Јас пак за кецот електротехника знаев само гранични површини, и влегувам да ме испитува после 6 часа чекање од 9 часот сабајлето, и вели колега ајде гранични површини, и јас за 3 секунди цртање на цртежот, пишување на првиот интеграл и вели колега се гледа дека знаеш еве десет.
А за двојката не положив писмено поради Коста - асистентот кој не ми призна задача од 40 бода поради промашена буква за растојанието на крајот од задачата, па јас од кај него директно кај Врангалов и му објаснив што е работата и ми вели дојди наредната недела кога имам усно ќе ја побарам тетратката и ќе те испрашам усно.
Наредната недела одам на усно, а незнам ни книгата како му се вика, и ми вели тетратката ја нема никаде, незнам што си напишал и дали си напишал ама ајде објасни нехомогено магнетно поле, од предавања ми текна цртежот, пошо имам фотографска меморија, и го цртам цртежот, но го промашив интегралот, и ми вели што имаше на кецот, викам десет, тој вика сега за сега еве ти шеска ако сакаш повеќе дојди наредната сесија, а јас срекен му викам доста ми е.
Инаку имам големи заебанции такви, еве на пример машини 3-пати паѓав за 5 бода, плус 2те-пати од тие 3-пати полагав апсолутно сам. Ама професор беше Лидија Петковска.
Инаку на електрото сите се жалат од програмирањето а јас и Ц и Ц++ ги поминав колоквиумите со само 2 часа учење по колоквиум.
Математика 3 - 2-пати ги имав сите бодови да положам, но поради тоа што не сум и ја решил диференцијалната равенка ме паѓаше, а последниот 3-ти пат и ја решив само таа задача и ме пушти
Така да имаат некои финти, еве за електрични кола 1-2 само решив по 2 задачи и поминав како ништо.
Инаку предмети кои најмногу ми оставија вака добро знаење се:
Производство на електрична енергија
Обновливи извори на електрична енергија
Разводни постројки
Релејна Заштита
Заземјување и заштитни мерки
Нуклеарни централи
Високонапонски мрежи и системи
Еднонасочни машини и трансформатори
Наизменични машини
Планирање на погон и градба на електрични централи
Експлоатација на електроенергетски објекти
Проектирање на електроенергетски објекти
Управување и контрола на елелктро енергетски објекти
Когенеративни постројки
Примена на дигитална заштита
Компјутерско моделирање на електроенергетски објекти
Мали ХЕЦ