Потоа имаше ко демек на секој јавен паркинг до 2027 год да има бесплатен паркинг и полнач(ова важи за СК, и на доста места е така).
Да, ама често знаат да бидат зафатени од обични возила
... барем кај мене на паркинг. Да, има место за полнење, ама секој петок и сабота, ако планираш некаде да одиш и да се вратиш до кај 2, 3 по полноќ, не сметај на тоа место бидејќи сигурно ќе има некој џип монструм паркирано на него
. Ова е честа ситација и преку недела, ама како и секогаш, никаде не можеш да ги најдеш регионалците кои патролираат по зонските паркинзи
... затоа се секогаш тука ако некој не платил за паркинг за да ти турат шепа... нели
. А не можеш да се буниш во Паркинзи на Град Скопје бидејќи работно време им е до 9 вечер преку зима (11 преку лето), полиција не можеш да викнеш (тоа не била нивна ингеренција
), и што да правам... а на пример утре ми треба колата да е полна, треба сабајле да одам некаде... и што да правам
.
Згор на се, паркинзиве не се координирани. ПОЦ не нудат ваква опција. Град Скопје нуди... и сега, што да правам ако нема место на паркингот на Град Скопје, а имам картичка за да влезам во паркингот на ПОЦ? Не можам да си го наполнам возилото, и повторно сум за*бан
.
Дива лига сме... џабе е се, 1000 пати имам кажано, џабе. Закон за ова, закон за она... џабе кога никој не е*е жива сила
.
Батериите не знам колкави се кај овие, ама за литиумските можно е да е пригатливо да ги влечиш до дома да ги полниш.
Тоа од линкот што го ставив, као демек може да тера 120km со едно полнење... се разбира на ганц нови батерии. Сметај дека тоа растојание ќе се намали на половина за 3, 4 години ако редовно го употребуваш возилото (секој ден или секој втор ден).
Патем Гига кај тебе баш имаш паркинг и полнач
За тоа веќе пишав, прочитај погоре
.
Е сега не верувам дека може со оваа кола да појдеш во друг град на гости на пример, ама па за до работа е топ.
Па за тоа и би ја земал... а и за тоа се наменети. Направи статистика колку километри во текот на користењето на едно возило се надвор од град, ќе видиш дека над 90% од километражата е извозена работа <--> дома
.
Али па имаш и скутер/тротинет за 500 еу кој може да си го полниш комотно дома, оти се по 10-30 кг.
Тротинет е жива глупост. За скутер... да, би размислил
.
Најголем проблем е полнењето, ајде да земиме цела зграда вакви коли и како ќе ги полниме, кој хаос ќе биде. Башка трафото пред зграда гарант ќе рокне. Ем овие се со мал капацитет, ами тесла што е 100 киловати, предвидена е да се полни со 45 ампера, ами 5 души да полнат цела населба ќе ја пореметиме...
Тоа ми е муабетот... најголем проблем е тоа, полнењето. Абе за сите да ставиш по еден полнач, ќе ги расипаат за една недела барем половина, за два месеци сите
.
Ова се е убаво, ама сеуште многу скапо за наш џеб. На старо вакви коли сеуште нема, а на старо безнинец или дизел има за 1000, 2000, 3000 евра, зависи кој што сака да купи, колку возена, колку трошена, итн. Во секој случај, за 3000 евра имаш многу солидно очувани возила од 2007, 2008, понекое и од 2009-та, зависи што ќе начекаш, а ние не сме западњаци со по 5, 6 илјади евра месечни примања, па да можам да земам електрична кола на отплаќање на една или две години. Кај нас, се знае како одат работите. Ќе си платиш на старо кола, ако имаш нешто плус парички ќе си монтираш плинче и тераш со 1000-че, 1500 месечно. Да, многу би било убаво да можам да си ја полнам и да си терам со 200, 300, 400 денари плсу месечно за струја, арно ама... јок, тоа кај нас не биднува во наредни барем 10 години.