После толку време, барање добра литература, од областа на електрониката и физиката, дојдов до книгата со наслов "Физика на полупроводнички елементи". Сеуште ја немам почнато да ја читам, но ја прелистав и забележав дека е поделена на пет делови, од кои секој има свој поднаслов.
1.Физика на полупроводници
2.Градбени блокови на елементите
3.Транзистори
4.Негативна отпорност и електрични уреди
5.Фотонски уреди и сензори
Мислење, од тој што ја има прочитано, и да ми кажите дали е добра за почеток? Бидејќи тие другите книги, "Мала школа електроникe" ги немаше, и наидов на оваа, и затоа ја зедов. Книгата прилично е обемна, 800+ страни, има и доста илустрации. Ваше мислење?