А ќе има нешто што ќе го мери времето поминато на форумот?
Интересна функција беше
. И мене малку ми недостасува
. Не дека се јачав, туку ми јавуваше колку денови од животот имам утепано на форумов
... кога ќе видев, ми беше криво, ама кога ќе ми текнеше колку пријателства имам стекнато благодарение на форумов... не ми е
.
Како и да е, функцијата најверојатно нема да се врати. Ова беше дел од SMF 1.1.x. Во SMF 2.0.x ја нема. Сметале дека е непотребна и ја извадиле. Мислам дека начекав мод кој може да ја врати, но дури и да ја врати, можно е времето на сите да им е ресетирано од моментот кога почна да функционира новава верзија на форумот (не сум сигурен за ова, можно е ова да се има случено при конверзијата на базата).
Во секој случај, земено е во предвид барањето и ќе гледам ако може да ја имплементирам оваа функција
. Но ако забележам дека е ресетиран тајмерот на сите членови, искрено, не гледам поента да ја држам оваа функција активна.
Се разбира, има други приоритети пред овој, а како најголем би го навел поставувањето на форумот да биде на Македонски
(не на Англиски како сега).
Патем како да го зголемам фонтов?
Ctrl + +
.
Не е плус плус, како C++, туку е Ctrl плус знакот +
. И постојано ќе ти го јавува зголемен фонтот за форумов
.
И друго што приметив нема она "најави ме вечно"
Има, ама треба да се најавиш преку Login од лентата со алатики на форумот, не преку Quick Login (горе десно во аголот). Работам на тоа вечно да си најавен и преку Quick Login, ќе гледам да го имплементирам по подесување на скриптата на Македонски.
Само ќе наведам дека timeline за овие промени нема и дека имаат приоритет, но ако видам дека определена функција полесно се имплементира од некоја друга, можно е да се смени приоритетот. Значи, ова што го пишувам сега е планот сега за сега, што не значи дека можно е да се смени редоследот или планот во иднина.
Патем огласната ќе се враќа?
Не, LordZi пиша, нема да се враќа. Беше само товар за базата. Ако сакате да се зезате, пишете тука
.
А чат?
Чат е добра опција за оваков тип на форум.
Од што толку беше добра, последните две или три години никој не беше активен на него
. Јас кога и да се логирав, секогаш гледав дека некој се има логирано и скоро веднаш одлогирано, ама три дена предтходно
.
Дај не зезајте, реално гледано, на почетокот го користевме бидејќи сеуште ги немаше оние понуди кои мобилните оператори сега ги нудат. Ако сакате, разменете си броеви или Skype контакти и четувајте си до сабајле ако сакате. Ова е добра функција ако водиш интернационален форум, каде што член од Бангладеш сака да четува со член од Франција. Во секоја друга ситуација, нема потреба. И мене ми се допаѓаше на почетокот, и сеуште ми се допаѓа да бидам искрен, ама по првите две или три години, никој веќе не се ставаше на четот
... а разбирам и зошто. Секој веќе си има дел од денот кога е слободен и дел кога не е и не секој ден е ист со претходниот, па секој ден да бидам достапен online во исто време. Се менуваат приоритети и слободно време, така да, скоро никогаш не се погаѓа некој да е online со некој кој сака да четува со некој друг кој сака да четува.
Можно е да отворам poll и да видам како ќе гласате, па ако навистина има значителен број на гласови кои сакаат четот да се врати назад, ќе го вратам.
А ако сте четувале со швалерки за да не ве фатат жените на Facebook Messenger... аман бе, има и поедноставни начини
.
EDIT: Предлог за favicon
. Кажете што мислите
.
Голема резолуција:
Мала резолуција (16 x 16 пиксели, колку што реално ќе биде):