12а*800А се неверојатни 9,6kw. Друга работа никогаш акумулаторот нема да ги даде тие 800А повеќе од 2 секунди. Поготово не акумулатор постар од 1 година. Нити па анласерот би ги издржал тие 10киловати. Друга работа тој акумулатор е за некое v10 ауто, или камион, што прво го немам, второ ако го имам сигурно нема да се зезам со него јас, него ќе го однесам на стручни лица. Голфот мој има фабрички акумулатор од 65ах и 600А старна струја, но без проблем зимно време пали со 12ах и300Амах. акумулатор, само таков акумулатор не би ти дал втора шанса да заврглаш и брзо би рикнал. Да, со стартер по споро ќе ги достигне номиналните рпм моторот, но може (теоретски) безконечно долго да верглаш, или практично имаш фора да го верглаш 10-тина пати. Ако е запали од 10-та, значи провлемот не е до акумулаторот...
Сепак ваков уред не ена одмет да се има дома за некои 1500-2000 ден, поготово со постаро возило. Ова го кажувам од искустово, затоа што многу пати ми се случило да ми ослаби акумулаторот преку ноќ од студ, па + 80А и тоа како би биле добредојдени.