Author Topic: Случајни муабети  (Read 1127311 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6675 on 15.11.2018, Thursday, 23:52:48 »
Последната слика на Toma добро ме потсети, треба да направам вакво нешто и за осцилоскопот. Моментално го терам без батерија, ама губи меморија :P ;D.

Во секој случај, сметам дека е практична алатка, полни било што, од Ni-Cd до Li-Ion и Li-Po ;).

Но, сепак сметам дека најпрактично е да си купиш од оние контролите за полнење за определен број на батерии, фиксно, и да ги полниш батериите преку едно класично џекче ;) (како од Нинтендо :P :D). Не се прескапи, се монтира во самиот уред и имаш балансирано полнење на сите Li-Ion батерии ;). Освен тоа, голем дел од нив и јавуваат колку се полни батериите преку едно тастерче и неколку LED диоди ;). Имаш огромен дијапазон на влезни напони, што практично значи, кај и да отидете, само најдете полнач/адаптер со адекватно џекче (а такви се користат за скоро се во денешно време, од set-top box-ови до адаптери за екстерен HDD) и терајте работа ;).

А и не се скапи, последен пат видов разлика во цена во делче од долар меѓу секој од моделите, за 2, 3 и 4 батерии (можеби имаше и за 5, не сум сигурен). Најскапата контрола беше $3, или така нешто ???. Не сум сигурен искрен да бидам, но делеку од скапи беа.

Сепак, освен тие интерни контроли (за монтажа во уред), би сакал и овој уред што го post-ираше Toma да го имам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6676 on 26.11.2018, Monday, 22:42:12 (Edited 27.11.2018, Tuesday, 03:33:34) »
Code: [Select]
https://emagazin.mk/srednoshkolci-transformiraa-invalidska-kolichka-vo-elektrichen-trotinet/?fbclid=IwAR3p3RauuCmGe04xX-MRP7V0ctHAvRdC70h799ZRPwD_JdEhkVRe76lbxDA.....

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6677 on 27.11.2018, Tuesday, 03:34:30 »
bickle, што рековме за кодирање на линкови ::).

Патем, има некаде слика од чудово?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6678 on 27.11.2018, Tuesday, 09:19:12 »
Јок, а и мене ме интересираше. Само не ми изгледа нешто иновативно...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6679 on 27.11.2018, Tuesday, 23:17:55 »
Гарант само предните тркала ги зеле ::) :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6680 on 27.11.2018, Tuesday, 23:28:45 »
На пола ја пресекле :) а мислам дека тие колички се поскапи од скутерот на струја :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6681 on 28.11.2018, Wednesday, 00:10:21 »
Најверојатно мислеле на стари, веќе користени колички, бидејќи на инвалидските колички најчесто само им се аби и кине тапацирот, а од технички (функционален) аспект, најчесто остануваат прилично здрави.

Без разлика, ова со тротинетите е, барем според мене, жива глупост. Имам видено електрични скутери во Грција. По градба, слични се со дизајнот на doom buggy, само се на две тркала ;). Е тоа е веќе нешто и да, би сакал да купам таков скутер ;). И да не ти се верува, чинеа нешто повеќе од тротинетите кај нас ::). Кај нас се мора да биде преценето, нели ::).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6682 on 28.11.2018, Wednesday, 08:36:55 »
Пак се исплаќа повеќе да се реставрираат. Не знам колку се точно, но, само акумулаторите се мин. 100 евра, а штаки се 8-9 000 без рецепт. Некако ми е како од шупливо во празно да префрлаш.
За ел. тротинет градот дава 10.000 ден субвенции така да исто ќе те фати како во грчка да си го купил. За скутер не знам како е. За кола дава 5.000 евра.
Еве ги колите
Code: [Select]
https://www.facebook.com/pg/hamachistip/photos/?tab=album&album_id=2362403130440769&__xts__%5B0%5D=68.ARCcVdJcoLmveZeYrBwVM4hbqBUz0E0kAGXxg8nDMEDg8Jci8WaV2owY7Ceb3I_cke57qRlAaQWxRpkEzNW2i4Yas0u40U0y24c1-dWJQjoovlhDS45M4Dbbf1xgTBpXAyFQ6wRfZ6j3zoqSvpibV6IkmW3JVsv9T8HyKEgnmd97yeXXFFD8pZP-2yLNA-ukUNppAFy7v2m97lBlLucJtVYPJwwWilsts-b0u5ryvTRIRPwt8EteMM7LmlnRhC2w2jauZBifGebtpz10fnOEtxzRMOb2eKfi3lb3RLWqjM_vMcm2BjiQQ_tXnDI446n7PHzcMPjMBu2fZ4ju2TGlc0M-5PuHdpAwhGvgVnAHpLXJqXRSnNX3bdnjlA54UbDrI3oUv0FA2ZMkRrQgBuwf&__tn__=-UC-R

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6683 on 28.11.2018, Wednesday, 17:56:04 »
Јас не знаев за какви инвалидски колички зборуваш. Мислев дека мислиш на класичните, без мотор... а мислев дека на таква мислеа и во статијата од линкот кој го post-ираше, или грешам ???.

Чекај... значи за кола, градот дава 5000 евра субвенции ???. Па еве електрична кола за 5000 евра ;D.

Code: [Select]
https://hamachi.mk/JONWAY-URBEE-2-p95414129
И муабетов излегува дека мене колата ќе ме чини 100, 200 евра ако ја клупам и мене градот ми врати назад 5000 евра, така ??? :D. Нема шанси да е така... 100%‘ извисуваш за парите од градот. Или ќе ги добиеш на „свети никад“ или по 10 години откако си ја земал :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6684 on 28.11.2018, Wednesday, 18:01:16 (Edited 28.11.2018, Wednesday, 20:29:57) »
Ами што ќе перпрајш обична количка, што би икористил... Мада и тие се колку еден скутер да купиш...
Па така се фалеа, има за субвенциите побарај на гугл, а гледам овие веќе почнаа да ги возат.
Е сега читав, до 25.000еу ако е возилото ќе добиеш 3500 еу субвенција, натака 5000 еу...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6685 on 29.11.2018, Thursday, 00:26:35 »
Ами што ќе перпрајш обична количка, што би икористил...

Па, тракалата :D... затоа и се насмеав :D.

Е сега читав, до 25.000еу ако е возилото ќе добиеш 3500 еу субвенција, натака 5000 еу...

Да де, еве прочитав и јас сега.

Code: [Select]
https://www.it.mk/subventsii-za-elektrichni-vozila-5-000-evra-za-elektrichen-avtomobil/
Quote
Мерките предвидуваат увоз на електрични возила без царина и акциза; повластена даночна стапка. Ова ќе овозможи поевтини електрични возила, односно цената на возилото од 35.000 евра, ќе се намали на 28.000. Дополнително државата ќе субвенционира 3.500 евра за автомобилите до 25.000 евра и 5.000 евра за автомобилите над оваа сума.

Стара е веста, ама не верувам дека многу се имаат сменето работите до сега.

Да бидам искрен, не е лоша субвенцијата. 3.500 евра субвенција за возило од 5.000 евра, не е баш така малку ;). Повеќе од 65% субвенција е тоа ;). Само не знам дали овие маливе Hamachi ги сметаат за електрични возила или скутери ???... бидејќи се навистина мали, помали и од Smart, а собираат 4 луѓе. Зошто ако не ги сметаат како автомобили, туку како нешто друго, субвенцијата не важи :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6686 on 29.11.2018, Thursday, 00:46:25 »
Би требало да се сметаат како автомобили, се управуваат со волан имаат 4 тркала и сите други карактеристики на автомобил.
Според законот за безбедност во собраќајот патнички автомобил е секое возило наменето за лица, кое покрај седиштето за возачот има уште најнмногу осум седишта.
Тие Hamachi имаат 4 седишта но дали ке соберат 4 луѓе, дали и колку ке оди моторот од 4kw  со четворица во автомобилот, мислам дека не вредат за 5000+ евра.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6687 on 29.11.2018, Thursday, 01:25:41 »
Да да, тоа јасно, има место за 4 луѓе, ама нема шанси да носат 4 луѓе. Еден, двајца, да, ама 4 души, се разбира дека не. Тоа дека собира четворица е само маркетингшки трик, се разбира ;).

Ама па гледам овие разнесувачиве на брза храна (пици, хамбургери и слични работи) се повеќе ги користат баш овие возила... ваквиве, од 5000 и нешто евра. За едно до две лица, изгледа ОК... барем според мене. Се разбира, прво би пробал, не би земал на слепо, ама за до работа и назад, изгледа ОК ;).

А не ни знам кој од brand name компанииве (Peugeot, Opel, Renault...) произведува вакви возила :D. Немам начекано реклама на телевизија за возило од нив кое е електрично. За хибриди, да, ама за целосно електрични, не. Тие би требало да се оние поскапите... од 20.000 евра па нагоре... барем по некоја моја логика :P :D.

Е сега, конкретно јас, барем сега, не би земал едно бидејќи немам каде да го полнам, живеам во зграда, а на работа сигурно нема да ми дозволат :P :D. Субвенции има, ама како ќе го „храниш“ и одржуваш ако немаш твоја гаража... ти си знаеш :D.

Ова е уште научна фантастика сега за сега. Нема услови никаде за ова... добро како идеја, ама само на тоа ќе остане, барем во наредните 5, 6 години сигурно. Генерално земено, мислам дека само кај фирми со гаражен простор и ресторани за брза храна ќе се популаризира ова, не и кај домаќинствата... пред се поради немањето на гаражен простор :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6688 on 29.11.2018, Thursday, 04:03:18 »
Па конкретниот модел може не, ама тие поскапите модели нема да ме чуди уопште да носат 400 кг, и тоа на успони. За на рамно без проблем ќе ги носат. Е сега тие се околу 9000 еу, али сепак кога ќе одземиш 3500 еу се прифатливо скапи. Додуша некои велат дека имале терс кочници ама ќе се навикнеш демек. Потоа имаше ко демек на секој јавен паркинг до 2027 год да има бесплатен паркинг и полнач(ова важи за СК, и на доста места е така). Батериите не знам колкави се кај овие, ама за литиумските можно е да е пригатливо да ги влечиш до дома да ги полниш. Патем Гига кај тебе баш имаш паркинг и полнач :)
Е сега на рено им текна батериите да се во сопственост на рено и да се рентаат. ЗНачи ти се празни батеријата, одиш во одредена продавница, ја менњаш и цепаш. Лошо е што тоа кај нас го нема и 50 еу е рента на батеријата, штѕо е прилично не прифатливо. Е сега не верувам дека може со оваа кола да појдеш во друг град на гости на пример, ама па за до работа е топ. Али па имаш и скутер/тротинет за 500 еу кој може да си го полниш комотно дома, оти се по 10-30 кг.
Инаку да, прават и рено, фолксваген бе ем ве тесла(како нај реномирани) и други бренд нејм коли, ама испод 10.000 еу не се, а тие што се до 15.000 еу на видум не се нешто покомотни од хамачиво. Онда имаш ептен мала потрошувачка и искористеност над 70% и тоа кај по не усовршените модели(кај ото моторите теоретскиот максимум е 64%, стигнато е до 60% наводно), па сама се полни од удолниц, кочење(додуша кај поскапите модели ги има овие опции) па има и со сончев кров кој без проблем 250 дена ќе ја полни за 30-40 км дневна вожња.
Не се толку безнадежни, имаат доста предности, ама сепак се далеку од „обичниве“ коли. Најголем проблем е полнењето, ајде да земиме цела зграда вакви коли и како ќе ги полниме, кој хаос ќе биде. Башка трафото пред зграда гарант ќе рокне. Ем овие се со мал капацитет, ами тесла што е 100 киловати, предвидена е да се полни со 45 ампера, ами 5 души да полнат цела населба ќе ја пореметиме...

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6689 on 29.11.2018, Thursday, 12:02:59 »
Јас не би земал от тие кинеските модели на електрични возила, се продаваат како возила а имат карактеристики како томос моторче :), стандардот на квалитет кај копираните кинески модели е на катастрофално лошо ниво.
Renault Fluence Z.E. кој беше направен да работи со замена на батерии не профункционира бидејки друга фирма беше одговорна за замената на батериите не рено, тој модел се продаваше само неколку години, Renault ма и други модели Renault ZOE кој може да се полни од стандарден штекер или со брз полнач.
Тесла немора да се полни со 45А може да се полни и на нормален приклучок дома само побавно, со Super charder се полни за околу 1 саат време а со нај слабата опциија за околу 10 саати.
Сепак се ВРТИ !!!