Ако телото и само 6- тата жица резонираат ( не сум чул за ваквов случај досега верувај ) тоа ке се осети и без пик ап, односно и кога акустично свириш,без електроника и засилувач. Можеби е проблем и во самата гитара или до жиците.
Не дека другите не вибрираат воопшто, но незначително во споредба со 6-тата. И се погаѓа резонантната фреквенција. Иако пикапот сега ми е во дефект (Благодарност до кинезите, добар звук, но жичка потенка од влакно без никаква фиксација, чудо е што и олку издржа...), ќе пробам со истата фреквенција да ја побудам да ја видите со видео вибрацијата.
Инаку батка, малку се осеќа кога се свири на 6-тата жица дека е погласно, но не е толку значително...
Еве како изгледа со привремено намонтираниот потенциометар:
Не се смејте сум имал и далеку полоши проекти...
Нели акустична гитара се озвучуваше со микрофон?
Сите нормални луѓе озвучуваат акустична гитара за да се долови нејзиниот уникатен звук со микрофон или пиезо, само јас правам некои хибриди акустична-електрична и сакам да ја свирам како две различни гитари зависи расположение и околности.
За малку ќе успееше да можев барем малце да ја попуштам без да почне да бучи неконтролирано кога свирам обичен Е-мол акорд.