Колеги, ако може да ве замолам за помош, имам грамофон, всушност цел уред што вклучува грамофон, магнетофон и радио, е сега иглата од грамофонот ми се скрши (беше многу стара) и порачав нова, стигна и ја наместив. Но имам еден проблем, многу често, на секои неколку минути скока и го врти истото се додека не го потерам малку, и цело време скока на истите места. Разбирам дека скокањето е поради тоа што имаат гребнатини некои плочи, но некои плочи што се пуштени само 2-3 пати (скоро нови) и на нив скока иглата. Пробав да го подесувам тегот и anti-skate силата, има минимален ефект, има уште неколку опции, незнам за што служат а го нема прирачникот, некој поискусен да каже?
Еве слика, контролата за брзината на вртење не е прикажана (уствари е ама не се гледа најдобро...)...