Author Topic: Случајни муабети  (Read 1121190 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5415 on 21.06.2014, Saturday, 21:03:14 »
@Unforgiven

Јас не кукам, поднесувам се и станав отпорен.
Никогаш нема да барам бугарско државјанство, дедо ми се бореше против нив за време на окупацијата  :)
Не сакав да мислите дека во тоа е излезот. Секоја власт се жали дека многу млади луѓе заминуваат од државата, пред се школовани и квалитетни кадри. Добро знаеме дека треба нешто да се направи младите луѓе да не размислуваат за излез надвор.
Не реков дека не се осеќам доволно платено, доколку го прочита мојот пост ќе видиш дека

Сега иако сум вработен во јака компанија која ми го бере гајлето за осигурање и редовна плата (секоја им чест редовно плаќаат и задоволен сум)

сакав да кажам дека едно е да работиш за друг а друго е да работиш сам за себе, секако повеќе ќе заработиш сам отколку да работиш за друг. Сето тоа доколку има фер распределување на тендери, а не да се оди на тендер преку партиски врски. Тогаш школото џабе.
Се споменуваа отватање на сопствени фирми во минатите постови. Внимавајте многу, не е лесно како што мислите, ви кажав едно мое искуство.
Не те обвинувам дали си или не си патриот, а кој сака да си вади бугарски пасош јас немам ништо против, јас кажувам за мене дека нема да барам такво државјанство, а и кој Хрват побарал?
Јас најискрено сакам иднината моја да ја имам во оваа држава и одливот на кадри да се намали преку подигнување на стандардот тука.
Пак ќе повторам, не кукам јас, отпорен сум на тоа. Одговорив на оваа тема читајќи ги постовите од останатите членови во који има многу вистина.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5416 on 21.06.2014, Saturday, 23:18:16 »
Јас би Ве замолил без политички тиради,посебно новиов член.Ова не е Форум за политички дебати.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #5417 on 22.06.2014, Sunday, 02:33:18 »
Ајде, навистина, доста е со политика, сите знаеме како стојат работите во Македонија, не е некоја тајна, не мора да дискутираме на таа тема, има доволно форуми и портали за таа намена. Кратко и јасно, како ќе се снајдете, така ќе си поминете во животот... и тоа е тоа, нема некоја филозофија.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5418 on 22.06.2014, Sunday, 19:09:18 »
Еве мајка ми...Има завршено хемиски факултет, а работи фризерка бидејќи е член на опозицијата  8)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #5419 on 22.06.2014, Sunday, 19:34:17 »
Значи луѓе СТОП со политика на форум, за тоа си имате кај да дискутирате, почнувајќи од маалските кафани, facebook, штабови, форуми за политика и слично.

После овај пост се она што ќе е во било која насока поврзано со политика ќе биди избришано членот ќе биде казнет!
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5420 on 22.06.2014, Sunday, 21:28:51 »
Мислам дека последниве *политички* постови треба да се избришат .Не треба на Форумов да се занимаваме со политика,за тоа има други места.Овде само треба да  зборуваме за електроника и техника.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #5421 on 23.06.2014, Monday, 00:55:18 »
Би требало да ја избришеме цела тема, бидејки во истата се е вон електроника.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5422 on 24.06.2014, Tuesday, 00:12:57 »
Пишман левел: ендлесс (се прочитав од страна на политика) :D, а иначе да не знај некој до која сума е минимумот за царинење ако се порачва нешто преку нет ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #5423 on 24.06.2014, Tuesday, 01:29:18 »
20 евра за ДДВ, 45 евра за ДДВ + царина.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Re: Случајни муабети
« Reply #5424 on 02.07.2014, Wednesday, 12:11:20 »
ја мислам дека сум порачувал до 40 евра и немало царина ,како и да е ..пишав најповеќе да прашам ,оти не можам да постирам нова тема ? веројатно дека не сум активен на форумот ? барам алумиум 1.5мм па сакав за тоа да пишам некаде ,поздрав

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5425 on 02.07.2014, Wednesday, 13:09:03 »
Мислиш на Алуминиум како плочка нешто со дебелина 1.5мм ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #5426 on 02.07.2014, Wednesday, 13:53:37 »
ја мислам дека сум порачувал до 40 евра и немало царина...

Ако не ја навеле цената и ако не било нешто „комерцијално“ (патики, облека, џиџи-миџи, телефони... повеќето луѓе ја знаат цената на овие производи), да, може и да пројде... зависи, како ќе ти се погоди.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Re: Случајни муабети
« Reply #5427 on 02.07.2014, Wednesday, 14:15:35 (Edited 02.07.2014, Wednesday, 14:21:47) »
Мислиш на Алуминиум како плочка нешто со дебелина 1.5мм ?

да ..дебелина 1.5мм , 520 на 280 мм , ако не е скап и повеќе парчиња би земал ,поздрав

Споено мислење: [time]02 Јули 2014, 13:20:47[/time]
..а ова за нашата пошта ,треба книга на недоразбирања да се напише .. прашував тука во штип колку ќе ме кошта да пратам модул ,значи отворен модул без кутија ,ми бараа потврди од некој министерства а и они не знаеја сами од кое министерство  

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #5428 on 02.07.2014, Wednesday, 22:59:13 »
Имам јас Al лим 1,5mm. Ова парче ќе те чини 640 ден.

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Re: Случајни муабети
« Reply #5429 on 03.07.2014, Thursday, 09:44:09 (Edited 04.07.2014, Friday, 09:46:06) »
Имам јас Al лим 1,5mm. Ова парче ќе те чини 640 ден.

Фала MURO ќе те исконтактирам ,малку ми е скапо ама ако не најдам друго ,ја мислев и некој помали парчиња да земам за други еден ,два проекти ама здравје .. Поздрав

Споено мислење: 04.07.2014, Friday, 09:46:06
..едно прашање до модераторите на форумот ,нешто ми изглеа чудно некој теми од огласите не можам ни да ги отворам ,приватни пораки не сум сигурен дали ги праќам или не ,не можам да постувам во огласите ..имам по нешто заостаната електроника што може некогаш би ја дал за ефтино или трампал , одличен е форумот покрај другото ,поздрав