Седни и прочитај некој материјал за Теслин трансформатор,за индукција,осцилаторно коло,кондензатор ( во осмо се учеше тоа порано барем!),а не само некои твои тврдења прераскажани или пречуени од некаде! И доста само * цитирам* ,заборави го малку тоа.Прочитај нешто,препиши нешто ,па дискутирај, вака не гледам зошто да се занимаваме со тебе.И Z31.. не дека е 8 мо одделение- сум имал шестоодделенци кои растурале електроника,знаеле теорија ,читале книги од домен на факултетско образование.Еве еден пример- едно момче од Велес ,Александар Донев во 6 -то одделение беше првак на Македонија во конструкторство,во 7-м и 8-мо првак во електроника.Читаше книги од типот * Линеарни ИК*, го прочита и научи * Прирачник за радио-аматери и техничари* од Божо Метзгер ( на хрватски!) и сега работи во НАСА .Не е шега,ниту штос,навистина таму радоти.На 22 години докторираше физика. И во негово време немаше учебници,немаше интернет,,преводи,делови, теорија.Ама дечкото се снаоѓаше,позајмуваше книги,бараше,се молеше- и успеа! Си траеше и работеше.