друже киловолт, да се само 30 грешки во тој учебник ке беше добро ама ги има многу повеке, како што кажав има пишувано нешто ама ни авторите не знаат што.
Јас ти кажувам ние така патем што сме учеле што сме заприметиле, сигурно има повеќе
Пр.:
магнетот привлекува железни и челични предмети, предмети од други супстанци НЕ привлекува
(кај ти се феромагнетните и парамагнетните супстанци освен железото и челикот?)
Под симболот за диода пишува дека диодата пропушта струја во насоката на стрелчето!?!?
И така натаму...
патем киловолт ако те толку многу интересира теслиниот трансформатор те советувам да побараш начин т.е. де измислиш како да го искористиш за безжичен пренос на енергија а не за искри кој знае може еден ден ке бидеш научник на ова поле.
Да направиш уште еден и да го наштимаш на истата резонантна фрекфенција....
и уште да дополнам пак немој да мислиш дека знаеш се како работи во конкретниот случај трансформаторот, и јас го мислев истото до лани ама откако сега почнавме да учиме електротехника, видов дека уствари јас ништо не сум знаел
Испаѓа работава, сега знам дека ништо не знам.....
Нашле за етика да предаваат во капитализам , хахахахахаахахах .
Знам, ние учевме... Чиста досада, што било добро, што било лошо, дефиниција за истите и цел учебник примери.... Од досада броевме колку пати во цела година наставничката ќе рече -значи-, затоа што таа беше специфична по тоа... Во еден час просек и беше 134 пати....
прашање за киловот, знаеш ли како работи теслиниот трансформатор, и ако сакаш дај објасни ми.
Eве батка, сега сум слободен.
Значи кога ќе се затвори колото и висок напон протече во примарното коло, кондензаторот се полни. Кога ќе се наполни на пробивниот напон на искричарот, искричарот пали, и кондензаторот се празни низ примарот, тоа во примарот создава магнетно поле кое со неговиот колапс индуцира струја во повторно примарот и го полни кондензаторот, а дел од таа енергија индуцира струја во секундарот, со неколку вакви циклуси поголемиот дел од енергијата преминува во секундарот. Кога тоа ќе се случи, низ искричарот не тече доволно енергија за да се одржи искрата, поврзаноста на кондензаторот со примарот се губи и тоа дозволува кондензаторот пак да се наполни и циклусот да почне одново...
Иииииииии заборавив уште нешто, кога горниот терминал на секундарот веќе не може да ја собира струјата на површината, ја испушта во вид на искри...