Author Topic: Случајни муабети  (Read 1123586 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6015 on 23.07.2016, Saturday, 15:16:00 »
Муро,токму *целната група* на Емитер потфрли! Не може инженер да нема што да бара во Емитер,тоа е погрешен став. Требаше токму инженерите да ги натераат да соработуваат.Колега ми велеше: Се јавив да дадам еден проект ,ама кога ми кажаа како требало во кои програми да пишувам ,цртам шеми,плочки да правам.... абе,немам време јас два- три дена да се бафтам со тоа... немаат ли служба таа да си припрема текстови..?* Друго,за  стручњаците  - се расправавме за тоа и на форумов – да сме развиеле заедно шема!? Знам декa никој трезвен не би се  нафатил шеми да развива и да дизајнира уред.Тоа е апсурд да се бара од некого! Ама не треба да се крадат и постираат туѓи проекти под свое име! Како кажа Гига- интернетот ја *скина* работата на многу весници ,па така и на Емитер,тоа е вистина,ама можеа да се префрлат  како електронско издание и да најдат начин како да функционираат *онлајн*. Но,тоа е друга приказна.За стручњаците - ги познавам многу,ама ретко кој има вака време да се допишува. ;D Тоа е за друга тема. 8)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6016 on 23.07.2016, Saturday, 17:42:23 (Edited 23.07.2016, Saturday, 17:50:30) »
Лошо е што нема ниту едно списание на македонски и сега после овој форум ( и уште неколку слични,мислам!??) нема ништо друго.

Ако мислиш на форуми за IT содржини, да, има, ама баш за електроника, колку што знам, нема.

Сите сме како заспани и занесени со политиката,со трка по други работи и немаме време.

Реално мислам дека ова е најголем проблем, трката по пари и опстанок. Не е до тоа дека нема квалитетен кадар во Македонија, знам и такви луѓе и им имам предложено да пишат на форумов за нешто од она што го имаат направено, ама муабетот на крајот секогаш се сведува на „абе кој ќе пишува, кој има време за тоа“. И... искрено ги разбирам. По напорен ден со работа од 8 до 8, 9, 10, зависи (овие луѓе најчесто се зафатени со најразлични работи и проекти, итн.), брате, сакаат дома да си дојдат, да јадат, ако имаат време нешто со домашните да поминат и толку. Викенди, се знае, сабота работно, а недела, мозок на паша и нешто работа по дома.

Мислам дека една од главните причини поради кои и Емитер се сведе на она што се сведе е токму таа.

Види Гига, најлесно е да критикуваш некоја работа што ја направил некој, а најтешко е да седнеш и сработиш некоја работа сам. Јас кажав некои од работите што ги сработиле луѓето од Емитер и ти ги даде своите критики (добри или лоши не е битно сега). Ти секако неможеш да бидеш критикуван затоа што ништо не си сработил и презентирал. Кога човек не работи неможе ниту да згреши.

Е, и сам знаеш дека не е така. Да фатам да post-ирам линкови од теми кои лично ги имам отворено. Можеби не биле сите околу проекти, но сметам дека со голем дел од нив имам помогнато на некои членови... а и на посетители кои не се членови.

Освен ако мислеше на тоа дека не сум пишувал за Емитер, тогаш да, во право си, немам напишано ниеден напис за Емитер.

Но, без разлика, како читател на Емитер (без разлика што не го купував последните 9 или 10 години од неговото постоење, определен период редовно сум го читал) сметам дека имам право на критика. И мене ме критикувале на форумов, па не сум се лутел за тоа. Ако е членот во право, нема што да се лутам. Евентуално може да образложам (ако има образложение) зошто нешто е така како што е.

Друго, Емитер има своја целна група читатлели. Ти како инженер нема што да бараш од Емитер.

Не знам зошто вакво сваќање би имал. И јас сакам да прочитам нешто ново што претходно го немам прочитано. Сметам дека иако списанието е пред се наменето за хобисти, треба да има и содржини кои се наменети за инженери и евентуално луѓе кои, можеби и не се инженери, но се разбираат во електрониката повеќе од... ајде еве, така да се изразам „просечен хобист“.

И се разбира дека не очекувам да биде билтен на Ломоносов ;D. Но сепак, сметам дека треба да држи определено ниво на квалитет.

Ќе го корелирам случајот со определени online заедници кои, од вакви или слични причини, престанале да постојат како такви (мислам на престанувањето на работата на Емитер). Квалитетот на содржините опаднал, остатокот од членовите само го користат она што ќе го начекаат за комерцијални или некои други цели, без притоа да придонесат за развојот на форумот. Со овој проблем се соочуваат многу online заедници, вклучувајќи го и овој форум. Понекогаш основачите знаат да свртат глава или воопшто да не сакаат да им се спомне заедницата која ја основале бидејќи... очигледно се срамат од состојбата во која се наоѓа истата. Од тие причини, голем дел од овие заедници се веќе дел од историјата и ништо повеќе од тоа.

Кратко кажано, кога квалитетот ќе опадне под некое ниво, веќе не гледаат поента да се врти работата во круг и да се надеваат на „подобри денови“ кога очигледно работата не оди на арно. А за квалитетот на содржините свесни се и членовите (или читателите, во случајот на Емитер) кои спаѓаат и во групата на, како што претходно ги нареков (без навреда ;)) „просечните хобисти“. Само што поупатените во проблематиката која ја разаботува списанието или форумот, го согледуваат проблемот порано од нив, тоа е разликата.

Не почнува и не се завршува се со тебе или мене, доаѓаат нови генерации кои незнаат што е транзистор, диода, отпроник и така натаму.

Апсолутно не ми е досадно да ги читам тие текстови бидејќи, колку и да сум навлезен во определена проблематика, секогаш сум наоѓал по нешто ново (нешто што можеби сум го заборавил, а понекогаш не сум го ни знаел) во тие текстови и од тие причини и сум ги читал и по неколку пати (еднаш на неколку години). Конкретно, серијалот „Почетен курс по практична електроника“ е еден од серијалите кои најмногу ги почитувам. Тој курс е одлична основа за било кој кој сака да навлезе во светот на електрониката преку практични примери и без премногу навлегување во теорија. Кратко кажано, за хобисти, тој серијал е одличен... но, сметам дека има и многу инженери кои голем дел од тие работи не ги знаат (или ги имаат заборавено или воопшто не ги ни знаеле многу голем дел од тие работи... знам и такви многу). Затоа сметам дека, од време на време, дури и инженер, не е лошо да ги препрочита таквите текстови ;).

А за новите генерации, апсолутно сметам дека серијалите од тој вид се одлична почетна точка за навлегување во електрониката ;).

Само ми е жал што сите тие серијали се „кријат“ зад авторските права на списанието и не се достапни online. Тоа мислам дека беше една од кардиналните грешки кои беа причина за престанувањето на работата на Емитер. Сметам дека Емитер не се снајде баш најдобро во овој домен... напливот на бесплатно достапни содржини online. Ако некој серијал се покажал како „полн погодок“, зошто да го криеш или да го реиздаваш по втор или трет пат со по нешто додадено, одземено, итн. Направи го да биде достапен online. Притоа, во новиот број, пиши една кратка статија „редакцијата смета дека овој серијал е од суштинско значење за оние кои навлегуваат во електрониката, затоа сметавме дека треба бесплатно да биде достапен за симување и со излегувањето на новиот број, веќе е достапен за бесплатно сумнување online на нашиот сајт“. Никој ништо не губи. Конкретно зборувам за серијалот „Почетен курс по практична електроника“. И онака од тие броеви веќе немаше непродадени примероци, редакцијата можеше да понуди само фотокопии. Е, ама да, и од тие фотокопии редакцијата ќаруваше по некој денар ::). Тоа беше голема грешка... барем според мене. Верувам дека голем дел од авторите на тие серијали би се сложиле да бидат достапни тие текстови online. Сметам дека така списанието ќе добиеше една „online репутација“ која не се купува со ниедна пара.

Но, што е, тука е, ова е само мое мислење, не значи дека работите ќе беа поразлични ако се постапеше на овој начин, можеби исходот на крај ќе беше ист... но, мислам дека на заминувањето на Емитер ќе се гледаше на... по позитивен начин... барем од моја страна, бидејќи искрен да бидам, мене воопшто не ме погоди тоа што Емитер престана со работа... а една од галвните причини беше „рипањето“ на редакцијата на секој нивни напис или проект кој јавно ќе се споделеше на форумот. Да, знаеме, луѓе работеле на тоа, хонорари биле дадени, пари за печатење на списанието, итн. ... и што? Пари како пари, доаѓаат и си одат, сите го знаеме тоа. Кога веќе нешто било напишано, издадено, продадено и спаѓа во еден од подобрите написи, серијали или проекти што ги има направено списанието, зошто да не го споделам online бесплатно по некое време? Арно ама, очигледно редакцијата на Емитер не гледаше така на работите.

Јас познавам неколку од соработниците на Емитер, твои врсници, кои сега не пишуваат текстови затоа што немаат време, а немаат време затоа што работат за многу големи пари и се врвни стручњаци во своите области. Во такви услови остануваат луѓе кои преработуваат проекти од разни списанија интернет, и тоа го презентират во списанието.

Е, за овој проблем зборував претходно... но, како што пишав, не се јавува само кај списанијата, го има и online... и, како што пишав, не само на овој форум, го има и на многу други форуми.

Пофали се и ти со некое меѓународно признание или посериозен проект кој си го сработил па давај оценки за тоа колку е некој стручњак или не.

Веќе имам една меѓународно признаена диплома и, сега за сега барем, не сметам дека ми се потребни други признанија... а не верувам дека ќе ми требаат ни во иднина. Сам си знам колку знам, што знам и колку не знам и не сметам дека треба некој друг да ми го оцени тоа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6017 on 23.07.2016, Saturday, 18:04:00 »
Прво, да се разбереме. Не ми е целта да го бранам списанието. Ако не чини не чини. Јас само реагирам на арогантните коментари на членови на форумот со повеќе дебели ленти на ракавите. Ако сакаш текст во техничко списание треба работата да ја дотераш до крај. Значи, треба да нацрташ шеми (електрична и монтажна) на PC се разбира; Треба да напишеш текст; Да го изработиш уредот; Уредот да функционире; Да направиш соодветни фотографии, и да направиш соодветни мерења. Кој ќе го сработи тоа место тебе? Поготово што проект за списание не е командна табла на миг 29 туку се некои едноставни проекти. Да..... постојат исклучоци и интерсни прокти за кои ЕМИТЕР прави припрема, ама тоа сигурно не било случај со пријателот на Батка. Но, постојат млади луѓе со голем капацитет и желба за докажување, кои имаат свои идеи и тие идеи ги претворуваат во проекти. Ним не им тешко да фатат и да ја изработат целата таа припрема што се бара од нив. Само нивниот проект да излезе од нивните глави, компјутери работилници и тоа да го види некој. Тоа е чекор понатаму во нивата професионална кариера. А имало такви. Повеќето од нив работат на места каде повеќето од нас неможеме да влеземе ни бурек да им купуваме. Во последно време очигледно е дека нема прилив на соработници од таков калибар па се презентираат текстови од списанија и интернет. На интернет има се, ама не работи баш се. За да напишеш текст треба уредот да го изработиш и провериш. Во Емитер имало мал милион проекти од интернет кои едноставно не работеле. Значи и за тоа треба да имаш петља да го дотераш до крај. И последно. Што е тоа крадење на проект? Па во секој даташит имаш дел за апликации каде што се дадени конкретни проекти. Крадење е ако изработиш пример флип-флоп или Шмит тригер да речеш еве ова јас го измислив. Значи, фундаментално коло. Тоа е крадење. Не крадење ако направиш засилувач со пр TDA2030. Шемата ја имаш во самиот даташит.  Значи: јас прв го направив, а ти виде од мене и ете ... ти си ми го украл проектот. Ама ајде те молам. Кили има една убава изрека за вакви работи. Се разбира нема да ја цитирам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6018 on 23.07.2016, Saturday, 18:38:58 (Edited 23.07.2016, Saturday, 18:40:45) »
Но, постојат млади луѓе со голем капацитет и желба за докажување, кои имаат свои идеи и тие идеи ги претворуваат во проекти. Ним не им тешко да фатат и да ја изработат целата таа припрема што се бара од нив. Само нивниот проект да излезе од нивните глави, компјутери работилници и тоа да го види некој. Тоа е чекор понатаму во нивата професионална кариера.

Тоа може многу полесно да го направат online отколку во списание. Една од главните причини поради кои одлучувам да пишувам online или да презентирам нешто online место во списание е токму леснотијата со која тоа се прави. А списание... дур го припремам како што треба, како што ми бараат од списанието, во овој програм, во оној програм (можеби јас работам и сум се навикнал на некои сосема трети, ама ете, морало во оној кој редакцијата решила да работи ::))... вака online го ставам, дали на блог, дали на форум, дали мој сајт... не е ни важно, и ми излегло од глава како идеја, плус, секој кој има интернет пристап може да го види и да го најде, така да, барем според мене лично, ова е многу полесен начин да ја направам определена работа достапна за пошироката јавност. А да не го спомнувам и фактот дека, ако сум издал нешто во списание, мора да го купат списанието за да ми го прочитаат написот или проектот... па авторски права, тинтири минтири... лично мене, тоа ме одвлекува од издавање во списание. Или ќе биде достапно за сите (сите кои имаат интернет пристап) или за никој, за мене барем, трето нема.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6019 on 23.07.2016, Saturday, 19:43:30 »
 Не ме разбираш очигледно. Не се работи за тесктови од пеесетина реда полни со смешковци, се работи за проекти дотерани до крај. Микроконтролер, плочка, софтвер, готов проект, твој, нр составен по шема. Ако се тоа го направиш, припремата на текстот е обичен брекфаст. Кај тебе не сум видел такво нешто. Ме разбираш?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6020 on 23.07.2016, Saturday, 20:24:21 »
Немам ставено на форумов... што не значи дека некаде online немам ставено, така?

А инаку, смајлиња ставам само за да истакнам определена емоција или ако нешто потешко може да се свати само со текст... а и да не е така, навика ми се, уште од основно ги користам (последица на IRC генерација, што да кажам ;D).

А дури и јас да немам ставено ништо online, проекти како што ги опиша не се реткост online. Има многу такви проекти, од мерни инструменти до стабилизрани извори за напојување, тестери, итн. Дури и да не е наведен авторот на проектот од местото од каде го имаш превеземно проектот, некој мора да е автор на проектот, така ;)?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6021 on 23.07.2016, Saturday, 20:28:45 »
Ок. Супер. Па ај дај некој линк. Баш би сакал да видам некоја твоја креација. А верувам и другите :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6022 on 23.07.2016, Saturday, 20:41:52 »
Можеби намерно не сакам да ставам... можеби сакам анонимен да бидам... можеби некои од тие работи што ги имам ставено, во определени држави се сметаат за нелегални (или спаѓаат во некоја сива, делумно легална зона) и не сакам да се изложувам на непотребен ризик... а на форумов не можам анонимен да бидам, иако сум под псевдоним, секој може да види како се викам, само треба да ми провери contact info (mail-от ми е име.презиме). А за сите останати информации, се знае, лесно е да се дознае, само треба да пребараш малку online по име и презиме.

Но, како што наведов, дури и јас да немам такви проекти, има многу луѓе кои имаат ставено online такви проекти... а и многу полесно се дополнуваат и поправаат грешките во самите проекти... сите оние кои имале проблем на еден или друг начин, само треба да пишат, ако се е open source (авторот има се ставено на располагање), не мора авторот ни да е веќе активен online, секогаш се наоѓа по некој кој се разбира доволно за да знае да разбере авторот што има работено и да го корегира она што евентуално е грешка во код или дизајн на уредот и да пише „бујрум, еве ја корекцијата, грешката е во тоа и тоа, ова е корегирана верзија на кодот/дизајнот“, така ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #6023 on 23.07.2016, Saturday, 21:39:42 (Edited 23.07.2016, Saturday, 23:43:16) »
Колеги не ме сваќајте погрешно знам такви многу луѓе што имаат доста проекти изработено а им се анонимни а кодот се е нивно шемата. Еве на пример во мајскиот број на емитер 2015 натписот со микроконтролерот е идеја на мое другарче помало од мене дури сега заврши средно скроз модифицираше една шема така што сам си ја прошири си напиша код во C јазик пошто само тој го обожава се шалам знае многу ама старите јазици ги сака повеќе целосен свој проект објави со свој код изработен не доби ништо еден мој постар професор сега пензионер не се бавта со ова веќе викаше до пензија во дванаесет броја во Емитер 2010 ако не се лажам пишуваше објавуваше свои проекти трудови за аларми верувајте стручњак човек значи не зборам за некое дете дури сакаше да почне да објавува негови идеи како да се подобрат алармните системи и во банки и во се но кога виде дека никаков хонорар немаш тие проекти си ги тргна а пошто знаеше многу за ВФ техника големо знаење ни пренесе по скопските фирми за сервисирање на радио станици на такси компании по цели лета не праќаше на пракса само кога ќе се спомнеше неговото име сегде не примаа голем почит имаа кон него исто и фирмите за поставување на аларми и аудио сервисите и секако ТВ сервисите сите ги знаеше во градот да не спомнувам имиња сега на сервиси и фирми но сите ги знаеме и сме чуле неколку подобри се во градов постари луѓе ги држат. Дури и препорача некои деца со средно кој не продолжија понатаму негова школа и сега негови постари ученици работат во сервисине. Значи самиот велеше многу мали плати и хонорар тоа не утепува ти да не добиеш ништо скоро за 12 броја али зошто па добрите шеми да им ги дадеш и твоите идеи имаше американски стил вика оди во америка некој така своја идеја без да заработи нега ја сподели сите земаа од него презентации неговите колеги најдобри имаше. Кога ќе дојдеше инспекција на 64 години пред пензија го оценија за нај продуктивен. Значи не ме сваќајте погрешно дадов пример со човек има многу појаки од него познавам и мајстори и стручњаци инжинери и се никој не е будала некој негов мозган нов проект или код туку така да го даде online ова е мое мислење 8). Но оnline ќе се прослави но треба првин кај фирми да одиш за да заработиш нешто но нормално и со авторските права се заштитуваш 8). Значи не напаѓам никој и не судам не ме разбирајте погрешно но незнам како е во странските списанија со исплата на хонорарот а не некој да ти вика сега утре хонорар ќе добиеш по завршените проекти а тоа да се повеќе и оп после некое време колапс пропаѓа списанието и незнам што се случи не е битно ретки се луѓето како некој соработници на емитер и некој што ги знам што имаат меѓународни признанија тоа е голем успех но има и авангардни луѓе стара школа ги викам што можеби нема некое меѓународно признание али они се со огромно меѓународно знаење ;D ;D. Иначе одлична рубрика беше школата за почетници колку пати само сум ја читал и сега дури понекогаш 8) ;D. Штета што пропадна емитер го изгубија на крајот веќе квалитетот тоа е факт изгубија читатели со душа ги чекав летните дво броеви им каснеа 2014 2015 немаше ништо скоро во нив а се знае постарите дво броеви им беа одлични или она фалење на четири страни на некој си купечки звучници вршење маркетинг. Но државата не помогна никој пат ни на емитер а и онака преќутеле кога се растурила онаа старата Народна Техника од каде што старата школа вели се научила каде се собирале денес не е тоа тоа жално е за државата тоа 8)  8) Треба државата да оформи едно катче за науката каде ќе се негува и да даде мала финансиска инекција а не некои фирми да заглавуваат во долгови  да има едно катче каде сите ќе учат по нешто од наука за ич срамно е тоа што на пример имаш палми а немаш во некој технички школи добар исправен осцилоскоп и за се да видиш мора по фирми да одиш кај горди поединци. Не ме сваќајте погрешно со реченицава никаква политика не ширам него мое мислење давам. Podsetimo se samo još jednom Titovih reči: "Nova tehnika traži prije svega da svakji mladi čovjek majstorski poznaje i rukuje njom. Tehnika samo po sebi bez ljudi koji če njom rukovati koji če najbolje znati da je upotrjebe koji če u njenoj primjeni ispoljiti hrabrost visoko znanje i svest samo je mrtvi kapital nema nikakve vrednosti čoveku. Ona nemoze sama rešiti sudbinu čovečanstva. Sudbinu čovečanstva rešavaju ljudi sa njihovom visokom svesču moralom hrabrosču i majstorstvom u rukovanje tehnikom. Naši ljudi moraju znati rukovati tehniku koju imamo a naša drzava mora da bude na visokom tehničkom nivou. Mi se nemožemo natjecati sa velikim državama koje imaju ogromna sredstva ali moramo gledati da iskoristimo sve mogučnosti koje nam se pružaju i koje če nam se pružiti da pratimo sve brži i veči razvitak tehnike". Tako je govorio Tito tako treba i mi da shvatamo ovu savremеnu tehniku 8) ;D ;D За ова не болдираново се шалам али не сум во право ли добро сваќање на техниката според мене незнам ако не се сложува некој тоа е негово право ова е само мое мислење без никакво наметнување 8) ;D :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6024 on 23.07.2016, Saturday, 22:43:37 »
Можеби намерно не сакам да ставам... можеби сакам анонимен да бидам... можеби некои од тие работи што ги имам ставено, во определени држави се сметаат за нелегални (или спаѓаат во некоја сива, делумно легална зона) и не сакам да се изложувам на непотребен ризик... а на форумов не можам анонимен да бидам, иако сум под псевдоним, секој може да види како се викам, само треба да ми провери contact info (mail-от ми е име.презиме).

Аха, така. Ок немораш ништо да ставаш и да се изложуваш на непотребен ризик. Може некој твој проект, недај боже да биде искористен од разни регресивни сили. Еве јас ќе ти верувам на зборот дека си креативен и нестерилен инженер :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6025 on 24.07.2016, Sunday, 01:13:53 »
Искрено, не ми е важно во што веруваш :). Секој си знае за себе, така ;)? И не сум тука за да се докажувам со тебе или со некој друг, тука сум за размена на информации, знаење, дружба, итн. Кој го сака истото, бујрум ;).

Треба државата да оформи едно катче за науката каде ќе се негува и да даде мала финансиска инекција а не некои фирми да заглавуваат во долгови  да има едно катче каде сите ќе учат по нешто од наука за ич срамно е тоа што на пример имаш палми а немаш во некој технички школи добар исправен осцилоскоп и за се да видиш мора по фирми да одиш кај горди поединци.

Овој проблем го има државата од самото оформување. И Емитер патеше од истата болка и апсолутно се сложувам со тоа. Како може да има пари за Екран, а за списание кое, можеби не на академско ниво, но сепак, обработува техничка наука, да нема пари ::). Тоа е апсурд... но тоа е тоа, живееме каде што живееме, тука така одат работите.

За среќа, за одржување на форумов немаме потреба од финансиите на државата, а и финансиските средства за конинуирано опстојување се далеку од високи (ова е релативно, за некого и 500 денари се многу), така да, се надевам дека ќе постои се додека има кој да пишува и да придонесува.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6026 on 24.07.2016, Sunday, 15:06:51 »
Знае ли некој каде е сместен модулот/плочката од индикаторот за заборавени светла кај опел корса од постарите ('95 год)...?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #6027 on 25.07.2016, Monday, 10:05:54 »
Ако не ти се вклучуваат оние внатрешните светла кога ќе ја отвориш вратата има едно нормално затворено копче на вратата, истото тоа копче/прекинувач го контролира и делот за аларм од заборавени светла.

Ако ти помага ова, ако не што точно проблем имаш
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6028 on 25.07.2016, Monday, 10:23:25 (Edited 25.07.2016, Monday, 14:30:02) »
Може да е тоа, пошто овој индикаторот некогаш работеше, некогаш не, после скроз престана, не се сеќавам дали се палеше внатрешното светло, не е колата кај мене, ама ќе го проверам овој прекинувачот...
Да не знаеш случајно кај е сместена електрониката што го контролира се ова, ако излезе дека не е до прекинувачот...?

Споено мислење: [time]25 Јули 2016, 13:29:08[/time]
Во право беше Devil, до прекинувачот било, има два контакти, еден за светлото во кабина (кој што работеше), другиот за заборавени светла (кој што не работеше), ги исчистив од корозија и сега пишти ко лудо... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #6029 on 26.07.2016, Tuesday, 09:56:36 »
Хахаха многу чест дефект на тие коли е тоа, а некако многу лесно фаќаат р'ѓа.

Супер чим се средило
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!