Сакам да напојувам Raspberry Pi 3 со батерии од лап-топ, односно да биде преносливо. Е, сега користам 2 батерии од лаптоп ( Li-Ion ) кои се поврзани паралелно и потоа се приклучени на DC-DC конвертор со цел да добијам 5V за да можам да го напојувам RPi. Но, за жал не можам тоа да го направам бидејќи кога ќе го приклучам RPi на напон тоа се бутира до некаде и потоа се рестартира, цело време така во круг и никако не стигнува до работната површина (desktop). Батериите ми се поврзани паралелно за да добијам поголем капацитет, а со тоа и струја, нивниот напон е 3.7V. Го користам конверторот од линкот, а ова се некои од неговите карактеристики:
Input Range:3.8V ~ 32V
Output Range:1.25V ~ 35V
Input Current:3A ( max ) , no-load 18mA (5V input , 8V output , no-load is less than 18mA. Higher the voltage , the greater the load current . )
Conversion efficiency:< 94% ( greater the pressure , the lower the efficiency )
Switching frequency:400KHz
Output Ripple:50mV ( the higher the voltage , the greater the current , the greater the ripple )
Load Regulation:± 0.5%
Voltage Regulation:± 0.5%
Operating Temperature:-40 ~ +85
Не знам што би можело да биде причината тоа да го прави на батерии, а на адаптер да си функцинира перфектно. Но, како што кажав целта ми е да го направам да биде преносливо, затоа и користам батерии. За напојување на RPi се потребни 5V 2А.
https://www.aliexpress.com/item/3/32661520979.html