Не мешајте Македонски правопис со странцизми.За февруари се знае дека правописно е со В, а не со Б.Ама ,за странцизмите- особено турцизми јас се расправам и со овие мои Велешани што се кажуваат дека се Турци,ама често пати или не знаат воопшто да ми преведат нешто ,или го прават погрешно.Годинешниот добитник на Рациновото признание е Македонец од турско потекло и се вика Илхами Емин.Има 82 години и има издадено Толковник на турцизми на македонски јазик.Кој сака да знае малку повеќе за тие изрази кои секојдневно ги користиме,нека побара и прочита.