По некое непишано правило, по мое асоцира на нешто магнетно..
Па да, и мене прва асоцијација ми беше тоа, ама не ќе да е тоа
.
Кај фрижидерите од Горење ( длабоко замрзнување) има прекинувач кој се пали кога ке светне црвената сијалица ( знак дека температурата паднала) за побргу уредот да ја постигне зададената температура ( нешто како турбо -прекинувач).Најчесто го употребувам наесен кога го полнам длабокиот со зимница,месо или слично во поголеми количини.Кога ке го отворам температурата паѓа и за да се постигне побрзо оптимумот,кога ке светне црвената сијалица си го палам копчето и за 10 тина минути ,црвеното се гаси и си работи само зеленото.Си го исклучувам прекинувачот и фризот си ја одржава со помала енергија зададената температура.
Аха, па некако така и јас мислев дека работи
. Кога портокаловиот прекинувач свети, тогаш е во S позиција и тогаш се пушта компресорот во работа. Инаку, работи и кога е во N позиција (не свети портокаловиот прекинувач), ама забележав дека кога е во N позиција си работи некако „нормално“ (претпоставувам дека од тоа е и акронимот N, Normal), а кога ќе биде во S позиција (претпоставувам ова е акроним за Super или нешто слично на ова), исто така работи компресорот, ама се пали на помали временски интервали и останува пуштен подолго време.
Изгледа е како што пиша, S-от е изгледа за „турбо мод“
, како на PI и 486-ките
(само што кај нив, во повеќето случаи, копчето само пушташе неколку LED диоди на Turbo дисплејот и немаше нитуеден конектор врзан за матичната плоча
... со други зборови, лажги со опашки
).