Нормална температура му е 56степени малце оптеретување скока 60-65 и крашува.
Друже, само една работа ќе ти кажам, не ти е одржувано PC-то
. Не иде така работата, треба да се чисти целосно еднаш годишно, особено ако работиш често на него. Еве, и јас имав некој проблем со PC-во, ако малку се оптеретат HDD-ињата, почнуваа да „кликаат“. Јас си мислев, готово отидоа податоците. Ај, викам, можеби ќе можам да ја оправам ситуацијата, почнав да се сомневам во напојувањето бидејќи имам прилично голема плоча и Core2Duo на неа кој е клокан, така да, си реков, можеби прилично многу струја влече од напојувањето, па паѓа напонот, а напојувањето ми е некое SP Power, Кинеско, така да, почнав да се сомневам во него. Ги приклучив HDD-ињата на надворешно напојување (само нив) и рачно го пуштав, за да установам дали е тоа проблемот. На почетокот, ситуацијата се подсреди, веќе не паѓаа HDD-њата, не се кочеше PC-то. Но, по некое време, пак почна така да прави :S. Почнав да се сомневам во самите HDD-иња се повеќе и повеќе, ама некако „не ми штимаше“ оваа „теорија“ бидејќи и двата почнаа во од прилика исто време вака да прават. Шансите да се случи и двата да почнат да откажуваат во исто време се прилично мали. Па фатив и ги извадив, ги отворив, ги разгледав плочките со електроника, гледам, нема ништо сомнително, само што беа полни прашина од озгора бидејќи и на двата имам ставено кулери (по неколку изгорени HDD-иња од топлина, веќе не ризикувам
). Ги изчистив од озгора плочките, гледам, пак нема ништо сомнително. За секој случај ги прелемив контактите за SATA напојувањето и SATA кабелот за податоците. Ги извадив плочките плочките од лежиштето и што да видам
, контактите за главата преполни прашина
. Тоа го правело проблемот
. Контактите почнале да зезаат поради многу прашина, па главата не можела толку брзо да мрда кога е оптеретена
. Како и да е, ја исчистив прашината и за секој случај, пак ги врзав за екстерното напојување, ама еве, сега за сега, да чукнам во дрво, веќе не ми се јавил проблемот
. Кај и да е, ќе ги префрлувам на напојувањето од PC-то
.
Е сега, неколку совети како да не ви фаќа PC-то многу прашина
. Ако може да го поставите некаде на повисоко место, не на земја
. Целата прашина паѓа на земја, па кулерите од PC-то први неа ја собираат
. Исто така, оставете го отворенокуќиштето. На овој начин, нема каде место да се створат dust bunnies бидејќи куќиштето не е затворено, а прашината циркулира низ целата соба
. Ова не е баш најздраво за вас
, но дефинитивно помалку прашина ќе фаќа самото куќиште
. А, да, и дефинитивно побучно е куќиштето (нели, отворено е
), но во принцип нема совршена ситуација. Или ќе се навикнете на буката, или ќе го чистите куќиштето еднаш годишно, трета опција нема
. Со отворено куќиште поставено високо (на рафт на пример), најверојатно ќе треба да го чистите еднаш во три или четири години
.
Лап-топ купувај што поевтин да ти * брка* работа!
Моја лична препорака, ако веќе купуваш лаптоп, купи од овие малецкиве, „професорските“ што ги вика batka
. Имаат помалку подвижни делови и полесни се, па ако се случи да падне, шансите да се оштети се помали отколку со големиве лаптопи
. CD/DVD режач можеш да приклучиш преку USB екстерно
. И онака не режеш дискови секој ден
. А плус, сите такви малечки лаптопчиња имаат и VGA излез, така да, комотно можеш да приклучиш и монитор на нив, ако веќе многу ти е мал екранот
.