Author Topic: Случајни муабети  (Read 1122208 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6285 on 22.04.2017, Saturday, 19:13:06 (Edited 22.04.2017, Saturday, 19:19:52) »
Пресметката ти е на место, нели спомнав правоаголен триаголнк, е сега ако се навратиме на теоријата за правоаголен траголник ќе забележиме дека висината спуштена кон хипотенузата (како основа) не може да надминува 1/2 од хипотенузата(це) односно во конкретниот случај не треба да биде подолга од 5,5цм, во спротивно триаголникот не го исполнува условот да е правоаголен. Ова е трик прашање, поентата е да се воочи грешката, а не да се провери дали некој знае да ја пресмета плоштината. Како што спомнав било дадено на интервју од страна на микрософт со цел да се види колку идните работници ќе ја воочат нелогичноста.

Апсолутно дека не може да биде. Секој правоаголен триаголник може да се „вметне“ во круг каде што хипотенузата е дијаметар на кругот. Всушност, ова е најдедноставен начин да направиш правоаголен триаголник, ако немаш линијар при рака. Нацртај круг со конче, клинче и моливче или пенкало, повлечи права линија низ центарот на кругот (дијаметарот), избери една точка на кругот (било која, само да не е некоја од оние со кои се сечат правата и кругот), повлечи од неа прави кон двете пресечни точки на веќе направената права која поминува низ центарот на кругот (дијаметарот) и ете ти правоаголен триаголник ;). Било која точка на кругот да ја избереш, аголот кој го оформува таа точка со дијаметарот на кругот, секогаш ќе биде 90 степени ;).

Е сега, апсолутно логично е дека висината кај овој триаголник (правоаголниот) не може да биде поголема од половина хипотенуза. Зошто? Пак ќе го земам претходниот пример. Од точката која го оформува правиот агол спушти висина кон хипотенузата (дијаметарот на кругот). Максималната должина на таа отсечка може да биде радиусот на кругот, кој е всушност половина дијаметар ;). И во таква ситуација, кога висината на правоаголниот триаголник е точно половина од хипотренузата, добиваш рамнокрак правоаголен триаголник ;).

Имаше порано финти во програмирање кои се користеа за брза проверка на вакви работи. На пример, задаваш страни на триаголник и треба некој софтвер да провери дали е правоаголен или не. Баш вакви финти се користеа за брза проверка ;).

Ама ова порано, кога тактот на работа на процесорите беше мноооогу понизок од денешниот. Порано мораше да се оптмизира, а CAD и CAE програмите не се од вчера. Порано, да бидеш developer (тогаш, мене ако ме прашате, го имаа баш вистинскиот назив, ги викаа coders ;), е тоа е тоа, порано да бидеш coder беше... WOW :o) беше... квантна физика... требаше да знаеш се, од ASM до C++, Delphi, Java... сега... само C# или некој друг програмски јазик на база на .NET и бркај работа ::).

Лесно е да работиш со 10 јадрен процесор на 4GHz. Ај да те видам истото направи го на PII на 233MHz ;). Е, тоа е уметност ;)... која, за жал, изумира. Фирмиве бараат се побрз развој на софтвер, а со тоа се губи уметноста во оптимизација на софтверот :S... а да не зборувам и за малиот милион на bug-ови кои се јавуваат поради компатибилност/некомпатибилност на развојните околини со... кој знае која верзија на Windows, distro на Linux или што ти ја знам :S.

Како што споменав, не знам која марка се конкретно мониторите што ги имаш, али во последно све е "made in china. Последно користев кондензатори од алпина засилувач, испукаа како каписли, па од тогаш накако не ми е верно да ставам стари кондензатори. Точно дека може да се најде добар кондензатор, али секако немам моментално залихи на стари уреди па пре би зел нов кондензатор него стар уред.

Епа јас пак, имам залиха на стари уреди и имам од што да вадам и да пробувам, испитувам, мерам, итн.

А од засилувачи, да знаеш, џабе вадиш. Ако е понов модел, таму само шљам (Кинески) има. Извади од некој CRT монитор или телевизор (ама од некој brand name постар) да видиш што е кондензатор ;). Тие се наменети за работа во високофреквентни секции и во импулсни режими. Тие се магариња ;). Тие терале 10 или 20 години и ќе тераат барем уште толку ;), верувај ;). Тие дури и да подујат, пак тераат. Ми се има и ова случено. Ми го носат пак еден монитор поради... сосема трета работа (не беше поврзано со напојувачка секција, мислам дека беше нешто со VGA конекторот). Претходно сум сменил кондензатори (подуени биле) и сега го отварам, пак еден е малку подуен. Ама Rubycon беше, подуен ама маме му е*ам, не паѓа напон бе :o. Мерам напон на излез од него, толку колку што треба да биде. Го вадам, му мерам капацитивност, малку падната (мислам дека беше 1000uF, му измерив 800 и нешто uF). Кај Кинескине, малку да е подуен, мери капацитивност, барем на 1/3 од декларираната е. Го ставам пак назад, чисто ме интересираше колку грее (ако се подуени, обично многу греат), го допирам... толичок... мислам, може да се држи со рака. Без разлика, и него го сменив, ставив еден со поголема капацитивност (нека има фазла, не е проблем тоа во SMPS секции ;)), ама пак, ете ти доказ. Тој можеби ќе терал така уште... па кој знае колку... дур не планирале да го фрлат мониторот бидејќи сакале нов со HDMI ;D.

Секогаш сум гледал кутијата да ја одржам на некока нормална температура, па сум немал проблем со нови кондензатори, да претежно сум вградувал вентилаторче да луфтира.

Е затоа не си имал проблеми. Тие Кинеските под default си греат... и тоа бааги.

Ај вака, направи тест. Земи SMPS од PC, монтирај го на некоја плоча (по можност, на некоја P4, 478 Socket, не поради друго, P4-ките греат у ПМ кога се оптоварени), пушти некој CPU/GPU stress tester (јас обично го користам Heavy Load, најпрост ми е затоа, а има и многу други и со многу понапредни функции), отвори го напојувањето (само капакот е доволно, не мора и кулерот да го гасиш, иако тоа е поентата, ама вака, со изваден капак, тој ќе влече од секаде воздух и практично, нема добро да го лади тоа што треба да го лади) и остави го така да работи некое време, со пуштен CPU stress test. Доволно е 15, 20 минути. Допри ги кондензаторите на секундар. Ама 100% нема да можеш да ги држиш повеќе од секунда или две... значи некаде околу 60 степени развиле. Ај потоа замени ги со brand name кондензатори од стари уреди и пак направи го истиот тест. 100% ќе бидат само млаки ;).

Знам бидејќи го имам правено тестов, и тоа неколку пати со различни кондензатори од различни годишта (постари, понови)... секогаш стигнував до истиот заклучок, само млаки беа ;).

А тоа со Егејците и Власите, шала беше ;) ;D. И јас имам другар Влав, троши пари ко луд ;D. Денес зема плата, по два дена, денар нема ;D. Поентата ми беше, Кинезиве се посебна сорта. Ништо не смее да се фрли, се мора да се продаде, како знаете и умеете, ребрендирајте, менувајте налепници, што сакате правете, само продадете го.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6286 on 22.04.2017, Saturday, 20:34:44 »
Yep Gw таа е теоријата, само обратно некако ми е кажа-над секој полукруг може да се нацртаат безконечно многу правоаголни триаголници со хипотенуза D(дијаметатор на кругот) и прав агол чие што теме допира било која точка од лакот. Последиците од тоа се баш тие што ги кажа. Без навреда, ретко кој би се досетил на тоа, секој би лупнал 33цм..
Без разлика во кој јазик програмираш, тоа е едини начин од питагора па навака да провериш каков е триаголникот :) 1000% Си во право кога велиш дека поранешноте програмери т.е. кодери беа "богови".  Денес секој трет е јава девелопер, секој втор шлапа апликации за андроид, демек програмирале нешто. Да не се навреди некој, ама постарите генерации беа (и уште се)  страва. Е сега, и платите се соодветни, поранешните програмери земаат 7-8xденешниве. Имав среќа да имам колега, повозрасен на факс, да не беше тој уште ќе полајав ц++. Како ги знаеше работите, значи да го слушаш и да уживаш, значи секој симбол знаеше што точно прави во кодот, како се полни меморијата па преку бриџојте во кешот па во алу итн итн... Змај од човек. Од А до Ш. Секоја чест.
Алпина сепак, барем на времето беше поим. Уредот беше во неговата 20+ година така да не верувам баш дека беше кинески. Секако ако ми налета некоја цтр-ка, прво ќе го оперирам па ќе го фрлам :) Кондензаторите уствари ги грее риплето. Нај безбедно ми е да ги проверам во празен од^ колку струја влече, оти и ако е пробиен знае да извади добар еср, али набрзо ќе пукне. Ако е за пеглање никогаш не е на одмет поголем капацитет, па така да ко ќе врзиш паралелно 3-4 кондензатори плус 2-3 пластични ќе добиеш многу подобар еср него ли еден, ма каков сака нека е.
Ретко кои брендови произведуваат мулти секциски кондензатори, кои уствари се неколку кондензатори во едно куќиште.
Е сега редно е да кажам нели и за риплето зошто грее. Ако сме пресметале за некој уред ни е потребен кондензатор од 4700uf 12v и сме ставиле еден таков, тоа во пракса значи дека при максимален терет 1/3 од ел. енергија ќе ја снабдува кондензаторот. За линеарно напојување на 50херци значи дека постојано ќе влечиме од кондензаторот некои 20w ( бидејќи таков кондензатор би одговарал за потрошувач од 5А) т.е. тие 20 w ќе врват низ кондензатор, односно ќе се полни и празни константно. Секако дека тој проток ќе ослободи и топлинска енергија. Меѓутоа ако ставиме 5 кондрнзатори од 1000uf тој терет ќе се распредели рамномерно, па така греењето ќе се намали, а секако тие 5 кондензатори би имале и похолема површина(за дисипација).
Малце можда вон контекст, али кога сме веќе кај кондензаторите го споменав и тоа... :)
Кинезите си се кинези, племе норвешко :) мада на али сум начекал ефтини работи и доста солидни, колку што може да се очекува од еден кинез:)затоа пак, за 2-3$ регулатор, полнач и рано разни ситници кој ти дава :)
Ако си загледал, на ибеј истите производи се 2-3x по скапи, и пишува "кина".
Така да мислам дека времињата на квалитет се минато :(
Ретки се тие примероци кај што ќе најдеш квалитет.
Пред извесно време купив алпина тајп р, и на мое непријатно изненадување, по уса лиценца, мекд ин кина. Брзо пушти лепакот од намотката. Денеска секој призводител гледа да помине поефтино, уредот да го помине гарантниот рок, да се расипе и потршувачот да си земе нов модел...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6287 on 23.04.2017, Sunday, 03:25:11 »
Апсолутно дека ако е пробиен ќе извади низок ESR, ама нема да извади капацитивност ;D... т.е. ќе има капацитивност нула или тука некаде. Тоа ти е вториот индикатор. Не е само „а, има низок ESR, ОК е“. Јас мерам и капацитивност, па тек тогаш можам да кажам „ОК е“.

А дека од Кинезиве може да се најдат и евтини а солидни работи, да, апсолутно ;). Еве, јас нарачав еден програматор за 24/25 ЕЕPROM-и, супер е, за цената е одличен (мислам 2 или 3 долари дека беше). А и изработката му е одлична ;).

А за место за купување, јас баш на ebay имам начекувано пониски цени во однос на aliexpress. Ретко нешто да е поевтино на aliexpress. Еве, дај некој производ кој си го нашол на aliexpress, на ebay сигурно го има или со иста цена или со пониска. А дека се Кинески... па се е Кинеско ;D.

А поентата е таа, да, да се оди на масовна потрошувачка... што води и кон поголемо загадување, ама тоа нема везе, профитот е најважен. А што попат ќе има милиони тони електронски отпад на кој не знаат што да му прават бидејќи не можат се од него да рециклираат, тоа нема везе ::). Тоа е тоа... ќе си се угушиме во сопствените го*на ::).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6288 on 23.04.2017, Sunday, 05:08:51 »
Не е само отпадот, ами и производството загадува.
Со се поштарина? Баш варав cree xml...  исти се цените, оригиналот се 3-4$ и вамо и тамо. Само не знам колку се баш и оригинал. Нарачав една за 1.30$ ок е за парите ама не е cree xml...

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6289 on 23.04.2017, Sunday, 10:50:11 »
Денес на менито - сортирање потенциометри... :P ::)

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6290 on 23.04.2017, Sunday, 11:39:39 »
Само да знаеш како ми се потребни вакви,  очајно. ;) ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6291 on 23.04.2017, Sunday, 12:18:37 »
На  бувљак да не ги начека?  ;D

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6292 on 23.04.2017, Sunday, 12:33:10 »
Не, не идам више на бувљак, ова се резерви од пакетите со зимница... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6293 on 23.04.2017, Sunday, 12:37:49 (Edited 23.04.2017, Sunday, 12:39:22) »
Со се поштарина? Баш варав cree xml...  исти се цените, оригиналот се 3-4$ и вамо и тамо. Само не знам колку се баш и оригинал. Нарачав една за 1.30$ ок е за парите ама не е cree xml...

Не знам дали е со поштарина. Јас обично барам со free shipping. Не можам да се зезам да пресметувам и shipping, ама најчесто за ситници, цените се тука некаде. Ако е со free shipping, малку е повисока, ако е без free shipping, пониска е, ама кога ќе пресметаш и цена за shipping, тука некаде доаѓа.

Би требало да брка работа. Имам добро искуство со Кинески копии од познати брендови на ebay ;).

@LordZi: Јака ти душа ;D. Јас се тоа ставам во една кеса и... ако ми треба нешто, си буричкам ;D.

Не, не идам више на бувљак, ова се резерви од пакетите со зимница... :D

Хахахахахаха ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6294 on 26.04.2017, Wednesday, 05:27:50 »
кој беше условот да се добие имејл со @електроника-мк.нет??
d.t

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6295 on 26.04.2017, Wednesday, 08:43:43 »
Порано имаше услов бидејќи постоеше една подсекција од форумот која веќе не постои. Сега, само администрацијата може да има mail на elektronika-mk.net... и членовите кои добија уште на времето... ако воопшто уште работат тие forwarder-и бидејќи три пати се менуваше hosting-от, а само тоа и беа, forwarder-и, препраќаа од една mail адреса на друга. Практично, може само да примаш mail-ови на таа адреса (препраќа на некој друг mail, yahoo, gmail...), ама не може и да праќаш од таа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #6296 on 26.04.2017, Wednesday, 09:32:14 »
Да, едно време постоеше ВИП дел на форумот во кој имаа пристап по заслужни членови, но почнаа и злоупотреби од страна на некои од тие членови со тоа што изнесуваа материјали од тамо и тајно ги споделуваа со други кои не беа во ВИП делот. На крај се се откри и веке немаше смисла да постои тој дел од форумот па го укинавме. Од друга страна се бунеа и тие што не беа членови на тој дел,  сакаа да бидат иако не ги исполнуваа условите. Со укинувањето на ВИП делот престана да функџионира доделувањето на мејлови.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6297 on 26.04.2017, Wednesday, 13:29:38 »
Така ми текна да прашам,почнав пак да се враќам на форумот не бев активен долго време па викам дај неш некоја привилегија да добијам :D
d.t

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6298 on 29.04.2017, Saturday, 10:02:09 »
Ај да прашам тука би требало да има некој шо знај. Ко ќе напрам налепница за електро табла која што ја лепам на пластична кутија, од ко ќе ја залепам по неколку дена ќе набабри и се знат онакви како меурчиња со воздух, како да не е убо залепено. Па прашањето ми е дали има некоја техника на лепење дали со плус лепак предходно да ја намачкам кутијата или па отпослем да ја прснам со некој спреј за надворешна заштита ?Па ако се има некој сретано со овој проблем споделете мислење.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #6299 on 29.04.2017, Saturday, 19:39:51 »
За почетници е пожелно површината на која се лепи налепницата да се премачка со сјај, на пример, или некое такво средство,Налепницата се лепи и со гумена трака ( она за џамови миење,за кола, како шпакла што е !) добро да се истрлка и со крпа да се собере вишокот сјај ! 8) 8) Како по дома прозори да бришеш! Кога ке се исуши наленицата немаш такви проблеми. ;D ;D