Алтернаторот тешко дека ќе го натераш да работи на еднонасочен напон...
Заборавив дека всушност се исправува напонот за да добиеш еднонасочен на излез од алтернаторот... упс
.
Не е критично, може да користиш PWM и за контрола на мотор кој работи на наизменичен напон, само што претпоставувам дека тука веќе ќе треба и фреквентна контрола (не знам точно како се изведени алтернаторите), така да, ќе ти треба MCU што врши фреквентна контрола на наизменичниот напон, т.е. ја менува фреквенцијата, а не само соодносот импулс/пауза. Исто така, најверојатно ќе треба да се менува и вредноста на максималниот напон кој може да ја изгенерира електрониката за да има момент на сила (ова е torque на Македонски
) моторот кога ќе тргнуваш (од позиција на стоење). И ова може да се изведе, но, ако го изведуваш од нула, многу време треба. Не знам дали некој има разработено проект на оваа тема... заедно со код за определен MCU. Сепак, верувам дека Кинезиве имаат нешто такво направено. Прашање е само како што треба да се бара на eBay
.
Но, сметај дека при фрквентна контрола на ваков мотор, најверојатно драстично ќе му се зголеми термичката дисипација (ќе грее многу). Прва причина - не е наменет да работи како мотор. Втора - можно е да му донесеш сигнал со многу ниска фреквенција, некоја која не бил наменет ни да ја генерира. Сметај дека ќе треба да компензираш за ова со дополнително ладење на моторот (читај, додај и некое кулерче
).
Поентата ми е... не се чуди ако грее
.