Author Topic: Случајни муабети  (Read 1127941 times)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6615 on 07.09.2018, Friday, 09:34:18 »
@DX-er Нема кај нас институција каде да се пожалиш, сите се глуви. А, кучето на сопствениците не им сметало наводно и не превземаат ништо иако не знам колку пати им е речено. Не знам што повеќе.

@tubemkd Дали ова работи на одредена далечина или треба да биде до него? Но, би преферирал да ми предложите некоја шема за сам да направам.

Исто така, уредот не сакам да предизвика некои лоши последици по здравјето на миленикот, само за да го смири треба да биде.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6616 on 07.09.2018, Friday, 09:37:10 »
Побарај на али или ибеј, види ривјуа, кј знае шемата дали ќе работи, инаку не се штетни по здравјето.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6617 on 07.09.2018, Friday, 12:10:38 »
Не е проблем дали ќе работи, најверојатно ќе работи, ама кој ќе биде ефектот е прашањето. Шемичкиве за вакви работи кои сами си ги изработуваме се најчесто со 555 или некој друг мултивибратор/осцилатор. Купечкиве сигурно се со микроконтролер и генерираат некој посебен комплициран ултразувучен сигнал кој, најверојатно, предизвикува точно определен ефект кај кучињата (како што пиша tubemkd).

Значи не дека не верувам на самозиработените „бркачи на кучиња“. Мене лично не ми требале, но имам слушано и читано (на форумов пред се) добри искуства за нив. Проблемот е тие генерираат прост осцилирачки сигнал. Купчекиве можно е да генерираат некоја random фреквенција на ултазвучен сигнал во определен опсег, да менуваат хармоници, итн.

Еве линк.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/223007462223
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6618 on 07.09.2018, Friday, 16:12:16 »
Према ривјуата ни купечките што се поедноставни не се ефикасни, него треба малце по софистицирани ( и поскапи ) уреди, другите воопшто не се ефикасни.
Code: [Select]
Https://m.aliexpress.com/item/32805964825.html?pid=808_0000_0101&spm=a2g0n.search-amp.list.32805964825

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6619 on 09.09.2018, Sunday, 13:01:39 »
Према ривјуата ни купечките што се поедноставни не се ефикасни, него треба малце по софистицирани ( и поскапи ) уреди, другите воопшто не се ефикасни.

Генерално земено, тоа што кажав, оние со микроконтролер по ефикасни ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #6620 on 14.09.2018, Friday, 17:55:58 »
Да не отворам нова тема пошто ми треба само информација,

Потребни ми се твитер звучници за Hi-Fi домашни кутии, пример симсоник, во основа сеедно која фирма се. Зец се крајно некултурни и веќе една недела ме шетаат по тавани и не ми даваат никакви податоци.

Некој идеја кај да набавам, контакт би било доволно.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6621 on 14.09.2018, Friday, 18:29:11 »
Bots, карши Олимписки базен во Скопје ;). Ако знаеш каде е BT, во истата куќа се, само што се на друг ќош од куќата ;).

Code: [Select]
http://btelectronic.com.mk/
Quote
02 32 32 005
+38970 230 354
Botsmk@yahoo.com
Чедо Филиповски 18, Скопје
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #6622 on 14.09.2018, Friday, 18:47:46 »
фала ти ќе им се јавам да видам што е како е
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6623 on 29.09.2018, Saturday, 17:01:08 »
Другари, искуство некој со HOTPOINT ARISTON машини за перење и сушење на алишта, значи не оние комбинираните две у едно, туку посебно перална, посебно сушара, како се погодени?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6624 on 30.09.2018, Sunday, 04:35:27 »
Ariston мислам дека се некој стандард шкарт. Исто како беко, индесит, поефтините бош модели. Би ти рекол присобери некој денар и удри на квалитет. Самсунг за нешто ситно плус се доста подобри или барем се лични за тие пари. Гига мислам имаше некоја зверска машина за перење.... Нека се изјасни :)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6625 on 30.09.2018, Sunday, 11:38:56 »
И јас ништо убаво не прочитав за ARISTON, затоа прашувам... Иначе ме изненади тоа што по ех-YU форумите доста ги фалат BEKO, а и тука што сум зборел со луѓе воглавно се задоволни од нив. Самсунг сепак ми е прескап, пошто треба да земам и перална и сушара, да беше едно нешто некако ќе го прежалев, ама за двете тешко... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #6626 on 30.09.2018, Sunday, 12:58:21 »
Beко се добра марка и исто така и Gorenje се добра марка но пред да купиш да ти кажам за сушарата да знаеш дека малку по малку ги собира алиштата :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6627 on 30.09.2018, Sunday, 13:14:26 »
Фрижидерот беко за нецела година ми пукна гумата што дихтова. Беко на попуст 21-22к, самсунг на попуст 26, редовна 30, кои радо би ги дал. башка коморите кај самсунг засебно се регулираат.
машина за садови пере само со минел лудвиг и финиш од најскапите. Сименс и други марки се супериорни во однос на нејзе. Сепак беко е економична на струја(компензира) и има инвертер мотор т.е. 10 год гаранција, а за другите немам информација.
Беко едниот шпорет прекидачот за рерна се стопи одма после гаранција, инаку 900 ден плус рака, а јас баш скапо наплаќам :D
Во машината за перење ако ставиш ќебе и ако не се балансира ќе ја бараш по комшии,така да лично мое искуство со беко- НЕ.
И јас се зезнав, не мораш и ти, мада јас бев во зорт затоа беко одбрав. Али од денешен аспект ќе семев самсунг филипс сименс не знам ти што, ќе почекав за машина за перење на пример, или во случајот твој земи машина за перење почекај за сушара.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6628 on 30.09.2018, Sunday, 13:16:05 (Edited 30.09.2018, Sunday, 13:32:09) »
Да, генерално земено, сушарите помалку собираат. Освен ако не сакаш алиштата да ти бидат полу мокри, па да лупнеш се од машината за перење во неа :P. Генерално земено, ако ја преполниш машината за перење, ќе треба да ги поделиш алиштата на две еднакви купчиња за да ги исушиш како што треба во сушара... некако така излегува, од прилика ;). Практични се, ама само зимно време, летно време не исплати.

Гига мислам имаше некоја зверска машина за перење.... Нека се изјасни :)

Да, ама таа на старо е земена од кај Амит, од Германија. Miele, така се вика брендот ;). Ги има и кај нас, се продаваат (на ново мислам), ама се многу скапи :S. Оваа на старо чинеше колку најевтината машина за перење на ново кај нас.

Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Miele
И јас ништо убаво не прочитав за ARISTON, затоа прашувам... Иначе ме изненади тоа што по ех-YU форумите доста ги фалат BEKO, а и тука што сум зборел со луѓе воглавно се задоволни од нив. Самсунг сепак ми е прескап, пошто треба да земам и перална и сушара, да беше едно нешто некако ќе го прежалев, ама за двете тешко... ;)

Beko генерално земено не се лоши... барем од она искуство јас што го имам. Не се ни премногу квалитетни, ни премногу за никаде. Си имаат своја производна линија за голем дел од уредите (за разлика од многу други бренодви кои скоро целосно се префрлија на no name кинески електроники за конторла) и во Турција се склопуваат, што и не е баш така лошо во денешно време, земајќи во предвид дека скоро се се произведува и склопува во Кина сега ::).

Земавме нов фрижидер Beko со Anti-Frost (или како и да се вика она кога нема кондензација на вода по ѕидовите на внатрешноста на фрижидерот :P), еве, веќе една година го користам, никаков проблем да чукнам во дрво ;). Исто имам купено и Beko телевизор CRT (поодамна, пред околу 17, 18 години), два пати го врнеше дожд, само го оставив да се исуши и работеше пак :D (стоеше под џам :P).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6629 on 30.09.2018, Sunday, 13:29:06 »
Гледам bicikle нема баш некое добро мислење за Beko, а и земал баш она што ти сакаш да земеш (машина за перење) ???... не знам што да кажам ???.

Мојата сушара е Candy, ја земавме пред една година... па, да бидам искрен, не можам да се пожалам, добро работи ;).

А да, и ако земаш сушара, провери по спецификации дали користи заменски филтри за честички (паѓаат од облеката, како прашина е) или сам може да ги чистиш. Гледај да можеш сам да ги чистиш бидејќи не знаеш дали ќе може да ги најдеш во продавница (да ги купиш) заменските по 5 или 6 години. Оние што сам може да ги чистиш, ги чистиш по секоје сушење, за разлика од оние што се заменски, што ги менуваш еднаш на 5, 6 месеци (зависи колку ја користиш), но верувај подобро така отколку да се најдеш во ситуација да не можеш да најдеш заменски филтер, па да си ја чукаш потоа главата ::)... или да мораш од странство да го нарачуваш. Некои и од заменските може да се чистат, ама не сите, зависи како се склопени. Ако се лиени или залепени, треба да ги кршиш :S.