Author Topic: Случајни муабети  (Read 1123367 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #6000 on 23.06.2016, Thursday, 00:00:01 »
Дечки ми треба една помош во врска со Win8. Бидејки до скоро бев на WinXP кој и се уште си го сакам, но поради одредени програми кои работат на Win8 морав да го заменам :( :( :(
Сега имам еден голем проблем, имено сакам да подесам аудио сигналот да го "слуша" од самиот компјутер на пример интернет стриминг или сл. а не од микрофонот на лап топот. Никако не можам да ја најдам таа опција за да го променам тоа. Дали некој може да ми помогне?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #6001 on 20.07.2016, Wednesday, 15:03:01 »
Дечки потребна ми е помош. Дали некој знае каде во Македонија може да се најдат побудни трансформатори или пак трансформатори за галванска изолација на териостор од остаток од колото. Мислам дека добро објаснив, ако има некој било каква информација би била добредојдена.

п.с. прашав во Раде Кончар немаат

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6002 on 20.07.2016, Wednesday, 15:38:09 »
Имам јас 5 користени трансформатори.
1000ден за сите


Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Re: Случајни муабети
« Reply #6003 on 21.07.2016, Thursday, 19:23:46 »
Не знам како дури сега го прочитав коментарот на редакцијата на Емитер дека овој форум бил собиралиште на деца кои не разбираат ништо. Би сакал да се сретнам со уредникот да му дадам еден тест по електроника да видам кој е дете и кој не разбира ништо :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6004 on 21.07.2016, Thursday, 19:38:55 »
Хаха, кај го прочита тоа, баш ме занима... :D
А за емитер се е веќе јасно, нека си се дружат „стручњаците“ и самопрогласените „аудио експерти“ меѓу себе, никој друг не им остана веќе... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6005 on 22.07.2016, Friday, 11:44:16 »
Хаха, кај го прочита тоа, баш ме занима... :D
А за емитер се е веќе јасно, нека си се дружат „стручњаците“ и самопрогласените „аудио експерти“ меѓу себе, никој друг не им остана веќе... ;)
Уредникот на ЕМИТЕР меѓу другото работи како професор на факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Ск, предава Аудио техника и акустика; Во моментов работи на проектирање на аудио студио во Тетово; Го стартуваше првиот (и единствен) школски  радиопредавател во гимназијата Орце Николов (тогаш средно електротехничко). Предавателот, патем беше негова изработка; Има работено на првите снимени материјали на групата Леб и Сол со тогашните (мислам 4 канални миксети); Има повеќе свои комерцијални проекти од областа на елекрониката. Последниот беше аудио додаток за рекламите нс T-mobile. Филевски (еден од аудио соработниците) беше првиот што набави професионална опрема и софтвер за испитување на аудио уреди. Има меѓународно признание за своја иновација (мислам дека беше МОСФЕТ засилувач кој се напојува директно од мрежа, можеби грешам аудио техниката не е мој домен). Емилијан (трет соработник) ја имаше првата продавница за електроника уште кога постоеја црнобели телевизори. Едно време беше и асистент на катедрата по мерења на тогашниот ЕТФ (електротехнички факултет). Е ова се укратко "аудио стручњаците" од ЕМИТЕР,
 А ти кој беше?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6006 on 22.07.2016, Friday, 12:07:45 »
Се слагам со Муро,бидејки ги познавам сите овие луге и лично и навистина имаат што да пишат во своето портфолио. Тоа за Форумов дека *коментарот на редакцијата на Емитер дека овој форум бил собиралиште на деца кои не разбираат ништо.* и јас сум го слушнал,но тоа си е нивна работа и немерливо е споредување на форум со списание.Емитер згасна ,иако жалам за тоа поради тоа што беше македонско списание за електроника,сепак уредниците треба да направат не само економска ,ами и длабока анализа зошто ги изгубија читателите.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6007 on 22.07.2016, Friday, 13:33:43 (Edited 22.07.2016, Friday, 14:26:29) »
Уредникот на ЕМИТЕР меѓу другото работи како професор на факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Ск, предава Аудио техника и акустика; Во моментов работи на проектирање на аудио студио во Тетово; Го стартуваше првиот (и единствен) школски  радиопредавател во гимназијата Орце Николов (тогаш средно електротехничко). Предавателот, патем беше негова изработка; Има работено на првите снимени материјали на групата Леб и Сол со тогашните (мислам 4 канални миксети); Има повеќе свои комерцијални проекти од областа на елекрониката. Последниот беше аудио додаток за рекламите нс T-mobile. Филевски (еден од аудио соработниците) беше првиот што набави професионална опрема и софтвер за испитување на аудио уреди. Има меѓународно признание за своја иновација (мислам дека беше МОСФЕТ засилувач кој се напојува директно од мрежа, можеби грешам аудио техниката не е мој домен). Емилијан (трет соработник) ја имаше првата продавница за електроника уште кога постоеја црнобели телевизори. Едно време беше и асистент на катедрата по мерења на тогашниот ЕТФ (електротехнички факултет). Е ова се укратко "аудио стручњаците" од ЕМИТЕР,
 А ти кој беше?

Јас сум тој што сум, тие што треба ме знаат... :D Јас нигде не сум се прогласил за „аудио експерт“, мене електроника не ми е професија туку хоби, и во моето CV има многу ставки ама од други области... А моето мислење за уредништвото на емитер си е мое лично, стекнато со тек на време од х-причини... ;)
Да не ме разбереш погрешно, и јас сум го чекал нестрпливо емитер секој месец од кога почна да излегува во 1995, ги имам сите броеви до 2012 кога дефинитивно го баталив, зошто секој нов број беше се поголемо разочарување, неколку страни електроника останатото глупости... Лоша копија на SAM... Тој период изгубија голем број од читателите, списанието се сведе на текстови препишани од интернет и други списанија, форсирање звучници кои случајно ги увезуваа нивните фирми, и се тоа на три-четири страни.
Од ова би ги изземал некои од соработниците, не ми текнува на имињата, кои имаа и свои авторски проекти, проектирани и развиени од нив, и за кои имам почитување, останатото беше copy-paste најчесто од електор...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6008 on 22.07.2016, Friday, 15:30:13 »
А така. Сега ти е коректен пристапот. Значи, може да коментираме за квалитетот на списанието, или за тоа дека ти се допаѓа или не ти се допаѓа, ама квалификација на личности од типот "самопрогласени аудио експерти" ми личи како некој шофер од ЈСП да му рече Фернандо Алонсо "Слушај: Не си ти возач ..Јас сум"

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6009 on 22.07.2016, Friday, 16:17:02 »
Види, не сум го смислил јас тој назив, еден од уредниците така си ја нарекол фирмата...  :D ;)

Него, оваа тема беше за SMPS, да се држиме до темата, се офтопик ќе префрлам подоцна во Случајни муабети па таму кој сака може да дискутира на оваа тема ...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6010 on 22.07.2016, Friday, 17:50:57 »
Муро,сега види вака - ако зборуваме за самопрогласување експерти,се слагам со Лордзи потполно! Пример, Филевски  со неговиот мерен систем КЛИО сакаше да направи *баук* во Македонија, се разбира поради финансиски ефект .Но, кога ги слушав неколкуте негови проекти бев изненаден  бидејки не звучеа *никако*! Ова го кажувам од искуство, бидејки преправав сртници проектирани од него. Кога човекот повторно му ги однесе да ги слушне се правдаше дека * системот можеби згрешил*. Се жалеа и други кои сакаа да испраќаат проекти во Емитер, ама поради начинот и *форматите* кои се бараа од нив, бргу креваа раце од тоа. Но,ова е нивни проблем за друга анализа.
И друго -аудиофил - не е човек што знае електроника, ами има уво и добро  ги слуша сите грешки  во звукот. За тоа не треба диплома.

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6011 on 22.07.2016, Friday, 19:16:54 »
Реков дека аудиото не мој домен, и не се разбирам. Знам дека човекот (Филе) има меѓународно признание за еден негов проект (тоа е тоа што јас знам) и се раководев од тоа кога одговарав на темата (која патем зебега).
Не мислам дека туку така го добил тоа признание. Едноставно ме изритира она "самопрогласени аудио експерти". А у меѓувреме се слушнав со уредникот на Емитер, за некоја друга работа, па направивме муабет и за тој негов фамозен коментар. Човекот ми рече дека такво нешто никаде ниту изјавил ниту напишал. Значи: рекла казала муабети. Ако некој има линк од тој коментар нека го сподели.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6012 on 22.07.2016, Friday, 22:24:20 (Edited 22.07.2016, Friday, 22:28:08) »
Е ова се укратко "аудио стручњаците" од ЕМИТЕР,

Затоа дозволија да им пишуваат написи и да прават проекти луѓе како Славко Стојковски ::). Извини, ама јас да бев уредник на Емитер, срам ќе ми беше да се пишам како уредник покрај таков соработник... особено ако е од полето на аудио техниката (како што беше Славко Стојковски) во која (барем така сватив од пишаното) е еден од луѓето кои повеќе се разбираат во оваа област во Македонија.

А околу предавањето на ЕСРА... извини ама тоа не може да го ставам во сериозна академска активност :D. Ги имам видено материјалите кои им ги дава на „студентите“ да ги учат за испит... повеќе теорија имавме во средно отколку што има во тие материјали ::). Голем дел се од курсот по практична електроника од Емитер ::). Тоа не беше задолжителен материјал ни во средно, а за на факултет... претпоставувам дека и сам знаеш дека воопшто не се ни бараше да го знаеме тоа. Кој сака да се бафта со такви работи (лемење и слично :D ;)), слободно, не е забрането... но, испит со тоа не се полагаше.

Емитер згасна ,иако жалам за тоа поради тоа што беше македонско списание за електроника,сепак уредниците треба да направат не само економска ,ами и длабока анализа зошто ги изгубија читателите.

За ова треба да стават многу луѓе прст на чело... не само уредниците и соработниците.

На темава може да се пишат илјадници страници... кој е крив (Бранко нели ;D), кој бил одговорен за ова, кој за она... на крајот пак ќе завршиме со истиот заклучок, Емитер го нема, згасна и најверојатно веќе никогаш повеќе нема да постои.

А мене ако ме прашате, можеби е и подобро така да остане. И да се реоформи, верувам дека по некој период, квалитетот на содржините пак ќе се сведеше на иста работа... неквалитетна или веќе видена (online) содржина. Порано, пред broadband да има скоро секој стан и секоја куќа во Македонија, да, навистина можеше да се прочитаат интересни новости и информации... дел можеби беа преземани од други списанија, ама па другите списанија или беа скапи или беа недостапни за поголемиот дел од луѓето кои се интересираа за техниката и електрониката, така да... реално гледано и немавме избор... затоа и беа најдобри. Кога видовме дека 90% од тие информации или проекти може многу лесно да се начекаат online... јас барем, веќе не гледав поента да го купувам. Престанав да го купувам уште во 2005-та.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6013 on 22.07.2016, Friday, 23:38:46 »
Гига,во ред е околу твојот поглед на Емитер,ама сепак на почетокот беше списание за електроника.Имаше доста генереции кои се образуваа од него,ама проблемот е што не успеа да се трансформира (пред се финансиски) во списание кое ке ги задржи електроничарите. Потоа отидоа со се и сешто ,од маси и столови до објавување на украдени проекти.Нормално е дека така се се заврши.Лошо е што нема ниту едно списание на македонски и сега после овој форум ( и уште неколку слични,мислам!??) нема ништо друго.Е.сега и на форумов се гледа до каде е електрониката во МК,интересот,а богами и знаењето.И нека не се лутат поединци кога *саркастично* предупредувам на пропусти.Во последно време нема проекти,нема нови идеи,како никој ништо да не работи..Сите сме како заспани и занесени со политиката,со трка по други работи и немаме време.Белки есента ке донесе освежување. 8)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #6014 on 23.07.2016, Saturday, 00:32:21 »
Види Гига, најлесно е да критикуваш некоја работа што ја направил некој, а најтешко е да седнеш и сработиш некоја работа сам. Јас кажав некои од работите што ги сработиле луѓето од Емитер и ти ги даде своите критики (добри или лоши не е битно сега). Ти секако неможеш да бидеш критикуван затоа што ништо не си сработил и презентирал. Кога човек не работи неможе ниту да згреши. Друго, Емитер има своја целна група читатлели. Ти како инженер нема што да бараш од Емитер. Не почнува и не се завршува се со тебе или мене, доаѓаат нови генерации кои незнаат што е транзистор, диода, отпроник и така натаму. Тебе тоа секако ти е досадно. Ти евентуално можеш во тоа списание да се видиш како автор на некој текст од некоја област и толку. Јас познавам неколку од соработниците на Емитер, твои врсници, кои сега не пишуваат текстови затоа што немаат време, а немаат време затоа што работат за многу големи пари и се врвни стручњаци во своите области. Во такви услови остануваат луѓе кои преработуваат проекти од разни списанија интернет, и тоа го презентират во списанието. Емитер е списание, магазин, не е тоа билтен на Рускиот универзитет Ломоносов па ти да очекуваш незнам какви оригинални проекти. Таа е работата. Пофали се и ти со некое меѓународно признание или посериозен проект кој си го сработил па давај оценки за тоа колку е некој стручњак или не.