Недостасува твоето (GigaWatt) мислење или искуство, а се однесува на напојување со секундарни напони.
Не сватив што точно сакаш да кажеш со ова
.
Тоа е најмал проблем со приклучоците. Проблемот е во вплеткувањето на каблите од примар и секундар.
Ако ова беше она што сакаше да го кажеш со претходната реплика, да, се разбира дека секогаш ќе се јави овој проблем... но само кај оние уреди кои користат врска од типот на „AC штекер --> AC кабел --> AC/DC адаптер/конвертор --> DC кабел --> уред“. Кај напојувања кај кои е интегрирано напојувањето во самиот штекер (што на времето ги викавме „адаптери“
), нема да се јави овој проблем
... освен ако не се преплетка кабелот од продолжниот AC кабел со DC кабелот од уредот, тогаш да, може да се јави овој проблем. Ама и во вакви ситуации, ако за DC кабелот се користи оклопен кабел, влијанието се намалува значително
. Е сега, да, ретка е ситуацијата кога Кинезиве користат оклопни кабли
, но затоа обично имам навика што и да купам Кинеско да го преправам по мој терк
, така да, барем јас лично, немам вакви проблеми. Производители на бренд опрема обично водат сметка за вакви работи (оклопни кабли за DC напојување и слично), така да, кај нив ситуацијата не е толку критична. Еве, на пример, немам начекано лаптоп кај кој фабричкото напојување (не оние компатибилните од 1000 денари) не е изведено со оклопен DC кабел
.
А околу "All-In-One" напојувањето, да, ако имаш финансии да си дозволиш резервно, тогаш да, вреди да инвестираш
. Е сега, може па друг проблем да се јави: доаѓа нов уред кој треба да се постави на постоечката „инсталација“, арно ама, не на локацијата на која се сите останати уреди. А ова и не е баш така ретка ситуација, техникава толку брзо напредува што уред кој до пред некое време вршел работа, по година или две е веќе спор и неупотреблив, така да, или треба да се замени или да се додаде нов во системот. И сега, можам да земам напон за напојување на него од "All-In-One напојувањето, арно ама, не може да стои каде што стојат сите останати уреди... и пак, на крајот морам да го искористам фабричкото и да зафатам уште еден слободен штекер на местото каде што планирам да го поставам :S.
Мислам дека нема совршена солуција за овој проблем. И едното и другото решение си имаат предности и недостатоци.