. Тоа зиме греалки кога пуштаме паѓаат главниве трансформатори, не па коли... може некад, 2050, за сега не би рекол, не барем овде во мк.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6691 on 29.11.2018, Thursday, 15:51:36 »
Потоа имаше ко демек на секој јавен паркинг до 2027 год да има бесплатен паркинг и полнач(ова важи за СК, и на доста места е така).

Да, ама често знаат да бидат зафатени од обични возила ::)... барем кај мене на паркинг. Да, има место за полнење, ама секој петок и сабота, ако планираш некаде да одиш и да се вратиш до кај 2, 3 по полноќ, не сметај на тоа место бидејќи сигурно ќе има некој џип монструм паркирано на него ::). Ова е честа ситација и преку недела, ама како и секогаш, никаде не можеш да ги најдеш регионалците кои патролираат по зонските паркинзи ::)... затоа се секогаш тука ако некој не платил за паркинг за да ти турат шепа... нели ::). А не можеш да се буниш во Паркинзи на Град Скопје бидејќи работно време им е до 9 вечер преку зима (11 преку лето), полиција не можеш да викнеш (тоа не била нивна ингеренција ::)), и што да правам... а на пример утре ми треба колата да е полна, треба сабајле да одам некаде... и што да правам ???.

Згор на се, паркинзиве не се координирани. ПОЦ не нудат ваква опција. Град Скопје нуди... и сега, што да правам ако нема место на паркингот на Град Скопје, а имам картичка за да влезам во паркингот на ПОЦ? Не можам да си го наполнам возилото, и повторно сум за*бан ::).

Дива лига сме... џабе е се, 1000 пати имам кажано, џабе. Закон за ова, закон за она... џабе кога никој не е*е жива сила ::).

Батериите не знам колкави се кај овие, ама за литиумските можно е да е пригатливо да ги влечиш до дома да ги полниш.

Тоа од линкот што го ставив, као демек може да тера 120km со едно полнење... се разбира на ганц нови батерии. Сметај дека тоа растојание ќе се намали на половина за 3, 4 години ако редовно го употребуваш возилото (секој ден или секој втор ден).

Патем Гига кај тебе баш имаш паркинг и полнач :)

За тоа веќе пишав, прочитај погоре ::).

Е сега не верувам дека може со оваа кола да појдеш во друг град на гости на пример, ама па за до работа е топ.

Па за тоа и би ја земал... а и за тоа се наменети. Направи статистика колку километри во текот на користењето на едно возило се надвор од град, ќе видиш дека над 90% од километражата е извозена работа <--> дома ;).

Али па имаш и скутер/тротинет за 500 еу кој може да си го полниш комотно дома, оти се по 10-30 кг.

Тротинет е жива глупост. За скутер... да, би размислил ;).

Најголем проблем е полнењето, ајде да земиме цела зграда вакви коли и како ќе ги полниме, кој хаос ќе биде. Башка трафото пред зграда гарант ќе рокне. Ем овие се со мал капацитет, ами тесла што е 100 киловати, предвидена е да се полни со 45 ампера, ами 5 души да полнат цела населба ќе ја пореметиме...

Тоа ми е муабетот... најголем проблем е тоа, полнењето. Абе за сите да ставиш по еден полнач, ќе ги расипаат за една недела барем половина, за два месеци сите ;D.

Ова се е убаво, ама сеуште многу скапо за наш џеб. На старо вакви коли сеуште нема, а на старо безнинец или дизел има за 1000, 2000, 3000 евра, зависи кој што сака да купи, колку возена, колку трошена, итн. Во секој случај, за 3000 евра имаш многу солидно очувани возила од 2007, 2008, понекое и од 2009-та, зависи што ќе начекаш, а ние не сме западњаци со по 5, 6 илјади евра месечни примања, па да можам да земам електрична кола на отплаќање на една или две години. Кај нас, се знае како одат работите. Ќе си платиш на старо кола, ако имаш нешто плус парички ќе си монтираш плинче и тераш со 1000-че, 1500 месечно. Да, многу би било убаво да можам да си ја полнам и да си терам со 200, 300, 400 денари плсу месечно за струја, арно ама... јок, тоа кај нас не биднува во наредни барем 10 години.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6692 on 29.11.2018, Thursday, 16:11:48 »
Добро јас зборував од технички аспект, инаку инфраструктурата, законите, паркингзите во пракса се ст##ње како и многу други работи... Ај ти или јас да се паркираме кај полначот да видиме дали има закон :) Да не прајме муабет за местата за инвалиди што се...
Патем зошто мислиш дека не чинат тротинетите, гледам и теткици бааѓи почнаа да ги возат...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6693 on 29.11.2018, Thursday, 23:46:23 »
Ај ти или јас да се паркираме кај полначот да видиме дали има закон :)

Нема теорија. Убаво си е означено тоа место (колку е убаво означено... ::)... ај и тоа да не с*рам, ама ајде, барем се гледа сандачето за полначот, тоа не може да се пожалам, многу добро и видливо е означено... а и се гледа, баш пред тебе е, очи ќе ти истера :D), не се паркирам на место кое очигледно не е наменето за мојот тип на возило, крај, барам друго место, ако треба и три круга ќе вртам, ќе најдам ;).

Исто важи и за местата за инвалиди, никогаш не сум се паркирал на место за инвалиди, тие места се знае за што се и кој треба да ги користи. И намерно се направени пошироки од другите места за паркирање (ова чисто како информација за сите и*иоти кои се бунат „зошто толку простор има за инвалидите ???“... очигледно тие луѓе кои вакви работи прашуваат, или мозок немаат или им одговара да се прават како да немаат, едно од тие две ::)), не се направени пошироки за да може на две соседни места за инвалиди, да има паркирано три коли без налепница за инвалиди >:(. И, како и секогаш, ќе видиш ваква ситуација и никаде ги нема службите кои „коа демек“ се одговорни за ова ::). Јас не знам зошто ги викаат „регионалци“, треба да се викаат „шеполепачи“... бидејќи само тоа знаат да прават ::).

Патем зошто мислиш дека не чинат тротинетите, гледам и теткици бааѓи почнаа да ги возат...

Ховерборд, тротинет, скирол... се тоа се играчки. Дали за некое од овие транспортни средства ти треба да имаш регистарска табличка? Не. И велосипедот до некаде спаѓа во оваа група на „превозни“ средства, но за разлика од нив, со велосипед може да отидеш и од Скопје до Охрид. Ај тргни со тротинет (каков сака нека е, ако сакаш и со power bank монтиран на него ;D) од Скопје, да видиме дали и кога ќе стигнеш во Охрид ;D.

За бабички, да, не викам дека не е практично решение. Од пазар до дома, до кај внуците, овде онде, да се шетнеме малку... да, практично е... кога си во пензија и немаш попаметна работа. Ај бркај работа на тротинет да те видам ::). Ало, јас ако го земам нема да го земам за да отидам до пазарче и назад. За тоа, фала му на бога, здрав, прав сум, можам и пеш да си отидам. Јас би го земал ако треба нешто да одам на терен, за релативно брз и исплатлив транспорт. А тротинетине, ги имам видено... мостче со мала угорница и мораш да „ги палиш патиките“ за да може да поминеш преку мовчето ::). Ако се такви и скутерите, тогаш, не, дефинитивно нема намера да купувам било што на батерии, барем не сега за сега. Јас мислев дека се помоќни, дека без проблем ќе ме истера и на узгорница, а не јас да морам да веслам ако дојде успон :D. Па ако требаше да веслам, пешки ќе си тргнев ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6694 on 30.11.2018, Friday, 00:04:25 »
Денеска видов едно од тие кинеските електрични возила, според тоа што го видов за во лето и за двајца патници до 60/70кг ке врши работа за кратки растојанија во град или околу градот. Можеби и пдалеку но со максималната брзина која ја имаат 45/50км патуванјето ке трае и ке трае и трае :).
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6695 on 30.11.2018, Friday, 00:09:25 »
Побрзо е отколку пешки, така ;). Освен тоа, максимално дозволена брзина на многу улици во Скопје е веќе 50km/h, така да, не гледам проблем околу тоа. Баш напротив, поголем проблем е да држам брзина до 50km/h со обично возило... барем за мене. Ако видиш дека има сила, знаеш да стиснеш, ако гледаш дека не иде, ќе си тераш колку оди и тоа е тоа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6696 on 30.11.2018, Friday, 00:15:18 »
За возење низ град и околината 45/50км е доволно но ако тргнеш за Охрид на одмор додека стигнеш ќе треба да почнеш да се враќаш за да стигнеш на работа.
Јас мислам дека електричните возила од тој тип како тие кинеските се користат низ поголеми фабрички кругови да се заштеди на време.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6697 on 30.11.2018, Friday, 00:57:46 »
Епа тротинетот за до работа, на пиво, да се напрајш фенси и тоа е :) Инаку има и точаци преправени со ото мотор и со ел мотор од киловат и од два киловати, кои баш корнат, ама се по 1000 еу само моторот :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6698 on 30.11.2018, Friday, 01:14:37 »
Значи, да се разбереме, електричните возила сеуште се само за градско возење и ништо повеќе од тоа. Затоа ќе си имате две коли, една класична, една електрична. Електричната, за до работа и дома, другата за се останато. Пренос на цемент, канцелариски маси и столчиња, одење на одмор, итн. ;).

Колку е ова исплатливо, тоа е веќе друго прашање... мислам да имаш две коли наместо една. Ако се и двете гаражирани, можеби, ама ако и двете ти се на паркинг пред зграда :-\... tough luck.

И да, баш така ќе биде bicikle, јас ќе го возам тротинетот до работа и назад, не тој мене ::). Фала, ама ако веќе бирам нешто кое треба да биде практично, да ме одведе од едно на друго место и да биде на две тркала, барем според мене, не треба да личи на детска играчка ::) :P. Скутер, мотор... тоа е веќе друг муабет (барем треба да биде... дали е, не знам, не сум возел електричен скутер, ама како што пишав, ако е како тротинетите, ич не ги ни гледам).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6699 on 30.11.2018, Friday, 01:39:10 »
Има електрични автомобили кои се добри за возенје и по афтопат, Tesla моделите се одлични за тоа но многу скапи, со едно полненје можат да поминат од 350 до 500км и се многу брзи и луксузни, има и други производители кои имаат електрични автомобили кои се полнат брзо и поминуваат 300+км со едно полненје.
За превозно средство на две тркала за до работа/школо и назад  јас би земал велосипед со помошен електричен мотор,  немам лично искуство со нив но знам луѓе кои се задоволни од нив, Холандија е полна со такви велосипеди, брзи се лесни се немаат трошкови за одржување но се доста скапи од 1000 евра па нагоре.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6700 on 30.11.2018, Friday, 02:06:54 »
Ни со тесла не би кинисал така на подолг пат. Ем полнење на нафта/бензин не е ни 5 минути. Но кога би имал пари би зел за низ рад на струја кола. Инаку да, бекап класична кола обавезно или агрегат  :)
Колу што имам читано се фалат луѓево од тротинети, ама не можеш детето да го однесиш на школо, на секоја дупка треба да пазиш секој тротоа4 рачно да го скокаш тоа да, ако заврне ќе се окапиш итн... Али па не одиш пеш сепак, ефтин е, потрошњата е 200 ден месечно ... Не е толку црно, нити розево :) битно ќе бидиш фаца :) Глобално малце сум скептичен дека овие возила ќе ги заменат фосилните возила, но може да заменат делумно или во некој незначаен процент. Голем проблем ќе биде понењето. Рачунај секоја недела да одвоиш специјално 2  саати за полнење. Мене ми е сулудно. Вака тураш гориво 50-60 евра има за цел месец :)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6701 on 30.11.2018, Friday, 08:49:16 »
Колку и да дискутирате за различни нискобуџетни типови на електрични возила, излишно е. Моментално Tesla се врвот во таа индустрија. Со најобичниот модел можат да се поминат до 500km и да постигнат брзина до 100km/h за 2.7 секунди, што не верувам дека некое возило на гориво тоа може да го постигне ( не сум многу упатен по возилата ). Така што, како што кажавте и самите претходно, овој тип на мали возила се погодни за во големи фабрики и за комерцијална употреба, за лична не би рекол толку, освен за забава. А, и плус сите автомобили на Tesla се self-driving, што значи вие ќе учествувате минимално во управувањето на возилото, освен ако не сакате целосно, тоа е ваша желба.  ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6702 on 30.11.2018, Friday, 10:05:28 »
Не не сам ќе си воза... види на јутјуб колу имат кај што се лупа автопилотот.
Тесла се смета како суперавтомобил, не мора баш таја за низ град, па и за меѓуград. Работава е да е практично, да избегнеш гужва, ефтино да поминиш да ти брка работа, со тесла осим чалами друго ништо не си постигнал, али на пример со електричен велосипед, со сутер без разлика дали на бензин или струја голем дел од работите си постигнал, можеш да појдеш и на терен, и на пазар и на работа и на секаде, дури и со некој крос можеш и во недостапни терени да движиш ако ти налага работата. е сега на пример не можеш сабајле деците да ги однесиш на школо, ама па кога ќе пораснат или дур не си женет/мажен далеку поекономично ти е скутер/точак. Од друга страна пак возило на 4 тркала ти е побезбедно, зимо не ти студи ... Сега ако гледаш така, доста фирми се сувишни во споредба со порше ферари ламурџини ама тие не се возат ни 10%....  А за до работа, за да ги однесешп децата на школо, за на одмор не ти ни треба тесла или ламо, што знам за мене едно т1 би бил задоволен :) A не дека ќе ми се на одмет :D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #6703 on 30.11.2018, Friday, 11:08:14 »
Ако веќе сакате нешто спортско а електрично разгледајте ги Rimac, нешто балканско нешто EX-YU
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6704 on 30.11.2018, Friday, 11:13:44 »
Многу Tesla електрични автомобили се користат како такси низ европа, не треба да се одвојуваат посебни саати за полнење (кој оддвојува специјално време за полнење на телефонот?), се полнат кога не се користат.
Што се однесува до практичноста секое превозно седство има сопствена намена.
Според тоа што се нуди на пазарот и достигнувањата во технолоѓијата јас би земал хибридно возило, мислам дека најмногу би добил за своите пари во моментот.
Во Македониа незнам точно кои се бенефициите од поседување на електрично/хибридно возило, но низ европа има многу бенефиции: низ многу градови не се наплаќа паркинг, на многу места има бесплатно полнење градови како Лондон не дозволуваат влегување во центарот на градот на возила освен на електрични возила. и др.
Сепак се ВРТИ !!!