Дали тоа значи дека сега се „бунам“
http://www.makedonski.info/search/бунеше
Можеби преостар збор беше „буни“, но дефинитивно не спомна нешто вакво додека беше модератор.
Колку се сеќавам (а мислам дека добро се сеќавам) ова измена е направена пред да станам модератор.
Сега баш нешто прочепкав во админ панелот, подесив да не може да се edit-ираат post-ови по 2 дена од нивното креирање. Ова не важи за админите и модераторите (проверив, сигурно не важи за модераторите ).
Како и да е, видите дали ќе ви се допаѓа ова, па ако мислите дека е ОК, ќе го задржам, ако не, ќе го вратам назад како што беше .
И проверив дали обичните членови имаат опција да бришат свои post-ови, да, оваа опција била активна. Значи може ако сакате да се забрани да бришат свои теми и/или post-ови (одделни опции се). Изјаснете се што мислите .
Да, се сложувам да не можат да едитираат постови, јас би го намалил дури и на 1 ден.
Се согласувам со ЛордЗи да се намали времето на 1 ден за едитирање на постови. Сметам дека е доволно за да членот си исправи евентуални печатни грешки или сл.
Добро, два гласа имаме за 1 ден. Уште еден и да сменам.
Уште еден и од мене.
Ако баба лаже, трап не лаже
.
Впрочем тешко се разбираме а намерата не ми е да добијам бенефиции или да се правам паметен туку ги изнесувам моите гледишта кои некому му се допаѓаат некому не, па според тоа стави пепел на сето тоа.
Во ред, и тие гледишта си се твои. Згора на тоа, реплицирав на сите твои забелешки и коментари. Немој да речеш дека не дадов опција, бидејќи репликите во ниеден момент не беа децидно „НЕ МОЖЕ!“. За најголем дел од нив дадов солуции... за некои од нив, треба и ти и/или и останатите членови да се инволвираат (мислам на предлозите за анкета, итн.). Доколку има „критична маса“ која сака да се имплементира определена функција и смета дека „таа и таа“ работа е многу важна за правилно функционирање на форумот, се разбира дека ќе се потрудам да се имплементира
. Но, се додека само ти го бараш тоа, не може да се свати сериозно тоа барање, особено ако не станува збор за само „кликни-смени“. Промените што ги побара, не се од таков тип.
Е ова на прумер е за бришење
@Toma: Доказ дека не секој (слично на мене), се сложува со твоите гледишта на работите
.
Ако се дозволи бришење или едитирање на постови, форумов пепел ќе го нашпрајме.
Според мене, не е погрешно (т.е. јас барем лично, би одобрил и би сакал да биде така) да ги имаат овие опции (Edit и Delete) корисниците првите 24 или 48 часа по post-ирање, но не и потоа. За жал, тоа лесно се подесува за Edit, но не и за Delete
. Delete може само да се забрани или да се одобри, не и да се намести да биде со временска зависност.
Баш побарав и на SMF форумот, каде што и најмногу модификации има, нема ваква модификација
.
Овде не е толку изразито, ама на форумо поготово кај што е дозволена политика, некој јадел бурек, плукал, колнел пцуел, потоа сменил гледиште или му станало страв да не биде избркан од работа или казнет, и одма ги брише постовите, или па ете друг аспект што спомна Гига, некој се навредил, и наместо да си се исплаче да му олесни во знак на револт ќе брише постови или ќе тропа глпости или ќе спамира.
За спамот, тоа може да се реши релативно лесно
. Проблем е кога членот ќе реши да си ги брише или edit-ира post-овите
. Да, можеби ќе можам да вратам назад backup од база, но ќе треба само неговите post-ови да ги одвојам и еден по еден да ги враќам рачно во база
... и сета оваа мака, поради слободата да можат членовите да менуваат и бришат коментари кога сакаат
... па мислам дека нема смисла да ни го правите ова
... па и ние имаме душа
.
„Добро, и што со ова? EMC производ, data domain backup систем... што, на овој фајловите се помали отколку кога ќе се ископираат локално?“10 пати видеата а и не се осеќа разлика дали си на него или на локален хдд, ептен е брз, ем е оптоварен(добро не е 100%), ем има бекап на бекапот, едино поплава или да му влезиш со чекан може да се изгубат податоците, не дека е неуништлив, ама е прилично спремен. Е сега коша многу и не се исплати за форум/филмови, ама за рента или за по битни работи и тоа како.
Хммм... да не случајно прави некаков си export на видеото кога ти мислиш дека копираш, а он уствари конвертира, па ти го сервира конвертираниот фајл? Бидејќи има вакви интелигентни NAS-ови, а EMC се познати по тоа дека се bleeding edge за вакви работи, така да... мене барем, само ова ми прави логика
. На него, се чува со определен bitrate, но кога ќе сакаш да го ископираш прави брза рекомпресија со 10 пати поголем bitrate (за да нема губиток во квалитет) и потоа ти го сервира рекомпресираниот фајл.
Баш читав нешто за фирмава што го произведува софтверот за EMC NAS-овите, Reliant Technology. Ова се веќе уреди за банки, финансиски институции, државни агенции, итн. Ова обичен смртник не може да го има. Што точно имаат имплементирано за да може да го изведат тоа ниво на компресија, никој не знае, само луѓето вработени во таа компанија знаат.
Иако, како што пишав, не верувам дека станува збор за „црна магија“, само добро скриени веќе постоечки техологии. Не дека производите не им се добри и стабилни, најверојатно се, но се екстремно преценети и прескапи... што не е проблем за државни агенции, банки и финансиски институции
... нели, парите не се нивни
.