Да да, тоа јасно, има место за 4 луѓе, ама нема шанси да носат 4 луѓе. Еден, двајца, да, ама 4 души, се разбира дека не. Тоа дека собира четворица е само маркетингшки трик, се разбира
.
Ама па гледам овие разнесувачиве на брза храна (пици, хамбургери и слични работи) се повеќе ги користат баш овие возила... ваквиве, од 5000 и нешто евра. За едно до две лица, изгледа ОК... барем според мене. Се разбира, прво би пробал, не би земал на слепо, ама за до работа и назад, изгледа ОК
.
А не ни знам кој од brand name компанииве (Peugeot, Opel, Renault...) произведува вакви возила
. Немам начекано реклама на телевизија за возило од нив кое е електрично. За хибриди, да, ама за целосно електрични, не. Тие би требало да се оние поскапите... од 20.000 евра па нагоре... барем по некоја моја логика
.
Е сега, конкретно јас, барем сега, не би земал едно бидејќи немам каде да го полнам, живеам во зграда, а на работа сигурно нема да ми дозволат
. Субвенции има, ама како ќе го „храниш“ и одржуваш ако немаш твоја гаража... ти си знаеш
.
Ова е уште научна фантастика сега за сега. Нема услови никаде за ова... добро како идеја, ама само на тоа ќе остане, барем во наредните 5, 6 години сигурно. Генерално земено, мислам дека само кај фирми со гаражен простор и ресторани за брза храна ќе се популаризира ова, не и кај домаќинствата... пред се поради немањето на гаражен простор :S.