Буквално истите делови што ги има на али/ибеј ги има и во нашите продавници, само неколку пати поскапи.
Од мое лично искуство, ова е делумно точно. По квалитет, најчесто оние кои сум ги нарачувал од Кинезите на eBay биле поквалитетни од оние кои тука сум ги купувал... мада, за воља за на вистината, не сум нарачувал транзистори.
А за поетини... нема збор, неколкукратно поевтини, а во многу случаи и „џабелеску“.
Јас лично, пасивни делови, пред се отпорници, нешто од кондензатори, кристали, конектори и сл. си нарачувам од ибеј на големо и така излегуваат многу поефтино, а се истиот квалитет како овие кај нас.
Конектори... веќе не знам какви се не имам нарачано... за буквално 30, 40 пати поевтина цена во однос на оние кои ќе ги земеме тука... т.е. нарачуваш 30, 40, 50 комада за цена колку што чини еден или два кај нас
.
Релативно често земам и мали транзистори од ибеј, најчесто BC547/557 и до сега не сум имал проблем со нив, потполно истите се како оние што ги има кај Гац со тоа што овие коштаат 1$ цело ќесе од 100 комада .
Тоа што пишав погоре
.
Дури и смешно е колку им се евтини некои работи
... понекогаш не ми се верува, си викам „добро бе... кај ви е ќарот
“.
Помоќни транзистори и општо поскапи делови не купувам од ибеј, бидејќи со сигурност се фејк, ако ми треба нешто такво за лични потреби секогаш гледам да ставам вадени оригинални делови.
Зависи што подразбираш под поскапи делови. Јас на пример имам нарачно четири Banana Pi или некои Кинески копии на копиите, не знам (навистина веќе не знам кој од кого копира, само знам дека беа помоќни по перформанси и I/O опции од Raspberry Pi, а беа половина од цената на RPi), ене ги... уште тераат. Два работат како router/firewall и мал storage за ситни фајлови, два продадов... не ми се пожалиле до сега. А и како рутерчиња супер се покажаа, веќе година и половина работат нон-стоп во две фирми, немало никакви проблеми
.
Во било кој случај попрво би ставил користен но оригинален, него ли нов а фалсификат...
Likewise
.