Многу јаки луѓе има на IRC. Има премногу луѓе шо можат да ти поможат и да те научат !
Тоа не негирам, сигурно дека е така... и на времето имаше, и сега сигурно има. Само што, како што пишав, најчесто за тие канали, каде што најчесто „киснат“ (стар термин, останат од времето
) тие луѓе, треба invite... порано не беше баш така. Ретко за кои канали требаше invite.
Муабетов ме потсети. Некој да не е случајно член на sonsivri
?
Незнам кој сервер си го посетувал, но freenode мрежата е најактивната IRC мрежа во светот. Скоро секој open source software/hardware проект има свој канал таму. Скоро секоја хакерска заедница/хаклаб/мејкерспејс си четува таму :-)
Порано, повеќето warez групи беа на undernet. Некои беа и на freenode и на dalnet, ама повеќето беа на undernet. Сега веќе во nfo-ата нема ни contact, а камо ли да имаат наведено IRC канал. А и да имаат, пак, ти треба invite... и дури и да го имам, треба да киснам на каналот, да праам муабет, да ме запознаат луѓе, тинтири минтири, па тек тогаш да почнат да имаат доверба и доколку побарам помош за нешто, да ми помогнат. Немам ни нерви ни време за тоа веќе.
Затоа повеќе преферирам форуми последниве 10-тина години. Активен сум јас кога сакам да сум, т.е. кога јас имам слободно време, а не „пошто зашто“ да морам 24/7 да бидам активен на канал
.
Интересно е што сеуште активно се користи IRC, до пред некое време мислев дека е скоро е замрен IRCот но на Freenode растураат, има многу активни канали. Ме интересира, зошто баш IRC, зошто не комуницираат преку друг тип на комуникација како skype, viber, mesanger, zello и слични програми кои овозможуваат разговори во група. Преку нив ако во моментот не си онлајн, попосле ке видиш што се пишувало а на IRC ако не си тамово моментот, одпосле не можеш да видиш што пишувале во каналот. Дали се работи за IRC носталгија, или има некоја предност?
Тоа е традиција. По својот изглед, IRC-от многу потсеќа на BBS-ите од крајот на 80-тите од претходниот век, кога почнува да се развива целата таа hack/warez заедница. Освен тоа, IRC-от дозволува енкрипција на комуникацијата и не се базира на proprietary протоколи како Viber, Skype и сите останати модерни протоколи и програми наменети за „обичните смртници“
. Освен тоа, IRC не доаѓа со еден куп bloatware, spyware, adware, highly customizable е и има одлична поддршка за скоро сите оперативни системи кои постојат на планетава... а можеби и за некои вонземски
, немам проверено
.