На крај се гледа погледот од мнозинството како прифатена фактичка состојба.
Тоа што пробував на Toma во другата тема да му го објаснам. Ако он мисли дека не е на моменти дрзок во коментарите, тоа не значи дека повеќето не го перцепираат „тој и тој“ коментар како дрзок.
Ако при комуникација сметаш дека некој израз е двосмислен, ќе препрашаш да нема недоразбирања, да не ти се прави некој паметен.
И ова исто така пробував на Toma да му го објаснам. Ако нешто не ти е јасно или мислиш дека е грешно... прашај
... никој нема ни за зло да ти земе, ниту пак ќе те линчува
. Не мора секој коментар да биде прецизен, интерпункциски егзактен, итн. На крајот на краиштата, ако сакаш да потенцираш некој сврзник или краток збор кој целосно ја менува смислата на определена реченице, секогаш можеш само него да го пишеш со големи букви, и ова е честа пракса на многу форуми и online заедници за да се потенцира определена работа
. И јас понекогаш знам ова да го правам за да ставам до знаење дека „ова е важно“... и тоа не треба да се свати како дерење (а и најчесто не се сваќа) бидејќи... па зошто би се дерел за само еден или два збора во реченица
.
Соодветно пишување е потребно за да правилно бидеме разбрани од тој што чита. Не мора да се оди во крајности посебно не на форум за електроника.
Да, и со ова се сложувам. Да, треба да биде, горе-долу, читко и разбирливо, но... па дури и ако не го разбираш коментарот, прашај, ќе ти појасни членот
. Ако сака... ако не, тоа е тоа, не сум те разбрал, крај на приказна
.
А како што гледате и читате оваа е прашање а не тврдење. и сега што би било спорно ако поставам и некое друго прашање нека е и од областа на пример бела техника, би требало некој да напише нешто. Се прашувам дали и тогаш нема да дојдеме во слична ситуација како што е оваа.
Ќе си препрашаш што сакал да каже авторот на коментарот и готово
. Јас така секогаш правам ако некој коментар ми е неразбирлив. Нема зошто да се лутам или да пробувам, како што пиша dr-mr, да дешифрирам нечиј post 30 минути. Ако сакаш да дообјасниш, појасниш, итн., ОК, ако не... пеки, јас барем, не се замарам... кој сака да дешифрира, нека дешифрира и коментира, немам ништо против
.
Ако некој пишува без да мисли дали некој ќе го разбере соодветно, зошто пишува јавно?
Истото го прават и по социјалните мрежи... неколку пати имам на определени места (не на форумов) пишано „не е интернет за секој“... но, што е, тука е, пристап има секој, што значи дека ќе има секакви луѓе.
А ако членот упорно не сака разбирливо нешто да напише, иако му се дадени неколку шанси јасно да се изјасни околу определен проблем, и за тоа има лек
. Бан и готово... нема зошто да читам спам коментари или недокажани работи од некој кој не знае да се изрази.
Ако ви текнува, ваква беше ситуацијата со nsu. Ни запирка, ни точка... ништо... ај иди разбери го
. Му беа дадени повеќе од неколку шанси, гледаме не иде работата... ајт, бан и крај на приказна
.
На форум за електроника неможе да се остави секој да разбере како сака/мисли, тука треба прецизно и конкретно пренесување/изразување а не да се остави на слободна интерпретација.
Епа затоа, ако не е јасно, ќе си препрашам (зборувам лично за мене, останатите членови, како сакаат нека прават, не можам да им сугерирам како да прават, ова е право на личен избор). Ако разберам од втор пат, ОК, ако не... ајде еве ќе препрашам и трет пат. Ако и од трет пат не разберам, игнорирам. Ако е упорен и само post-ира коментари од кои ништо не се разбира... ќе му биде сугерирано еднаш, два пати, три пати дека ништо од пишаното не се разбира... ако пак продолжува во ист стил... ќе заврши исто како и nsu и тоа е тоа
.