GigaWatt, заменски филтри искрено не видов нигде, ама добро е да се знае, ќе пазам на тоа во иднина...
Еден колега на работа имал такво искуство... многу лошо :S. Ај што дознал дека филтрите се заменски, ај, човекот се помирил со тој факт, си рекол „тоа е тоа, кога не гледам, ќе си фрлам по 300 денари на неколку месеци“, згора на тоа по 5 години откако ја купил, престанале да ги носат тие филтри во Македонија
. Као демек престанале да ги прават
. Дали е навистина така, не знам, а не верувам ни дека он знае. За среќа нашол копии некаде по пазариве од истите филтри и почнал од нив да купува и тоа по 100 денари еден, така да, евтино прошол
... што не значи дека за секој модел има такви кај нас, ама ете, него му се погодило, изгледа некој по продаван модел кај нас имал земено (ми кажа и бренд и модел, ама искрено, не ми текнува кои беа сега).
А да, и гледај да е кондензаторска сушарата. Не знам што е разликата меѓу обичните и кондензаторските, за нијанса се поскапи (1000 или 2000), но као демек подобри биле и тоа била иднината... појма немам што значи тоа
.