Лошо е што нема ниту едно списание на македонски и сега после овој форум ( и уште неколку слични,мислам!??) нема ништо друго.
Ако мислиш на форуми за IT содржини, да, има, ама баш за електроника, колку што знам, нема.
Сите сме како заспани и занесени со политиката,со трка по други работи и немаме време.
Реално мислам дека ова е најголем проблем, трката по пари и опстанок. Не е до тоа дека нема квалитетен кадар во Македонија, знам и такви луѓе и им имам предложено да пишат на форумов за нешто од она што го имаат направено, ама муабетот на крајот секогаш се сведува на „абе кој ќе пишува, кој има време за тоа“. И... искрено ги разбирам. По напорен ден со работа од 8 до 8, 9, 10, зависи (овие луѓе најчесто се зафатени со најразлични работи и проекти, итн.), брате, сакаат дома да си дојдат, да јадат, ако имаат време нешто со домашните да поминат и толку. Викенди, се знае, сабота работно, а недела, мозок на паша и нешто работа по дома.
Мислам дека една од главните причини поради кои и Емитер се сведе на она што се сведе е токму таа.
Види Гига, најлесно е да критикуваш некоја работа што ја направил некој, а најтешко е да седнеш и сработиш некоја работа сам. Јас кажав некои од работите што ги сработиле луѓето од Емитер и ти ги даде своите критики (добри или лоши не е битно сега). Ти секако неможеш да бидеш критикуван затоа што ништо не си сработил и презентирал. Кога човек не работи неможе ниту да згреши.
Е, и сам знаеш дека не е така. Да фатам да post-ирам линкови од теми кои лично ги имам отворено. Можеби не биле сите околу проекти, но сметам дека со голем дел од нив имам помогнато на некои членови... а и на посетители кои не се членови.
Освен ако мислеше на тоа дека не сум пишувал за Емитер, тогаш да, во право си, немам напишано ниеден напис за Емитер.
Но, без разлика, како читател на Емитер (без разлика што не го купував последните 9 или 10 години од неговото постоење, определен период редовно сум го читал) сметам дека имам право на критика. И мене ме критикувале на форумов, па не сум се лутел за тоа. Ако е членот во право, нема што да се лутам. Евентуално може да образложам (ако има образложение) зошто нешто е така како што е.
Друго, Емитер има своја целна група читатлели. Ти како инженер нема што да бараш од Емитер.
Не знам зошто вакво сваќање би имал. И јас сакам да прочитам нешто ново што претходно го немам прочитано. Сметам дека иако списанието е пред се наменето за хобисти, треба да има и содржини кои се наменети за инженери и евентуално луѓе кои, можеби и не се инженери, но се разбираат во електрониката повеќе од... ајде еве, така да се изразам „просечен хобист“.
И се разбира дека не очекувам да биде билтен на Ломоносов
. Но сепак, сметам дека треба да држи определено ниво на квалитет.
Ќе го корелирам случајот со определени online заедници кои, од вакви или слични причини, престанале да постојат како такви (мислам на престанувањето на работата на Емитер). Квалитетот на содржините опаднал, остатокот од членовите само го користат она што ќе го начекаат за комерцијални или некои други цели, без притоа да придонесат за развојот на форумот. Со овој проблем се соочуваат многу online заедници, вклучувајќи го и овој форум. Понекогаш основачите знаат да свртат глава или воопшто да не сакаат да им се спомне заедницата која ја основале бидејќи... очигледно се срамат од состојбата во која се наоѓа истата. Од тие причини, голем дел од овие заедници се веќе дел од историјата и ништо повеќе од тоа.
Кратко кажано, кога квалитетот ќе опадне под некое ниво, веќе не гледаат поента да се врти работата во круг и да се надеваат на „подобри денови“ кога очигледно работата не оди на арно. А за квалитетот на содржините свесни се и членовите (или читателите, во случајот на Емитер) кои спаѓаат и во групата на, како што претходно ги нареков (без навреда
) „просечните хобисти“. Само што поупатените во проблематиката која ја разаботува списанието или форумот, го согледуваат проблемот порано од нив, тоа е разликата.
Не почнува и не се завршува се со тебе или мене, доаѓаат нови генерации кои незнаат што е транзистор, диода, отпроник и така натаму.
Апсолутно не ми е досадно да ги читам тие текстови бидејќи, колку и да сум навлезен во определена проблематика, секогаш сум наоѓал по нешто ново (нешто што можеби сум го заборавил, а понекогаш не сум го ни знаел) во тие текстови и од тие причини и сум ги читал и по неколку пати (еднаш на неколку години). Конкретно, серијалот „Почетен курс по практична електроника“ е еден од серијалите кои најмногу ги почитувам. Тој курс е одлична основа за било кој кој сака да навлезе во светот на електрониката преку практични примери и без премногу навлегување во теорија. Кратко кажано, за хобисти, тој серијал е одличен... но, сметам дека има и многу инженери кои голем дел од тие работи не ги знаат (или ги имаат заборавено или воопшто не ги ни знаеле многу голем дел од тие работи... знам и такви многу). Затоа сметам дека, од време на време, дури и инженер, не е лошо да ги препрочита таквите текстови
.
А за новите генерации, апсолутно сметам дека серијалите од тој вид се одлична почетна точка за навлегување во електрониката
.
Само ми е жал што сите тие серијали се „кријат“ зад авторските права на списанието и не се достапни online. Тоа мислам дека беше една од кардиналните грешки кои беа причина за престанувањето на работата на Емитер. Сметам дека Емитер не се снајде баш најдобро во овој домен... напливот на бесплатно достапни содржини online. Ако некој серијал се покажал како „полн погодок“, зошто да го криеш или да го реиздаваш по втор или трет пат со по нешто додадено, одземено, итн. Направи го да биде достапен online. Притоа, во новиот број, пиши една кратка статија „редакцијата смета дека овој серијал е од суштинско значење за оние кои навлегуваат во електрониката, затоа сметавме дека треба бесплатно да биде достапен за симување и со излегувањето на новиот број, веќе е достапен за бесплатно сумнување online на нашиот сајт“. Никој ништо не губи. Конкретно зборувам за серијалот „Почетен курс по практична електроника“. И онака од тие броеви веќе немаше непродадени примероци, редакцијата можеше да понуди само фотокопии. Е, ама да, и од тие фотокопии редакцијата ќаруваше по некој денар
. Тоа беше голема грешка... барем според мене. Верувам дека голем дел од авторите на тие серијали би се сложиле да бидат достапни тие текстови online. Сметам дека така списанието ќе добиеше една „online репутација“ која не се купува со ниедна пара.
Но, што е, тука е, ова е само мое мислење, не значи дека работите ќе беа поразлични ако се постапеше на овој начин, можеби исходот на крај ќе беше ист... но, мислам дека на заминувањето на Емитер ќе се гледаше на... по позитивен начин... барем од моја страна, бидејќи искрен да бидам, мене воопшто не ме погоди тоа што Емитер престана со работа... а една од галвните причини беше „рипањето“ на редакцијата на секој нивни напис или проект кој јавно ќе се споделеше на форумот. Да, знаеме, луѓе работеле на тоа, хонорари биле дадени, пари за печатење на списанието, итн. ... и што? Пари како пари, доаѓаат и си одат, сите го знаеме тоа. Кога веќе нешто било напишано, издадено, продадено и спаѓа во еден од подобрите написи, серијали или проекти што ги има направено списанието, зошто да не го споделам online бесплатно по некое време? Арно ама, очигледно редакцијата на Емитер не гледаше така на работите.
Јас познавам неколку од соработниците на Емитер, твои врсници, кои сега не пишуваат текстови затоа што немаат време, а немаат време затоа што работат за многу големи пари и се врвни стручњаци во своите области. Во такви услови остануваат луѓе кои преработуваат проекти од разни списанија интернет, и тоа го презентират во списанието.
Е, за овој проблем зборував претходно... но, како што пишав, не се јавува само кај списанијата, го има и online... и, како што пишав, не само на овој форум, го има и на многу други форуми.
Пофали се и ти со некое меѓународно признание или посериозен проект кој си го сработил па давај оценки за тоа колку е некој стручњак или не.
Веќе имам една меѓународно признаена диплома и, сега за сега барем, не сметам дека ми се потребни други признанија... а не верувам дека ќе ми требаат ни во иднина. Сам си знам колку знам, што знам и колку не знам и не сметам дека треба некој друг да ми го оцени тоа.