Интересна дискусија се водело за Емитер, ама штета бев на одмор баш тие денови не можев да се вклучам. Инаку еве сега, би сакал да кажам дека од 1995 па се до некаде 2008 штом ќе започнеше месецот секојдневно проверував во трафика дали е стигнат нов Емитер...
и последни пари да ми беа ги давав
Скоро се што правев од електроника, ми беше поврзано со емитер... Знаење, шеми, практично искуство... Емитер беше светилник на електрониката кога немаше интернет, барем за оние како мене што во тоа време биле ученици/студенти и неможеле да си дозволат други списанија/книги.
Криво ми е што го расипаа списанието, не толку со „крадени написи“, многу и не ми било битно дали се крадени или не, него со тоа што почнаа да ги повторуваат шемите (им укажав своевремено за тоа во едно мое писмо до нив) и немаше ништо од современа електроника - во новите броеви, во секој број или имаше трепкач, или трчечко светло со CD4xxx комбинирано со индикатор на течност, и обавезно засичувач.
Додека во други списанија можеше да се најдат шеми за пр. автомобилска дијагностика, како и примена, програмирање на разни роботи со Ардуино, распбери пи и сл., Емитер објавуваше шеми за зујалици.
Заради тоа престанав да го купувам.
Можеби една од причините што престана да излегува е општата состојба со списанијата во светот, ама како што рече некој од колегите овде, можеа многи порано да прејдат на веб, да најдат спонзори - сега дигиталниот маркетинг е водечки.. Можеа да направат форум уште пред овој па можеби сега таму ќе ги водевме дискусиите..
Се на се, мислам дека беа понесени од успехот кој го имаа во минатото, и не слушаа никакви сугестии од страна. Јас имам пратено можда десетина писма со мои укажувања што ми се допаѓа што не, нивните одговори на крај се сведуваа на „ако ти чини купувај ако не немораш“...
Тоа е она што сакав да го кажам а се однесува на Емитер.