@Unforgiven
Јас не кукам, поднесувам се и станав отпорен.
Никогаш нема да барам бугарско државјанство, дедо ми се бореше против нив за време на окупацијата
Не сакав да мислите дека во тоа е излезот. Секоја власт се жали дека многу млади луѓе заминуваат од државата, пред се школовани и квалитетни кадри. Добро знаеме дека треба нешто да се направи младите луѓе да не размислуваат за излез надвор.
Не реков дека не се осеќам доволно платено, доколку го прочита мојот пост ќе видиш дека
Сега иако сум вработен во јака компанија која ми го бере гајлето за осигурање и редовна плата (секоја им чест редовно плаќаат и задоволен сум)
сакав да кажам дека едно е да работиш за друг а друго е да работиш сам за себе, секако повеќе ќе заработиш сам отколку да работиш за друг. Сето тоа доколку има фер распределување на тендери, а не да се оди на тендер преку партиски врски. Тогаш школото џабе.
Се споменуваа отватање на сопствени фирми во минатите постови. Внимавајте многу, не е лесно како што мислите, ви кажав едно мое искуство.
Не те обвинувам дали си или не си патриот, а кој сака да си вади бугарски пасош јас немам ништо против, јас кажувам за мене дека нема да барам такво државјанство, а и кој Хрват побарал?
Јас најискрено сакам иднината моја да ја имам во оваа држава и одливот на кадри да се намали преку подигнување на стандардот тука.
Пак ќе повторам, не кукам јас, отпорен сум на тоа. Одговорив на оваа тема читајќи ги постовите од останатите членови во који има многу вистина.