Зависи од верзијата на Android, но, со се што е над 6.0 би требало да може без дополнителни апликации. Пушташ Wi-Fi, го врзуваш на USB, подесуваш tether (не USB Mass Storage) и би требало да работи
.
Е сега, не знам дали ќе издржи full HD со 54Mbps. Зависи и дали декодирањето ќе го прави телевизорот или PC-то, а телевизорот само ќе го прикажува декодираниот сигнал (не сум правел вакви работи до сега). Ако сигналот го праќа некомпресиран (декодира PC-то и сигналот е full HD RAW), можно е да сецка (5MB/s и не е баш така многу, особено не за multimedia streaming, а практично ова е тоа, само на локално ниво, во рамки на една локална мрежа). Ако декодирањето го прави телевизорот, најверојатно нема да има проблем и со full HD сигнал, под услов видео фајлот да не е кодиран со некој баснословно виок bitrate. Практично, се што е кодирано со x264 до 25Mbps би требало без проблем да се прикаже на телевизорот.
Се разбира, ова е совршено сценарио. Ако му текне на некој во домот да пушти да симнува torrent преку лаптоп (Wi-Fi), можно е да почне да сецка. Тие 54Mbps што ги има на располагање Wi-Fi картицата на рутерот ги дели на сите корисници во мрежата и освен ако немаш дефинирано во рутерот QoS, нема правило како ќе го распредели тој bandwidth.