Е ова се укратко "аудио стручњаците" од ЕМИТЕР,
Затоа дозволија да им пишуваат написи и да прават проекти луѓе како Славко Стојковски
. Извини, ама јас да бев уредник на Емитер, срам ќе ми беше да се пишам како уредник покрај таков соработник... особено ако е од полето на аудио техниката (како што беше Славко Стојковски) во која (барем така сватив од пишаното) е еден од луѓето кои повеќе се разбираат во оваа област во Македонија.
А околу предавањето на ЕСРА... извини ама тоа не може да го ставам во сериозна академска активност
. Ги имам видено материјалите кои им ги дава на „студентите“ да ги учат за испит... повеќе теорија имавме во средно отколку што има во тие материјали
. Голем дел се од курсот по практична електроника од Емитер
. Тоа не беше задолжителен материјал ни во средно, а за на факултет... претпоставувам дека и сам знаеш дека воопшто не се ни бараше да го знаеме тоа. Кој сака да се бафта со такви работи (лемење и слично
), слободно, не е забрането... но, испит со тоа не се полагаше.
Емитер згасна ,иако жалам за тоа поради тоа што беше македонско списание за електроника,сепак уредниците треба да направат не само економска ,ами и длабока анализа зошто ги изгубија читателите.
За ова треба да стават многу луѓе прст на чело... не само уредниците и соработниците.
На темава може да се пишат илјадници страници... кој е крив (Бранко нели
), кој бил одговорен за ова, кој за она... на крајот пак ќе завршиме со истиот заклучок, Емитер го нема, згасна и најверојатно веќе никогаш повеќе нема да постои.
А мене ако ме прашате, можеби е и подобро така да остане. И да се реоформи, верувам дека по некој период, квалитетот на содржините пак ќе се сведеше на иста работа... неквалитетна или веќе видена (online) содржина. Порано, пред broadband да има скоро секој стан и секоја куќа во Македонија, да, навистина можеше да се прочитаат интересни новости и информации... дел можеби беа преземани од други списанија, ама па другите списанија или беа скапи или беа недостапни за поголемиот дел од луѓето кои се интересираа за техниката и електрониката, така да... реално гледано и немавме избор... затоа и беа најдобри. Кога видовме дека 90% од тие информации или проекти може многу лесно да се начекаат online... јас барем, веќе не гледав поента да го купувам. Престанав да го купувам уште во 2005-та.