Не е дека нема работа и нема индустрија, има.
Не плаќаат , тоа е проблемот. Или плаќаат, ама малку, колку да се каже дека не си без ич
. Ќе ти кажат, 200 евра месечно, а за 3 месеци, ќе видиме, ако се покажеш, може и повеќе. По тоа „ако се покажеш“ се подразбира да седиш по 16 часа на работа, прекувременото да не ти се плаќа, како што ми кажаа на едно интервју „на нас ни треба посветен работник“
. Посветен
. Ќе ти бидам посветен на работата колку што ќе ме платиш, ако не ме плаќаш, не може да очекуваш да бидам посветен
. Мене сигурно не ми е животна желба да работам баш во твојата фирма.
Сакате да заработите „дебели“ пари во МК? Насочете се кон C#, Java, web дизајн или нешто слично. А тоа „дебели“ е во наводници бидејќи тоа се дебели пари во МК, во странство се зема x10 од тоа што се зема тука ако работите како програмер или web дизајнер. И тоа ако сте добри. Ако не сте, немојте многу да очекувате.
Како што спомна некој од членовите на форумов, на крајот работата се сведува на тоа како ќе се снајдете. Имам еден пријател кој заврши машински, а работи како менаџер во фармацевтска компанија
. Знам колку го бива и знам како заврши, ама ете, човекот си се снајде
. Тоа е тоа, како ќе се снајдете
.
Има коњи за трка и коњи за парада. Во животот, вие си бирате што ќе бидете
. Ако не сте таков карактер, да бидете помолен, да „газите преку живи луѓе“, ма дури и најдобар да бидете во тоа што сте го учеле, секогаш ќе си го тегнете подебелиот крај. Тоа е тоа
. Кратко и јасно
.
А ако сте на ново работно место, некое време ќе бидете „млада невеста“. Тоа е тоа, не очекувајте дека веднаш ќе напредувате и дека ќе ве третираат исто како и другите вработени. На почетокот, ќе си мкнете, тегнете, поголемиот дел од работата на вас ќе ви се префрла, тоа е тоа. Нов сте.