@batka
Точно така, не бев некој кој знае колку добар ученик во средно, но бев примерен и никогаш не правев глупости.
Во моето време „ДСЕМУ Ѓорѓи Наумов„ беше училиште каде што едвај можеше просечен полуматурант да се запише, но ете сум имал среќа. Тоа беше негде 1995-та година ако не се лажам. На уписите, местата беа пополнувани од одлични ученици во двете струки.
Инаку 4-та година ми беше најтешка. По предметите како Термодинамика, Хидропневматска техника, Механика и Математика бев најслаб и малку требаше да ја повторам годината. Искрен сум, нема што да кријам, што е така така е. Но по другите стручни предмети, освен наведените покажав многу добар успех, исто како и на практична настава.
Откако по тие 4 предмети некако успеав да добијам двојка, паднав на матура. Задачата колку што се сеќавам беше пресметка на ударна сила на преса за пробивање на алуминиумски лим дебел 1 милиметар. Мислам дека беше нешто за алуминиумска решетка. Промашив во пресметките и испадна дека потребната ударна сила за пробивање на алуминиумски лим дебел 1 милиметар е околу 1700 тона
Положив матура дури во Август со оцена 3. Тоа лето цело го поминав во учење, додека моите другари уживаа во распустот. Паметам тогаш беше многу топло лето и многу ноќи сум поминал на добро осветлениот балкун дома учејќи да положам матура. Учењето на балкун во топлите летни ноќи ми претсавуваше задоволство бидејќи живеам во рурална средина.
Тоа училиште важеше за доста строго во тоа време. Сепак сите оцени ми се заслужени и го завршив тоа училиште со знаење (и двојките по тие 4 предмети се заслужени
), Просекот во сите 4 години ми беше солидна 3-ка.
Да надополнам уште дека откако почнав да работам како металостругар првите години навистина ми беа тешки бидејќи се среќавав со работи кои се поврзани со предметите каде што бев слаб. Морав повторно да ги учам тие предмети иако веќе не сум средношколец. Тука најповеќе е потребна механиката, бидејќи за да произведеш машинска осовина или вратило, мораш прво да ги калкулираш силите на оптоварување. Со други зборови мора да се знае кој дел од осовината е под какво оптоварување и дури тогаш да се избере каква суровина ќе се користи и каков материјал е потребен за изработка на осовина која ќе ги задоволи потребите од тој што ја нарачал.
За среќа ги надминав тие проблеми бидејќи и пракаста тука игра голема улога.
@atanas
Ова мое искуство го кажувам за добро да размислиш во кое учиилиште ќе се зaпишеш, не сакам да те демотивирам, туку напротив пробај. Доколку успееш да се запишеш тука и да го завршиш тоа училиште, па макар и со двојки, сепак би се рекло дека колку толку си научил. Итака двојка без знаење не може да добиеш. За двојка ќе мораш да одговориш барем на
50% од поставените прашања. Порано тоа училиште не е беше за слаби ученици, сега не знам како е. Тогаш професорите кои предаваа кога учев јас беа многу строги и многу бараа. Сега повеќето се во пензија. Сега иако има млад стручен кадар сепак тоа училиште сеуште дава квалитетна настава.
www.gorginaumov.edu.mk
П.С. гледам дека пак е сменет називот на училиштето.
Порано беше ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов„
ЕМУЦ Електро-машински училишен центар
потоа беше сменето во ДСЕМУ „Ѓорѓи Наумов„
ДСЕМУ Државно средно електро-машинско училиште
а сега гледам пак е сменето во СОТУ „Ѓорѓи Наумов„
СОТУ Средно општинско техничко училиште
еве и галерија од училиштето, Прикажан е поголемиот дел од опремата на училиштето потребна за настава. Мислам дека со тоа и делот на прашањето колку е опремено училиштето е одговорено.
http://gorginaumov.edu.mk/?page_id=41