Професоре,Том и Џери се премногу пријателски настроени еден кон друг.Да ми е Атанас тука некаде со чврги ќе го ударам.
Има луге не знаат,ама прашаат и знаењето го примаат како лакмус.Со такви лесно се работи.Ама Атанас е самобендисан и мисли дека саамо ке погледне нешто и се знае! Сум имал како него добри деца,ама промашени електроничари! Треба да се започне систематски да се учи,од А буквата, па натаму.Овој Атанас сака веднаш да направи нешто ( и тој не знае што) и да биде во *центар* на вниманието! Ама,за тоа да се случи треба многу хартија * да лапнеш*.Сум видел случаи кога дечки сакале веднаш,без детекторски приемник да направат,да направат радио-станица! Им велиш дека не оди тоа така,па тајно купуваат делови,трошат пари.Еден родител ми дојде и се лути што не сум им помогнел!?? На кого да помогнам?? Јас велам не знам и дека прават станица!!! И на крај се отиде во ѓубре бидејќи на прво пуштање едноставно се зачурело.Наравоучение : *Не се јаде се што лета!*
Споено мислење: 12.08.2015, Wednesday, 18:06:14
*Можеби изгледам смешен, но таа е реалноста. Мене нема кој да ми поажи што и како треба, затоа барам помош на форумот.*
Овој цитат е смешен и тажен истовремено.Мислам дека само јас на Форумов се отепав пишувајќи што и како да работиш! Ама ,ти си тврдоглав и како велат кумановци * Бацко Ѓорѓија се што видеја,се сака да је његово !*.Ало.не троши пари без врска,започни со едноставни конструкции за почетници,не оди со непроверени и гломазни проекти,без некоја реална примена.