@Atanas
Твојот професор, кој е да е е заслужува воспитна ШАМАРЧИНА
Никогаш не било правило дека гимназијалците од математички смер се подобри на електрофакултетите од тие што учеа 4 години средно електро. Со чест на исклучоци се разбира, но тоа е до ученикот а не до гимназиското образование.
Јас сум видел дипломиран машински инжинер што вентилите од мотор со внатрешно согорување ги нарече клипови! Никогаш не видел во животот отворен мотор од автомобил а има титула ејјјјјјј Дипл. маш. Инжинер. И некој таков утре или другиден ќе ми биде претпоставен. Па има в лице да му се смеам.
Истиот тој машински инжинер заврше машински факултет а беше дојден од гимназија. Не иде тоа бе! А законски е дозволено, да.
Тоа е исто како јас од средно техничко училиште да одам да студирам за хирург, а не знам ни колку коски има во човековото тело како и латинските имиња на внатрешните органи. Комплетно анатомијата на човекот не ја знам а сум хирург. Е како да не, ни за ајван доктор нема да ме бива.
Да не се разбереме погрешно. Гимназиското образование е прекрасно образование, нема никогаш да речам дека не чини. гимназиското образование е повеќе ако одиш на Правен факултет, Факултет за безбедност, Филозофски факултет, Филолошки факултет, Воена академија, политички науки, односно на факултети кои не бараат насочено образование.Јас од средно машинско се запишав на машински факултет но не дозавршив, имам чисти две години. Со мене студираше еден В.С. од Охрид. Дипломира со 10-ка. По неколку месеци дојде кај мене за да види како изгледа Струг, односно за прв пат во животот да види дребонг, а дипломира на таа тема. И тој беше гимназијалец.
Ајде да разјасниме.
Пример 1.
Двајца одлични средношколци, еден гимназијалец, а друг од електро.
Двата дипломираат со 10-ка на електрофакултет. Зошто велам дека тој што учел електро е подобар?
Бидејќи на електро факултет нема да те учат на основите на електротехниката, се оди на виша математика. Во таков случај гимназијалецот нема да знае што е катодна цевка од телевизор, а за лемење да не правиме муабет.
Пример 2.
Двајца одлични средношколци, еден гимназијалец, а друг од електро. Двата дипломираат со 10-ка на правен факултет. Е тука гимназијалецот ќе биде и те како подобар од тој што се запиша од средно електро. Гимназијалецот во гимназија додека беше, учеше општествени предмети и многу подобро ќе се снајде во струката отколку овај другиот, односно на сите факултети кои погоре ги обележав со потемно.
Според мене........Кога се запишува некој во средно, мора да знае што сака. Доколку некој сака да студира на политички науки, или да студира на горенаведените факултети кои ги обележав со потемна боја што мајка бара да се запише во медицинско средно училиште кога медицината воопшто не го интересира!? Подобро истиот да оди во гимназија и дури тогаш на факултетот за политички науки.
Истото е и со насочените струки, насочено средно одлично се вклопува со факултет од истиот смер.
Но чекај?
кој сум јас да зборувам за ова? Законски е дозволено да се направи кајгана и бучкуриш меѓу средно и високо образование.
Јас дадов само мое мислење како гледам на овие работи, а кој каде ќе се запише е негова работа и негово право.
П.С. Почитувани форумџии кои сте завршиле гимназиско образование..... Ве молам не ме сфаќајте погрешно. Јас тука не го нападнав гимназиското образование, туку напротив реков дека тоа е прекрасно образование кое најдобро се вклопува со општествените науки.