Author Topic: Случајни муабети  (Read 1126509 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6165 on 03.01.2017, Tuesday, 21:51:38 »
*Голата* е веројатмо масата,а црвената и белата се лев и десен +  од секој канал.масата е заедничка за двата канала.Сепак земи инструмент и провери го кабелот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6166 on 03.01.2017, Tuesday, 23:24:18 »
Бела е left channel, црвена е right, а голата е маса (заедничка, GND).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Re: Случајни муабети
« Reply #6167 on 05.01.2017, Thursday, 21:32:03 »
Средено, благодарам  :)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #6168 on 08.01.2017, Sunday, 00:40:51 »
Знам дека има овде луѓе што свират на гитара, па решив да прашам.
Дали има начин да ја убијам резонанцијата на акустична гитара? Ја озвучив, но на околу 82Hz (Е2) претерано резонира, има многу фидбек и тешко де контролира. Верувам дека е тоа резонантната фреквенција на телото или воздухот во телото на гитарата. Дали некој го имал овој проблем со озвучена акустична гитара или нешто слично? дали со електроника може да се реши или да ставам нешто да ја покријам дупката, или евентуално сунгер го телото за да ги апсорбира вибрациите?
Благодарам однапред.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6169 on 08.01.2017, Sunday, 12:40:12 »
Не кажа како си ја озвучил гитарата ( магнетен пик-ап, пиеззо...??). Веројатно и појачувањето на влезниот степен е преголемо.Прво премести го и изолирај го од телото ( со гума најдобро) пик ап-от, експериментирај со неговата поставеност.Дај  да видиме и со која шема и каква електроника користиш.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #6170 on 08.01.2017, Sunday, 18:37:53 »
Налетав на нешто убаво, навистина хумано и човечно! Се работи за акција за правење на привремени кукички за уличните мачиња и кучиња кои нема каде да одат и на -20 степени.

Поддржете ја акцијата и помогнете доколку сте во можност, ако не барем споделете го настанот.

Code: [Select]
https://www.facebook.com/events/1058707624240643/
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #6171 on 09.01.2017, Monday, 01:26:11 »
Батка, да ти одговорам:
Магнетен пик-ап имам наместено, засилувам со најобичен засилувач, Fender Frontman 10G, ми го позајми другар додека не направам нешто посолидно. Како и да е, на таа фреквенција доколку не ги мутирам жиците, телото и најдебелата жица вибрираат неконтролирано, им се погаѓа резонантната фреквенција. Подобро да не ја озвучував изгледа, затоа што ако зголемам јачина на појачалото на било какво ниво над типично колку што звучи акустична гитара, се јавува овој проблем.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6172 on 09.01.2017, Monday, 15:07:17 »
Можеби пик-апот не е добро наместен,односно жиците се преблизу до пик-апот. Стави потенциометар и два  блок кондензатори  од 47 мФ пред и после потенциометарот,намали го гејнот (осетливоста), на појачувачот и ако можеш со гума изолирај го пик-апот од телото на гитарата !

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #6173 on 09.01.2017, Monday, 20:35:14 »
Е батка, да го намалам гејнот добро, ама не е поентата да го намалам гејнот.  ;D Сакам да има гејн, и ако може како електрична да ја свирам ако може да го спречам телото да резонира некако.  Ако не, здравје, вежбање само на слушалки. Гитарата создава фидбек преку жиците, т.е. резонира телото, со него и најдебелата жица бидеќи и се погаѓа фреквенцијата, тоа го "слуша" пик-апот, преку засилувачот се засилува и звучните бранови се на точна фреквенција за да го охрабрат осцилирањето на телото, што доведува до посилно осцилирање. Не гледам како лабав пик-ап би била причината за ова, иако е поприлично цврсто стегнат. Ќе пробам со гума да го прицврстам за гитарата, иако незнам како би работело тоа, мислам дека вреди да се проба.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6174 on 09.01.2017, Monday, 22:11:11 »
Ако телото и само 6- тата жица резонираат ( не сум чул за ваквов случај досега верувај  8) ) тоа ке се осети и без пик ап, односно и кога акустично свириш,без електроника и засилувач. Можеби е проблем и во самата гитара или до жиците.Мораш и на тоа да рачунаш. Друго, не рачунај дека акустичната и електричната гитара се едно те исто. Има разлика , а затоа во последно време се употребуваат пиезо пик-апи. Не споменав *лабав* пик-ап, туку пик-ап што не е добро подесен во висина на жиците на гитарата или е неравномерно поставен кон сите жици.Како и обично ,мораме ребуси да решаваме и  може да се нагаѓа на кој начин е прицврстен пик-апот и каде точно.Има многу прашања,ама ако можеш стави некоја слика,мислам дека ке имаме подобра прегледност.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #6175 on 11.01.2017, Wednesday, 12:19:06 »
О киловолт па ти се дрнкал на гитара браво ако успеам да наговорам еден постар човек да стане член на форумов супер ќе биде баш со ова се има бавено со пик апови со гитарски појачала педали чуда хармонајзери има искуство сепак слушај го батка исто еден е и он легенда што се бавел со се и сешто во електрониката. Јас ќе си ќутам пошто врска немам од гитари резонанца на жици само еднаш сум поправал едно гитарско појачало и сум читнал малце а од свирење сум далеку затоа ќе си ќутам и ќе пробам да наговорам една легенда да ни се придружи ако сака нормално  ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #6176 on 11.01.2017, Wednesday, 20:45:53 »
Здраво дечки, да прашам некој да не има да понуди некој матријали за дигитална релејна заштита на електрична мрежа? :)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6177 on 11.01.2017, Wednesday, 21:36:24 »
Нели акустична гитара се озвучуваше со микрофон?

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #6178 on 11.01.2017, Wednesday, 23:35:14 »
Ако телото и само 6- тата жица резонираат ( не сум чул за ваквов случај досега верувај  8) ) тоа ке се осети и без пик ап, односно и кога акустично свириш,без електроника и засилувач. Можеби е проблем и во самата гитара или до жиците.
Не дека другите не вибрираат воопшто, но незначително во споредба со 6-тата. И се погаѓа резонантната фреквенција. Иако пикапот сега ми е во дефект  (Благодарност до кинезите, добар звук, но жичка потенка од влакно без никаква фиксација, чудо е што и олку издржа...), ќе пробам со истата фреквенција да ја побудам да ја видите со видео вибрацијата.
Инаку батка, малку се осеќа кога се свири на 6-тата жица дека е погласно, но не е толку значително...
Еве како изгледа со привремено намонтираниот потенциометар:

Не се смејте сум имал и далеку полоши проекти...  ;D

Нели акустична гитара се озвучуваше со микрофон?

Сите нормални луѓе озвучуваат акустична гитара за да се долови нејзиниот уникатен звук со микрофон или пиезо, само јас правам некои хибриди акустична-електрична и сакам да ја свирам како две различни гитари зависи расположение и околности. ;D За малку ќе успееше да можев барем малце да ја попуштам без да почне да бучи неконтролирано кога свирам обичен Е-мол акорд. :-\
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6179 on 12.01.2017, Thursday, 01:31:41 (Edited 12.01.2017, Thursday, 01:33:21) »
Цитирам :*Инаку батка, малку се осеќа кога се свири на 6-тата жица дека е погласно, но не е толку значително...*.Ако  без пик-ап  се осеќа вибрацијата ,тогаш со појачување стопати се појачува и вибрацијата. Тоа е до гитарата или жиците. Пик апот  не ти е добро поставен : постави го под прав агол према жиците.  И гледај да е спрема сите жици еднаква висина постигната.Овој пик ап нема регулација на висината спрема секоја жица посебно ( со штрафцигер) ,а и можеби штимот е низок па жицата ѕвони. Не се работи за интерференција, ами проблемот е што пик апот е преосетлив. И овој не ми изгледа за пик ап за акустична гитара.
Одамна акустичните гитари не се озвучуваат вака,ами со пиезо пик апи и тоа се поставуваат во близина на кобилицата,а не на резонантниот отвор. Гитарава не ми стои некоја * марка*, па пробај најди, мислам дека еднаш или два пати ставав електроника за пиезо за акустична гитара.Проверени работи.

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11914.0