да се пофалам си купив smd rework station (леткум на воздух)
Ајде, со среќа да си ја користиш
. Ако можеш, не е лошо и некоја фотографија да видиме
.
Ако доаѓа заедно со обичен леткум, добар избор си направил
. Тие летумчиња се појаки и од оние на Solomon
.
И неколку совети за SMD Rework Station-от
.
1) Ако има аналогна регулација (со потенциометар), не ја користи како обичен леткум. Што всушност ова значи
. Значи, не ја подесувај температурата со која сакаш да дува дувалката, како што правиш со обичен леткум, па тогаш да ја пуштиш да дува, туку стави го потенциометарот на минимум, пушти ја дувалката и полека зголемувај ја температурата до посакуваната вредност со чекор од околу 10-тина степени во секунда
.
2) Ако ти изгори греачот, не тагувај и не купувај веднаш нов
. Можно е да може да се репарира со обично преспојување на кантал жицата (ако не е голема секција од кантал жицата изгорена, ако е голема секција изгорена, тогаш мораш да купиш нов греач :S). Мојот греач е преспојуван... веќе не знам колку пати и пак работи
.
3) Отвори ја SMD лемната станица и види кои компоненти внатре греат. Мојата е некој постар модел, од 2007, 2008, така да, колку што забележав, подобро е изведена од поновиве. Не дека поновиве се за никаде, штампата со лемните точки е супер изведена, ама Кинеска работа :S... штедат на компоненти веќе секаде :S. LordZi ја преправаше неговата, ставаше отпорници со поголема моќност, итн.
. Провери во оваа тема, види дали е слична со твојата и види дали би одговарале преправките
.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10728.0
Па веќе ако сликаш и решиш да преправаш, не е лошо во таа тема сликите од станицата и преправките да ги ставиш
.