Author Topic: Случајни муабети  (Read 1122591 times)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Случајни муабети
« Reply #6840 on 25.01.2019, Friday, 21:12:49 (Edited 25.01.2019, Friday, 22:15:33) »
Ај да не отворам тема, за едно прашање...
Имам едно Blackview S8-че топ телефонче, ама се зезна конекторот, реков ке го менам, по сервисине Прилеп никој немаше конектор Tipe C... најдов нешто по Алиекспрес, ама треба да си чекам гарант 40-50 дена..
Има телефонот батерифче Li-Polymer 3180mAh .. реков ке пробам да му врзам +/- дирек на батерија да го поднаполнам малце, му врзав 2 жички го оставив скоро 1час, ама ништо... не се уклучи пробувам со инструментот 4V покажува батеријата.. и ни сигналната сијаличка се запали дека „полни“ ни телефонот не уклучува :/ после тоа му ја вратив назат (малечка плочка на која стои конекторот .. и микрофончето) и оп батеријата 0.0V (најверојатно има некој краток спој во плочката па ја празни батеријата?!) прашањево ми е можно е да го сјебале во еден сервис во Прилеп телефонот? пошо со 4% батерија функционален, им го оставив.

п.с оригиналниот полнач му е 5V - 2A .. барем така пишува на него :/ и со него пробав директно да ја полнам батеријата.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6841 on 25.01.2019, Friday, 23:52:38 »
Тоа се Li-Ion/Li-Po батерии. Не смеат да се полнат директно на определен фиксен напон (а таков даваат SMPS полначите кои стигаат во денешно време со мобилните телефони). Можно е ти да си ја зезнал батеријата :-\.

Си има посебни системи за контрола на полнење на Li-Ion/Li-Po батерии. Напонот на полнење не смее да надмине 4.2, 4.3V. 5V е веќе премногу. Не мора да значи дека си ја зезнал, но има шанси. Треба да пробаш да ја наполниш со адекватен полнач. Извади ја од телефонот и види кои изводи се + и - (најверојатно има и терет и/или четврт, тие се за ID, за да може телефонот да „потврди“ дека батеријата која ја ставаш дека е оригинална, не ги чепкај нив). Направи еден систем сличен на овој од оваа тема, наполни ја, измери напон, ако е околу 4.2V напонот меѓу + и -, значи полна е. Приклучи ја на телефонот (заедно со дополнителните контакти за ID) и види дали ќе се запали телефонот. Ако запали и јави полна или скоро полна батерија, значи се е ОК, или си ја оправил батеријата или воопшто не била зезната. Ако не се запали, измери напон меѓу + и - на батеријата додека е врзана за телефонот. Ако јави напон од 0V, една од две работи се имаат случено. Или батеријата е навистина зезната (ова може дополнително да го провериш ако врзеш за неа меѓу + и - една bright white LED диода, ако почне да свети, значи батеријата е најверојатно ОК) или телефонот е зезнат, па и прави краток спој на батеријата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Случајни муабети
« Reply #6842 on 26.01.2019, Saturday, 01:03:27 (Edited 26.01.2019, Saturday, 22:52:57) »
 Супер ти благодарам.
Е сеа, па нели сите полначи од новите генерации на телефони, се наменети за полнење на посовремените батерии?! (или сепак внатре во самиот телефон околу напојувањето има некое електрониче?! ) Пробав со 2/3 полначи.. иначе тој полнач оригиналниот што си е од телефонот, fast charging.. стварно има 5в/2А на лепенката.. башка батеријата е со некое си флет кабле залемено на батеријата, има 3 контакти на батеријата (+ GND -) тие знаци ги има на флетот.. јас на + и - ги залепив жичките од полначот.. само ви реков ме буни тоа што, воопшто не светна сигналната сијаличка на телефонот дека нешто се дешава т.е дека полни.
П.с искрено баш и не сум се замарал со мобилни.. затоа и тапа сум околу тоа :)

Moderator Comment Edit by Toma Не одговарај со Quote туку со Reply

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6843 on 26.01.2019, Saturday, 02:16:54 »
Е сеа, па нели сите полначи од новите генерации на телефони, се наменети за полнење на посовремените батерии?! (или сепак внатре во самиот телефон околу напојувањето има некое електрониче?! )

Ако мислиш на Li-Ion/Li-Po батерии, современи се уште од 2003, 2004 :P. Li-Ion и Li-Po батерии во мобилни телефони не се нова работа и сите уреди кои ги користат имаат посебна контрола за полнење на батериите. Li-Ion/Li-Po батериите не се како Ni-Cd/Ni-Mh батериите па „полни како сакаш, колку сакаш, ќе преживее“. Ако ја преполниш, ќе ја уништиш; ако ја препразниш, ќе ја уништиш (дел од ова е „условно кажано“, прочитај ја темава од која ти дадов линк во претходниот post ќе ти стане јасно ;)). Затоа и се тие контроли за полнење (накратко overvoltage и undervoltage заштити, не смее да падне напонот под 3.7V и не смее да отиде над 4.2V).

Пробав со 2/3 полначи.. иначе тој полнач оригиналниот што си е од телефонот, fast charging.. стварно има 5в/2А на лепенката.. башка батеријата е со некое си флет кабле залемено на батеријата, има 3 контакти на батеријата (+ GND -) тие знаци ги има на флетот.. јас на + и - ги залепив жичките од полначот.. само ви реков ме буни тоа што, воопшто не светна сигналната сијаличка на телефонот дека нешто се дешава т.е дека полни.
П.с искрено баш и не сум се замарал со мобилни.. затоа и тапа сум околу тоа :)

Не си требал да го правиш тоа, си требал прво да прашаш. Ако си „тапа“, прашај, ќе ти се објасни ;).

Со fast charge само ја дозезнуваш батеријата. Знам, сите се брзаме некаде во денешно време и сакаме се да биде брзо, ама да знаеш дека се скратува векот на батеријата со fast charging полначите. Не дека тоа ќе игра некоја улога, телефонот (ако не го е*еш на некој начин во меѓвреме :P) ќе ти биде и онака неупотреблив како уред за 3, 4 години, така да, тоа и не игра некоја улога, бидејќи тек тогаш ќе почнат да се познаваат последиците на fast charging циклусите на батеријата... ова е чисто информативно ;).

Не може да има GND и -, тоа нема логика. Зепиле нешто колку да не чепкаат луѓе што не се разбираат. Еден од нив е сигурно за ID. Кој... не знам. Треба да се измери, да се види, да се проба (со LED-от како што ти спомнав) па да се погоди распоредот. Се друго е нагаѓање.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Случајни муабети
« Reply #6844 on 26.01.2019, Saturday, 22:48:16 (Edited 26.01.2019, Saturday, 22:55:07) »
Најдов една плочка од таблетче, некое си... шо сум му го извал конекторот..
Има 2 контакти на неа за батеријата, си велам ке ја полни.

Moderator Comment Edit by Toma   Не одговарај со Quote туку со Reply

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6845 on 26.01.2019, Saturday, 23:19:46 »
Ќе ја наполни ако е исправна и ако правилно си ја врзал. Ако не си ја врзал правилно или ако е неисправна, нема да ја полни :P.

А да, треба и полначот од таблетот да биде исправен исто така :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Случајни муабети
« Reply #6846 on 27.01.2019, Sunday, 19:32:30 (Edited 28.01.2019, Monday, 17:07:38) »
Тадам.. ја извадов батеријата од телефонот, ја врзав на ова телефонче (го најдов во купот од стари телефони) само што средното изводче на телефонот, без отпорниче дирекно со жичка го взав- минусот со тоа средното.. го ставив конекторот, светна сијаличката ја врзав батеријата.. е сеа дали ке поднаполни барем малце незнам.


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6847 on 28.01.2019, Monday, 17:09:05 »
Провери, види дали ќе ја наполни. Ако ја наполни, ОК, ако не... отвори тема, вака не оди работава, темава не е наменета за некои детални анализи и проблем, повеќе за прашања или информации кои може со еден или два одговори (post-ови) да се решат... или за било што што не е поврзано со електроника ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Случајни муабети
« Reply #6848 on 31.01.2019, Thursday, 20:55:11 »
Се е океј, се наполна батеријата, и тоа 4,18v си држи без проблем...
Само што телефонот не сака да уклучи.
И не знам дали воопшто може да уклучи онака отворен- не заштрафен.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6849 on 31.01.2019, Thursday, 22:33:16 »
Би требало да може.

Сигурно ги врза сите пинови од батеријата и се останато како што треба? Провери, да не си промашил нешто?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Случајни муабети
« Reply #6850 on 02.02.2019, Saturday, 21:44:26 »
Јок, сигурно се поврзав, дури и сензорот за читање на отисок од прст... и не сака да запали :/

Сепак фала друже, за идеата со старо телефонче...најдов едно кутивче си стокмив, асли полнач, во едно кутивче го сместив и телефончето, и електрониката од полначот.. шо значи директ кабле во штекер и полни батерифчиња :) за посигурно му ставив полнач 0,7mAh

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6851 on 03.02.2019, Sunday, 01:05:46 »
... за посигурно му ставив полнач 0,7mAh

Мислиш 0.7А ???. Бидејќи во Ah се мери капацитет на батерии ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Re: Случајни муабети
« Reply #6852 on 08.02.2019, Friday, 00:43:25 »
Доколку содржината е несоодветна или има слична тема ја замолувам администрацијата да го избрише постот.

Колку и да се труди, било кој електроничар (хоби или про), не може секогаш да има алат, опрема или знаење за своите потреби. Некогаш проблем се финансиите, некогаш просторот, а понекогаш времето. Секој од нас понекогаш имал потреба од алат или опрема која не може да си ја дозволи или се работи за еднократна потреба и набавката е финансиски неисплатлива.

Вообичаено фирмите не секогаш се расположени да излезат во пресрет на поединци или ако се работи за едно парче или мала серија.


Мојот предлог е да се отвори тема (доколку не постои) - УСЛУГИ - каде што секој член ќе може да понуди услуга/услуги (колегијално или за финансиска надокнада) или да препорача фирми кои вршат одредени услуги и да сподели искуство со истите.

На пример:

-програмирање на микроконтролери
-флешување на BIOS
-изработка на ППК
-услуга на CNC
-услуга на 3D принтер
-услуга на laser cutter
-заварување (точкесто и електрично)
-услуга на дребонг
-лемење и прелемување на SMD
-reballing
-услуга со специјална опрема
-.....

доколку има активност и се соберат доволно информации, може да се изработи листа и доколку некој член има потреба од одредена услуга истиот ќе знае каде да се обрати

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6853 on 08.02.2019, Friday, 04:56:18 »
Хммм... идејата е интересна, но секој може да отвори тема и да праша, тоа не е проблем ;).

Недостаток на методот што претходно го опишав е тоа што членот кој можеби би сакал да ја изврши оваа услуга (не навлегувам во тоа дали ќе има финансиска или било каква друга надокнада) треба да го посети форумот за да прочита :-\.

Што знам... јас сум за предлогов, ама како би се извело ова... секој член би имал тема во која може да ги пише услугите кои може да ги направи, па subscribe на таа тема да направи и ако некој одговори во неа или ако му пише порака, да добие mail, некако така ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Re: Случајни муабети
« Reply #6854 on 08.02.2019, Friday, 12:30:27 »
Повеќе би одговарало да е една тема, па ако има интерес да се подели во подтеми по тип на услуга, полесно би било за пронаоѓање на инфорормации.