Author Topic: Случајни муабети  (Read 1123907 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5055 on 30.12.2013, Monday, 14:42:59 »
еве ти уште една грешка.... феромагнетни материјали се железото и челикот, а додека парамагнетните се намагнетизираат многу слабо и тоа само кога се во надворешно магнетно поле, ти рековме ние убаво треба уште многу да читаш. магнетни материјали се феромагнетните и феримагнетните материјали но не и парамагнетните материјали. За диодата тоа е точно дека пропушта струја во таа насока, ама пак и нема логика во осмо да ви објаснуваат за пн спој, така да најлесно е да се каже тоа дека пропушта само во таа насока.  ;)
Quote
Да направиш уште еден и да го наштимаш на истата резонантна фрекфенција....
фала што ми кажа јас не знаев... тоа се основите на радио преносот, ама јас ти велам да го направиш да биде практично употребливо а не само на лист.

Quote
Испаѓа работава, сега знам дека ништо не знам.....
Токму така, не само ти и јас, кај секој е така, секој ден се учи нешто ново.

Quote
тоа во примарот создава магнетно поле кое со неговиот колапс индуцира струја во повторно примарот и го полни кондензаторот,

Индуцира?? нели е теслиниот трансформатор резонантен ?? Или јас не сум во право, де дај појасни ми го ова.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5056 on 30.12.2013, Monday, 15:30:10 »
Quote
нема логика во осмо да ви објаснуваат за пн спој, така да најлесно е да се каже тоа дека пропушта само во таа насока.
Само да знаеш, учевме за ПН спој, осмолетка сме, не деветтолетка.


Quote
еве ти уште една грешка.... феромагнетни материјали се железото и челикот, а додека парамагнетните се намагнетизираат многу слабо и тоа само кога се во надворешно магнетно поле, ти рековме ние убаво треба уште многу да читаш. магнетни материјали се феромагнетните и феримагнетните материјали но не и парамагнетните материјали.

Таму пишуваше дека привлекуваат, а не да се магнетизираат. Инаку најпознати феромагнетни метали се железото, никелот, и кобалтот. Диамагнетен метал со најсилни својства е бизмутот, се користи во играчки за магнетна левитација.

Quote
фала што ми кажа јас не знаев... тоа се основите на радио преносот, ама јас ти велам да го направиш да биде практично употребливо а не само на лист.

Знам дека знаеш, само да ти кажам оти ме праша....
инаку еве некој го направил тоа и заработува од тоа...со продавање на демонстрациони комплети.
http://www.youtube.com/watch?v=ku1j6Rol9Lo#t=20

Quote
Индуцира?? нели е теслиниот трансформатор резонантен ?? Или јас не сум во право, де дај појасни ми го ова.
Па нели кога кондензаторот се празни во едно обично осцилаторно коло, се празни низ индуксиона намотка, во овој случај примарот. Тогаш полнежот на кондензаторот е еднаков на нула, но бидеќи индукционите намотки се опираат на промени во магнетното поле, Колапсот на магнетното поле што го создала индукционата намотка го полни кондензаторот со обратен поларитет, И така колото осцилира.  Нели и кондензаторот, и индукционата намотка чуваат енергија, едниот со помош на привлечните електрични сили, другиот во форма на магнетно поле.
Под индуцира мислев кога примарот со енергијата во своето магнетно поле го полни кондензаторот, поправи ме ако грешам...Не најдов соодветен збор.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5057 on 30.12.2013, Monday, 15:53:28 (Edited 30.12.2013, Monday, 16:05:31) »
си учел за пн спој??? сега така си мислиш кога ке дојдеш прва ке видиш дека уствари ништо не сте учеле. и пак грешка дијамагнетните материјали немаат магнетните моменти, и кога ке се внесат во надворешно магнетно поле нивната намагнетизираност е многу слаба. истотака неговата магнетизација е обратно на магнетното поле. значи од корист се само феромагнетните феримагнетните, антиферомагнетните и парамагнетните од кои најистакнати се феромагнетните и феримагнетните.
Quote
Таму пишуваше дека привлекуваат, а не да се магнетизираат.
изгледа не ја сфакаш поврзаноса помегу овие две.

и како што кажа тој теслиниот трансформатор е за демонстрација а не и за практична употреба.

истотака да додадам, најдобар дијамагнетен материјал е суперпроводникот поради т.н. мајснеров ефект со кој што суперпроводникот го отфрла магнетното поле од себе.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5058 on 30.12.2013, Monday, 15:59:30 (Edited 30.12.2013, Monday, 16:04:24) »
Kilovolt ,батка ,молим те  да не постираш неврзани работи -примарот во енергијата на своето магнетно поле го полни кондензаторот....Не најдов соодветен збор- и го нареков индукција...Ти нови закони почна да пишуваш?Не изигрувај паљачо.извини на израз!!!!  Ако не си сигурен - не пишувај!ова се бисери,се бисер до бисер!Ти кажавме што треба да направиш и некое време само учи и не пишувај ништо да не те банираме поради ширење дезинформации!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5059 on 30.12.2013, Monday, 16:09:40 »

Quote
истотака да додадам, најдобар дијамагнетен материјал е суперпроводникот поради т.н. мајснеров ефект со кој што суперпроводникот го отфрла магнетното поле од себе.
Мислев во нормални услови....
Quote
изгледа не ја сфакаш поврзаноса помегу овие две.
си учел за пн спој??? сега така си мислиш кога ке дојдеш прва ке видиш дека уствари ништо не сте учеле. и пак грешка дијамагнетните материјали немаат магнетните моменти, и кога ке се внесат во надворешно магнетно поле нивната намагнетизираност е многу слаба. истотака неговата магнетизација е обратно на магнетното поле. значи од корист се само феромагнетните феримагнетните, антиферомагнетните и парамагнетните од кои најистакнати се феромагнетните и феримагнетните.
Quote
Таму пишуваше дека привлекуваат, а не да се магнетизираат.
изгледа не ја сфакаш поврзаноса помегу овие две.

и како што кажа тој теслиниот трансформатор е за демонстрација а не и за практична употреба.
Да не дополнувам повеќе, батка ќе ме натепа ;D ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5060 on 30.12.2013, Monday, 16:21:20 »
Луѓе, не се нервирајте. Детето е 8-мо одделение. Ќе научи полека полека  8)
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #5061 on 30.12.2013, Monday, 16:30:03 »
Седни и прочитај некој материјал за Теслин трансформатор,за индукција,осцилаторно коло,кондензатор ( во осмо се учеше тоа порано барем!),а не само некои твои тврдења прераскажани или пречуени од некаде! И доста само * цитирам* ,заборави го малку тоа.Прочитај нешто,препиши нешто ,па дискутирај, вака не гледам зошто да се занимаваме со тебе.И Z31.. не дека е 8 мо одделение- сум имал шестоодделенци кои растурале електроника,знаеле теорија ,читале книги од домен на факултетско образование.Еве еден пример- едно момче од Велес ,Александар Донев  во 6 -то одделение беше првак на Македонија во конструкторство,во 7-м и 8-мо првак во електроника.Читаше книги од типот * Линеарни ИК*, го прочита и научи * Прирачник за радио-аматери и техничари* од Божо Метзгер ( на хрватски!) и сега работи во НАСА .Не е шега,ниту штос,навистина таму радоти.На 22 години докторираше физика. И во негово време немаше учебници,немаше интернет,,преводи,делови, теорија.Ама дечкото се снаоѓаше,позајмуваше книги,бараше,се молеше- и успеа! Си траеше и работеше.

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5062 on 31.12.2013, Tuesday, 02:33:32 »
Луѓе, не се нервирајте. Детето е 8-мо одделение. Ќе научи полека полека  8)
Во ред е тоа се, ама има некои работи што јас не ги знам, он пишува за нив и јас мислам „да, така е“, а во суштина врска си нема едно со друго.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #5063 on 31.12.2013, Tuesday, 14:34:07 (Edited 31.12.2013, Tuesday, 14:40:47) »
Добро сега нешто погоди но тоа со индукцијата немаше везе тоа не е тоа.И исто така околу магнетните материјали погреши малку.Но металика многу убаво му објасни се од почеток и се прецизно баш стручно.Браво Металика ме потсетивте од прва година за Мајснеровиот ефект кај суперпроводниците.Се гледа дека електротехнички материјали и елементи предметот си го совладал добро ;) :D.Така секогаш на форумов треба да се однесуваме како професионалци.За тој да биде уште подобар и уште побогат со информации, јас се трудам колку можам.И многу нови работи околу праксата научив на форумов а и литературата не е лоша ;).Киловолт без лутење ако не знаеш нешто  не пишувај не нагаѓај.Јас колку пати не сум знаел нешто за микроконтролерите и други нови работи.Па сум читал од колегите и сум научил доста.Само да читаш на форумов има многу совети и искуства околу праксата а тоа е најбитно ;) ;D ;D.Има од се по нешто од сите полиња во електрониката. ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #5064 on 31.12.2013, Tuesday, 16:10:19 »
Колеги, да ви честитам јас, оти после ќе се испијаните не ќе знаете кај терате, вака барем ќе видите (:P).

Среќна нова, се најубаво во новата, се тоа среќа пари воа ноа и сите желби да ви се исполнат, и големи да растите и така натаму и така наваму...

Убаво да си помините, со усул со пиењето оти на детоксификација по празнична цена рачунаат (како таксистите се направија, некоја си 3-та тарифа)

И се гледаме в година!
Поздрав
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #5065 on 31.12.2013, Tuesday, 16:36:39 »
Ајде среќна нова 2014 година, многу среќа, здравје, се од прва да ви успева, многу пари за проекти (и плаќање сметки) и успех во учењето (за помладите).
Frosty the Snowman - Accompanied by a Teslacoil
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #5066 on 02.01.2014, Thursday, 19:00:21 (Edited 02.01.2014, Thursday, 21:01:19) »
Дечки некој да не знае каде можам да направам ваква маска, не треба да е скроз иста туку треба да биде со некој друга содржина, него мене ме интересира каде мозе и да ми направат такви испакнати кај што треба да биде тастерот, зашто преку сликава не се гледа, на маската каде што треба да биде тастерот избушена е дупка за тастерот а на хартијата е направено како коцкиче за да изгледа поубаво. Доколку знате пишете :)



Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Kure je kupio novog BMW-a

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #5068 on 07.01.2014, Tuesday, 02:19:34 »
Не знам дали е за овде, доколку треба на друго место пишете да го средам постот.
Значи имам едно усб од ХТЦ Хиро но кабелот е малце излитен и тој што ми го даде рече некогаш фаќа некогаш не фаќа т.е. не го детектират телефонот на пц. Сега бидејќи телефонов е расипан не знам дали е до усб кабелов бидејќи празна е батеријата или пак до конекторот, така да дали можи некој да ми кажи како да проверам кој од овие 5 мали пина е + а кој - .Мислам дека имаше такво нешто но не знам која верзија на усб е.Пишува на gsmarena дека е mini usb v2.0 но ме буни она што е малце ко засечено, барав но неможам да најдам на интернет т.е. има ама не сум сигурен.
Ако можи мала помош.
Еве слика.
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #5069 on 07.01.2014, Tuesday, 05:15:56 »
Ќе си отвориш посебна тема за ова во оваа подсекција.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?board=17.0
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."