+1 за калафониум, издробен и растворен во алкохол, после ден-два кога ќе се исуши убаво веќе не лепи, а ја чува плочката заштитена и сјајна. Имам видено стари уреди (квалитетни!) кај кои плочката е премачкана со калафониум по лемењето, после неколку децении лемовите изгледаат како туку што да се направени.
Со пластик спреј имам лошо искуство, не се сушеше никако, остануваше леплив со недели, дали беше некоја таква безвезна серија не знам, ама еднаш купив и никогаш повеќе. Исто кога лемиш преку него поцрнува и лемното место грдо изгледа...