Author Topic: Случајни муабети  (Read 1121179 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6435 on 03.09.2017, Sunday, 09:48:29 »
Денес се женев :'(. (;D)

Со среќа нека ви е и на двајцата... ;) ;D Сега ќе почнат да ти зборат сите, ама ти не ги слушај, ќе видиш дека е супер да си женет, у ствари толку е добро што јас би земал уште две-три жени, ама оваа мојата нешто нејќе... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #6436 on 03.09.2017, Sunday, 14:13:02 »
Опа Честито Гига другар !
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6437 on 03.09.2017, Sunday, 14:28:02 »
Лордзи,познавајќи ја таа твојата ,многу тешко ке помине тоа. ;D ;D А и пази се зошто во лејки се разбира, па да не те направи ноќна ламба поради такви муабети.  ;) А, Гига, недела - две, тоа е меден месец уште не се важи. Гарантниот рок е 9 месеци до 1 година (во  зависност како си се покажал).Ќе те видам потоа... 8) 8)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6438 on 03.09.2017, Sunday, 14:43:03 »
Година - две кај што сум женет со детенце мало ( 1 год и некој месец ) око немам склопено хехех. Се зезам добро за сега, добро е што дал Господ и дете и жена, со среќа нека ви е да ве пратат убајни, па и на ваша глава едно пишмиле потака уште едно две три нека ви биде полна куќата со дечиња ! :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6439 on 03.09.2017, Sunday, 17:58:30 »
Фала многу на сите за честитките ;). И далеку од тоа дека работите ќе се сменат, околу една година бевме верени и се си беше супер ;), така да, не верувам дека работите премногу ќе се сменат, баш напротив, мислам дека ќе одат на се подобро и подобро ;).

Ќе си дојде и се останато на ред, дечиња, мечиња... се по ред ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6440 on 03.09.2017, Sunday, 18:59:17 »
Giga во Велес има една изрека , од турско уште- * Жената отвара како на Шукара басмата!* Шукар бил трговец со текстил и басми, најголем во МК можеби.Ама кај него во дукан басмата супер, ама кога дома ке ја донесеш невестата дома и натопиш во вода - отиде од рака! ;) ;D ;D :D Останало така - ке ја донесеш дома, се убаво, ама кога ке отвори.... спасувај се или ќути! ;D ;D Прошетај се на Питијадата во Велес 6-7-8 октомври.Гратис пити за тазе венчани! И вино ке се најде... 8) :D ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6441 on 03.09.2017, Sunday, 20:16:27 »
Се менува животот тоа нотрмално е али не значи дека е полошо. Батка видиш ти ја и Гига прво една год. на тест период па после официнално :) и јас жената ми ја побарав пред год ипол, пред месец дена в црква се венчавме. Додуша да не испадне за питата, пред да се роди малава в општина се пишавме... :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6442 on 03.09.2017, Sunday, 22:44:46 »
Кој вели на полошо? :D :D Гига сега и стомак ке пушти, го знам него. Бицикле, добредојден си на Питијада и ти човеку! ;D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #6443 on 04.09.2017, Monday, 10:11:33 »
Честито Гига, со среќа нека ви е!
Кај нас викаат да си се ќердосате :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6444 on 04.09.2017, Monday, 13:02:16 »
batka, веќе е пуштен стомакот, треба да го намалам ;D.

Фала Devil ;). И ти да си се ќердосаш ;) ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #6445 on 04.09.2017, Monday, 18:53:58 »
Со среќа, љубов и бериќет, како духовен така и материјален.

Сепак малку шала во која има многу вистина  :)

Смешни цитати за бракот во кои има голема вистина.


„Четирите најважни зборови за успешен брак: ‘Ќе ги измијам садовите’.“ – Непознат автор
„Слободно венчајте се. Доколку ви се погоди добра жена, ќе станете среќни. Доколку ви се погоди лоша, ќе станете филозоф.“ – Сократ
„Обожавам да сум во брак. Баш е супер да ја најдете онаа посебна личност која сакате да ве нервира до крајот на вашиот живот.“ – Рита Раднер
„Мажите се женат со надеж дека жената никогаш нема да се промени. Жените се мажат со надеж дека мажот ќе се промени. Речиси секогаш и двете страни се разочарани.“ – Алберт Ајнштајн
„Сите мажи прават грешки, но оние во брак ги откриваат побрзо.“ – Ред Скелтон
„Тајната за среќен брак останува тајна.“ – Хенри Јангмен
„Проблемот со некои жени е што тие се возбудуваат за ништо – и потоа се венчаат со него.“ – Шер
„Љубов, именка. Привремено лудило кое се лечи со брак.“ – Амброуз Бирс
„Пред бракот, девојката треба да води љубов со момчето за да го задржи. По бракот, таа треба да го задржи за да води љубов со него.“ – Мерлин Монро
„За бракот да биде успешен, секоја жена и секој маж треба да имаат свој сопствен тоалет. Крај на приказната.“ – Кетрин Зета-Џонс
„Ако сакате вашата сопруга да ве слуша, тогаш зборувајте со друга жена. Таа целата ќе се претвори во уши.“ – Зигмунд Фројд
„Бракот е врска помеѓу личност која никогаш не ги помни годишнините и друга личност која никогаш не ги заборава.“ – Огден Неш
„Бракот е обид заеднички да ги решите проблемите кои воопшто не сте ги имале кога сте биле сами.“ – Еди Кентор
„Бракот не е само духовна заедница, тој исто така подразбира и дека треба да помните да го фрлите ѓубрето.“ – Браќата Џојс
„Држете ги очите широко отворени пред бракот и до половина подзатворени во него.“ – Бенџамин Френклин
„Мажите кои имаат обетка на увото се подобро подготвени за брак – тие искусиле болка и купиле накит.“ – Рита Раднер
„Најдобриот начин да ги натерате поголемиот дел од вашите партнери да направат нешто е доколку им сугерирате дека можеби се престари за тоа.“ – Ен Бенкрофт
„Кога имате бебе, љубовта е автоматска, кога се венчате, љубовта треба да биде заслужена.“ – Мери Озмонд
„Брак – книга во која првите глави се напишани со поезија, а останатите со проза.“ – Беверли Николс
„Сите бракови се среќни. Заедничкиот живот подоцна е она кое ги создава сите неволји.“ – Рејмонд Хал
„Грижете се за него. И правете да се чувствува важно. Ако правите така, ќе имате среќен и прекрасен брак. Исто како и секои 2 од 10 парови.“ – Нил Сајмон
„Многу луѓе поминуваат повеќе време во планирање на нивната свадба отколку во планирање на бракот.“ – Зиг Зиглар
„Мажењето е како купување нешто на што долго време сте се воодушевувале од излогот на продавницата. Може да ви се допаѓа кога ќе го донесете дома, но тоа секогаш не оди со сето останато во домот.“ – Џин Кер

50 совети за среќен брак и долготрајна врска

1. Добриот брак не се случува случајно. Добриот брак се гради.
2. Учете од искуството. Не ги повторувајте истите грешки.
3. Ако мислите дека тој/таа изгледа добро кажете му/и.
4. Затоа што никој не е совршен, научете да ги цените различностите.
5. Игнорирајте ги ситниците.
6. Излегувајте со партнерот. Без оглед на тоа што сте во брак, морате да имате повремени состаноци.
7. Простувајте и не бидете злопамтило.
8. Бидете љубезни. Секогаш зборувајте со голема нежност. Кажете Благодарам, Би те замолила..., Би се лутел ли ако...
9. Заедно направете вечера, заедно вечерајте и заедно одете во кревет.
10. Животот е краток. Кажете Те сакам барем еднаш дневно.
11. Што повеќе време минувате како би го промениле партнерот, толку помалку време ви останува да се усовршите себеси.
12. Зборувајте еден со друг, не еден на друг.
13. Не е важно околу што се карате, расправиите се лоши за вашиот однос.
14. Правете многу нешта заедно.
15. Но, правете и многу нешта одвоено.
16. Не бројте. Не одете наоколу броејќи кој што почесто прави.
17. Секогаш насмевнете му/и се, дури и кога сте лошо расположени. Оваа мала инвестиција носи многу!
18. Почитувајте ја приватноста. Таа е основната човечка потреба.
19. Кариерата, личните цели и семејството се важни, но ништо не е поважно од вашиот брак.
20. Бидете најголем навивач на вашиот партнер, без оглед на тоа со што се занимава.
21. Ако нешто сте простиле, немојте повторно да го спомнувате.
22. Вашиот сопруг\а не треба да знае дека сте забележале некој позгоден од неа/него.
23. Бидете спонтани. Насмевнете се, гушкајте, бакнувајте.
24. Ниту една личност не може да ви пружи сè што посакувате. Имајте го тоа на ум!
25. Не се навредувајте, само затоа што некој ја заборавил годишнината.
26. Прашувајте што можете да направите за него/неа.
27. Ако сакате нешто, кажете го тоа. Никој не знае да чита мисли.
28. Ако децата ви се центарот на светот, ќе се појави црна дупка кога тие ќе си отидат.
29. Препознајте си ги слабостите, но насочете се кон силните страни.
30. Ако секогаш морате да победите во кавгата, дефинитивно ќе ја изгубите врската.
31. Разговарајте за бракот, но тоа нека не преминува во оговарање.
32. Не мора секое ситно несогласување да ја доведува вашата врска до работ.
33. Во ред е да не се согласувате и да се расправате, сè додека потоа разговарате.
34. Не е во ред да имате агресивни испади, ниту на само, ниту пред другите.
35. Не се расправајте пред другите, освен ако не се работи за адвокат или брачен советник.
36. Вашата сопруга е ваша сопруга, не ваша мајка. Затоа, чистете зад себе!
37. Не е ваша работа да го усреќувате партнерот. Секој ја создава својата среќа сам.
38. Ценете ја љубовта која партнерот ви ја дава. Не очекувајте дека треба да ви ја подарува. Љубовта треба да ја заслужите.
39. Креирајте своја традиција за време на празниците.
40. Клучот до интимноста е делењето на желбите, стравовите и надежите.
41. Ако сакате да ја изненадите сопругата, завршете ги домашните обврски. Тие знаат да бидат голема пречка ако ги извршува само еден партнер.
42. Послушајте ги туѓите совети, но сами донесувајте ги одлуките.
43. Спонтаните изрази на љубов се секогаш подобри од планираните.
44. Да бидеш себичен и да сакаш е невозможно!
45. Ако забележите дека тој/таа полудува на една тема или на едно име, не го споменувајте!
46. Само заради тоа што знаете до каде е нечија граница, не значи дека имате право да ја преминувате.
47. Ако почесто сте будни во креветот со далечинскиот управувач отколку со партнерот, тогаш имате сериозни проблеми во бракот.
48. Парите се нешто околу што треба да разговарате, не да се расправате.
49. Кога веќе ги кажавте сите ваши ставови, уште еднаш додајте дека го/ја сакате. Никогаш не претете со крај на врската.
50. И еден одличен совет за крај: За да имате успешен брак секој пат кога сте виновни признајтеи секој пат кога знаете дека сте во право премолчете!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Re: Случајни муабети
« Reply #6446 on 04.09.2017, Monday, 21:07:19 »
Честито Гига, па здравје да се пофалиш за јуниори.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6447 on 04.09.2017, Monday, 21:36:10 »
Честитки и од мене Гига :)



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6448 on 05.09.2017, Tuesday, 00:55:37 »
„Сите мажи прават грешки, но оние во брак ги откриваат побрзо.“ – Ред Скелтон
...
„Ако сакате вашата сопруга да ве слуша, тогаш зборувајте со друга жена. Таа целата ќе се претвори во уши.“ – Зигмунд Фројд
...
„Држете ги очите широко отворени пред бракот и до половина подзатворени во него.“ – Бенџамин Френклин
...
„Грижете се за него. И правете да се чувствува важно. Ако правите така, ќе имате среќен и прекрасен брак. Исто како и секои 2 од 10 парови.“ – Нил Сајмон

Овие најдобри ми беа ;D ;D ;D.

А и советите се многу добри и... па, да бидам искрен, и двајцата, горе долу, си тераме така некако, како што пишано во советите ;).

Пак, благодарам многу на честитките ;). Кој не дочекал, нека си дочека ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6449 on 11.09.2017, Monday, 22:45:11 »
Честитки Гига..  ;) Јас се оженив пред 4 години .. и немав некоја промена во животот пошто и претходно живеев со невестата..
Ама кога ми се роди детето.. е тогаш се смени се  :)

@Toma
добра збирка на совети и цитати  :) :)
Life is too short to remove USB safely ..