Не може да ни забележите што сме сомничави бидејќи имавме премногу ситуации со multiusing, во минатото, не сега. Да не зборувам за тоа што откако е зачленет AMPER, има post-ирано само во секцијата за продавање, а во претходни post-ови во оваа тема, Processor тврди дека сеуште разгледуваат каде да post-ираат. Ај, за Processor, можеби ова е точно бидејќи е зачленет пред 5 дена, ама ова сигурно не е точно за AMPER, зачленет е пред месец и половина на форумов. Па до сега, секој ден по 10-тина теми да гледаше, ќе разгледаше 450 теми и сигурно една ќе му се видеше како интересна и ќе сакаше нешто да пише во неа. AMPER е тука очигледно само да продава. Немаме ништо против тоа, има членови и кои само продаваат, немаме ништо против тоа. Сепак, мора да признаете дека форумов не е првично за купи/продај, туку за електроника, така да, не може да очекувате да имаме одлично мислење за членовите кои само продаваат. Па уште ако се појави некој кој очигледно продава исти работи како некој друг член (за тоа не мора да се следи IP, доволно е да се види стилот на post-ирање), сигурно ќе падне сомнеж за multiusing.
Слободно огласувајте си што сакате, но не огласувајте работи кои на едно место се под едно име, а на друго место, под друго. Јасно е дека фамилијарно си делите работи (нормална работа, секоја фамилија го прави тоа), но збунувачки е. Ако некој купи нешто од Processor и сака да му остави позитивен коментар во темата за коментари, за кого да го остави, за AMPER или за Processor? Чиво е она кое што се продавало, на AMPER или на Processor?
Сакам и еден совет да ви дадам, чисто како предлог, не е задолжително, се разбира. Научете да ротирате слики. Не дека не можам јас да го направам тоа, можам, но ако некој сака нешто да продаде или нуди некаков тип на услуга, редно е да го презентира она што го продава или да се презентира себеси во најдобро можно светло, нели
?
И, за крај, во темата со правилата на форумот имаме пишано дека е забрането multiusing. Знаете дека сигурно делите иста IP и дека можно е падне сомнеж. За да не дојде до ваква ситуација, едноставно можевте да пишете PM до некој модератор или администратор и да ја објасневте ситуацијата. Никој не бара да ни ги наведувате роднинските врски, но добро ќе беше прво на нас да ни се обратевте и да разјасните, за да не дојде до ваква несакана ситуација.