Батка Атанас ,абе немам време многу да се занимавам со теми направени за натпреварите- за тоа си имаш наставник!
Второ,кај тебе и кај останати вакви *проектанти* е што се буквално препишувате! А наставничката верувам не го ни прочитала.
Еве само еден пример:
Трансформаторот е изграден од следните делови:
-Магнетно коло (
??)
-Намотки ( примарна и секундарна)
-Изолација
па даваш симбол на трансформатор со јадро.Погоре имаш дадено вакво нешто:
Трансформаторот се состои од затворено челично јадро, на кое се наврени два калема од изолирана жица, со определен број на навивки.
Не знам што е тоа магнетно коло - веројатно некој нов израз за трансформатрско јадро ! Или сум грешка??
Или :
“Приборот што служи за лесна и економична промена на напонот и јачината на
наизменичната струја, со непроменета фреквенција, се вика трансформатор. “
Уште еден многу лош ( веројатно не е твој превод ова! ) превод на македонски од странска стручна литература.
Потоа даваш куп формули ,ама никаков решен пример.Каде е тука твојот прорачун за проектот??
И на крај велиш :
Заклучок:
Овој уред, до сега нема голема примена. Таа може да се користи во затворени простории, со ограничен домет на струите. На пример овој уред може да се користи за:
Осветлување на LED-диоди (светилки)
Полнење на батерии
Користење на безжичната енергија за напојување на некој уред и слично
За ова освен тебе мора и наставничката да размисли, бидејќи за ваков БИСЕР и Никола Тесла би се замислил и би полнел батерии ( за телефон) ,ако ништо друго .
Те молам без прозивање понатаму.Не сум должен да прегледувам домашни и оцени да ставам!
Споено мислење: [time]07 Април 2015, 15:43:08[/time]
Не ме чуди ова погоре.На линкот
http://bro.gov.mk/docs/standardi/osnovno/fizika/fizika_VIII.pdf
ке најдете страшни работи - што се треба да знае еден ученик во 8 одделение
-последното е добро - мора да знае да пали оган со дурбин!!
Иначе,општоприфаен поим е дека трансформаторот е статичен електромагнетен уред.