Значи вака, сакам да ве прашам нешто околу Теслин трансформатор, што го зедов од училиште. За истиот трансформатор КилоВолт има отворено тема на овој форум. [подолу ќе оставам линк] Значи вака. Го зедов со цел да го модифицирам според моите потреби, и да го носам на натпревар. Арно ама, за моја несреќа имаше некој проблем со секундарната намотк. Се случи што се случи, го однесов на винклер тие го премотаа со жива 0.18 бидејќи немале како оригиналната која беше 0.16. Е сега моето прашање беше, откако ја премотаа намотката, калемот како и да е. Тој не функционира, воопшто. А со други намотки, направени од КилоВолт, функционира, меѓутоа фреквенцијата е помала и искрите се помали и потенки. Асоцирајте ме во што би можел да биде проблемот. Да барам нов проект, или нов Винклер за одново да го премота, али да не ги фрлам парите повторно за џабе.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12046.0