Author Topic: Случајни муабети  (Read 1122579 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6270 on 21.04.2017, Friday, 01:46:33 »
Поентата ми беше малце теорија видеа и туторијали како што има за електроника. Сепак математиката е столб на електрониката, а и на мн други работи. Секако никој никого ме тера да решава збирки од фалкс, него насоки и кратки одговори. Ај да ве видам: колку изнесува плоштина на правоаголен триаголник со основа 11цм и восина спуштена кон него 6цм ?  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6271 on 21.04.2017, Friday, 10:12:18 »
Еееее, дај не зезај, ова во трето или четврто одделение го работевме. Ако за вакви работи ја отвораш темата, подобро не ја отворај.

Уствари... како сакаш... ако сакаш отвори ја... не гледам поента за вакви работи да се отвора тема, се ова може многу лесно да се најде online... односно по книги, ама ОК, како сакаш.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6272 on 21.04.2017, Friday, 10:40:50 »
Е ај де де ако е толку лесно пресметај :) ако мислиш 33 грешка си  ;)
Инаку не баш за такви, како што спомнав ваљда ќе е добро на куп да има книги туторијали и за по сложени задачи, збирки решенија итн, па ако заглави некој да си помогнеме нели кој колку што може. Моментално сум на 4г мрежа, да дојдам до кабел ќе уплоадирам неколку книгичиња и некое видео па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Тогаш и ќе ја отворам темата, да не стои празна.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6273 on 21.04.2017, Friday, 11:10:03 »
На пример може да се обработуваат задачи од Електротехника ( Кирхофови закони, Амперов, Био-Саваров, Методи за решавање сложени електрочни кола итн ). Бидејќи сето ова се работи и на факултет како предмет "Основи на Електротехника 1 и 2" ( ако ја има некој книгата нека ми пише ПП, на македонски да биди ). Само идеја е ова...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #6274 on 21.04.2017, Friday, 12:23:18 »
Може за 20 год ќе вредат како антиквитет :)

Потполно се согласувам.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6275 on 21.04.2017, Friday, 13:32:50 »
Ќе ја решам кога ќе ми го нацрташ она што треба да го пресметам ;D. Не знам што подразбираш под основа, хипотенуза?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6276 on 21.04.2017, Friday, 13:37:40 »
Yep, хипотенузата како основа 11цм и висина спуштена кон неа 6цм. Инаку ова прашање било на и тервју за работа во микрософт, бааѓи испопаѓале.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6277 on 21.04.2017, Friday, 13:44:09 »
Половина од (должината на хипотенузата помножена со висината на триаголникот), (11*6)/2=33cm2.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6278 on 21.04.2017, Friday, 13:48:42 »
@bicikle: Очигледно немаш купувано нови кондензатори (од продавници) кај нас ;D. Имам ставано секакви кондензатори, и нови и стари, и при изработка на уреди и при сервисирање, ретка била ситуацијата да ми вратиле назад уред со стари кондензатори (вадени од уреди). Од друга страна, со нови, од продавница... по максимум 2 години пак ми ги враќаат назад со истиот проблем (подуени електролити најчесто).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6279 on 21.04.2017, Friday, 14:34:39 »
Висината во правоаголен троаголник не може да биде поголема од половона на хипотенузата  8) секако,соодветната висина.
Зборот ми е мали ситници може да доведат до големи грешки. Затоа сметам дека е добро да размениме некои цаки и финти во решавањео задачи, забелешки, добра литература и слично.
Нели има и по млади членови на кои нема да им е на одмет некоја збирка плус од делот на математика и електроника.
Како што ветив деновиве ќе прикачам литература од наведените области.
Да не испадне сега јас сум паметен, и мене не ми текна на прва :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6280 on 21.04.2017, Friday, 14:41:17 »
Да, точно може да се наде во одредеми уреди неповторлив квалитет, али јас сум имал лошо искуство со стари кондензатори, па не би ставил пак. Не знам новите од кај ги набавуваш, но сум немал проблем до сега.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6281 on 22.04.2017, Saturday, 00:09:37 (Edited 22.04.2017, Saturday, 00:13:41) »
Висината во правоаголен троаголник не може да биде поголема од половона на хипотенузата  8) секако,соодветната висина.

Значи убаво си пишав, и пресметка има згора на тоа, ако тоа што го пишав некој не го свати ;D.

Ти како го сваќаш „половина од (бла бла бла бла)“? Јас го сваќам како половина од тоа што во заградата... кога е прашањето во математички контекст, во секој друг контекст, се разбира, можно е на друг начин да се свати.

А пресметката не ми е точна ;D? Ако не свати од реченицата, тогаш барем пиши ми дали пресметката ми е точна ;D. Ако хипотенузата ја ознчиме со c (це), а висината со h, плоштината на правоаголниот триаголник е:

P = (c * h) / 2

Ваљда сега е појасно ;D.

Зборот ми е мали ситници може да доведат до големи грешки. Затоа сметам дека е добро да размениме некои цаки и финти во решавањео задачи, забелешки, добра литература и слично.

Литература имате на форумов колку сакате. Да не наведувам колку академска и професионална литература јас лично ја имам скенирано и post-ирано на форумов ::).

Како што ветив деновиве ќе прикачам литература од наведените области.

Слободно, повеќе литература никогаш не е на одмет ;).

Да, точно може да се наде во одредеми уреди неповторлив квалитет, али јас сум имал лошо искуство со стари кондензатори, па не би ставил пак.

Изгледа не си ги мерел. Јас секогаш ги мерам пред да ги ставам и добив... па прилично добро искуство дали некој изваден кондензатор „го бива или не“. Ако добијам контрадикторни или нелогични вредности при мерењата (ESR и капацитивност), да, не го ставам... особено ако видам дека е некој brand name кондензатор. Brand name производителите не прават грешки и пред да ги стават на продажба или во некој уред, кондензаторите поминуваат низ серија проверки, така да, шанисте да им се мушнала таква грешка се мали.

Од друга страна, кај Кинескине кондензатори може да добиеш свашта ::) ;D... што не значи дека кондензаторот е неисправен. Да, во повеќето случаи е така, но не во секој. На пример, кондензаторот е деклариран на 1500uF/16V. Гледаш, малку е поголем од останатите Кинески кондензатори со таа капацитивност и си викаш, оооо, глеј ги Кинезиве, овие ќе да се од оние по асалнине. Жими таквото ::). Мериш ESR и добиваш некоја ниска вредност, ОК, очекувано за 1500uF. Мериш капацитивност и... гледаш 2500uF :o. Е сега, до толку да имале совест Кинезиве, не верувам ;D. Да имале совест до кај 1600, 1700uF, ај, ОК, можеби и ќе поверувам, ама за 2500uF... не ;D. Ова не ми се случило еднаш, повеќе пати и затоа почнав да размислувам во друга насока освен во таа „овој кондензатор не го бива“. Освен тоа, стави го во SMPS, ни грее ни ништо... најнормално си работи ???. Ако нешто не беше во ред со кондензаторот или ќе пукнеше или ќе грееше, трето нема ;D.

Што е всушност финтата ;). Споредувајќи ја големината со 3300uF/16V кондензатор, сватив дека се исти по големина. Тие 1500uF/16V се оние кондензатори кои не успеале да станат 3300uF ;D... значи тоа се оние „Пиокиа“ од кои никогаш не биднало деца, па затоа ги направиле кутриња ;D. Најверојатно поради промашување во процесот на мотање на кондензаторот, направени се помал број на слоеви и затоа капацитивноста е помала. Е сега, на група такви мерени кондензатори, Кинезиве забележале дека најмалата капацитивност на тоа промашување е до 1500uF. Па ово не смее да се баци, дајте браќа Кинези, па ово је прва лига 1500uF кондензатор ;D. И да, тука не грешат ;D. За денешно време, тоа е прва лига кондензатор од 1500uF ;D.

Поентата ми е, треба да им влезеш малку во менталитетот за да сватиш како функционираат ;). Дружи се малку со Егејци и Власи ;D (ако имаш пријател влав егеец, од Егејска Македонија, уште подобро ;D) и ќе ти стане јасно која логика ја тераат ;). Ништо не смее да се фрли, се може да се реискористи, ребрендира и рецилкира... и на крај да се продаде како нешто трето ;).

Не знам новите од кај ги набавуваш, но сум немал проблем до сега.

Ги набавувам од истите места од кои сите ги набавуваме, Гац, BT, Loging... сите се исто Кинеско ср*ње. Од кај сакаш земи ги, само може да се разликуваат „производителите“ (истите се, ама ги менуваат налепниците ::)).

За евтиниве Кинески кондензатори, имам сватено една работа. Ако не ги ладиш (ако не се во SMPS со кулер), што сакаш стави, по максимум 2 години се дујат. Ма имам пробано и со наддимензионирање, џабе, пак на крајот ќе ставам некој Nichicon 20 години стар и тера уште 20 години ;D... абе сакаш да се расипа мониторот, се молиш, да имаш изговор да си купиш нов, некој 24" со HDMI, џабе бе брат, не цркува ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6282 on 22.04.2017, Saturday, 09:59:21 »
Пресметката ти е на место, нели спомнав правоаголен триаголнк, е сега ако се навратиме на теоријата за правоаголен траголник ќе забележиме дека висината спуштена кон хипотенузата (како основа) не може да надминува 1/2 од хипотенузата(це) односно во конкретниот случај не треба да биде подолга од 5,5цм, во спротивно триаголникот не го исполнува условот да е правоаголен. Ова е трик прашање, поентата е да се воочи грешката, а не да се провери дали некој знае да ја пресмета плоштината. Како што спомнав било дадено на интервју од страна на микрософт со цел да се види колку идните работници ќе ја воочат нелогичноста.
За кондензаторите
Како што споменав, не знам која марка се конкретно мониторите што ги имаш, али во последно све е "made in china. Последно користев кондензатори од алпина засилувач, испукаа како каписли, па од тогаш накако не ми е верно да ставам стари кондензатори. Точно дека може да се најде добар кондензатор, али секако немам моментално залихи на стари уреди па пре би зел нов кондензатор него стар уред.
Секогаш сум гледал кутијата да ја одржам на некока нормална температура, па сум немал проблем со нови кондензатори, да претежно сум вградувал вентилаторче да луфтира.
Инаку, жената ми има егејска жичка, така да уходан сум во егекските работи  :D
Другар од детството (сеуште дружиме) е влав, врска нема со муабетите за власите, не се сеќавам ни уред кој му се расипал да однесе на поправка, него одма го фрла и си зема нов :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #6283 on 22.04.2017, Saturday, 13:19:48 (Edited 03.05.2017, Wednesday, 17:24:45) »
Во шала го кажа тоа Гига ама се разбравте на место ви е се околу кондензаторите а знам тој е муабетот за власите мада и наши некој пат има бетер 8) ;D ;D ;D ;D ме изнасмеавте еј  ;D ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #6284 on 22.04.2017, Saturday, 15:26:27 »
Во шала го велиш тоа (нели) nsu, само не сум сигурен дека толку добро „поткован„ колега како тебе во областа на многу полиња од науката, а не го знае македонскиот правопис со сите негови нишани како што се интерпункциските знаци !
Code: [Select]
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BD:%D0%98%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BF%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8
Code: [Select]
https://izvorcemk.files.wordpress.com/2014/09/d182d0bed187d0bad0b8-d0b8-d0b3d0bed0bbd0b5d0bcd0b8-d0b1d183d0bad0b2d0b8_o.doc
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!