Author Topic: Случајни муабети  (Read 1123301 times)

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3915 on 24.02.2012, Friday, 19:00:17 »
Devil, јас имам активатор, сакаш инбокс да ти го пуштам?
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline Cobe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 245
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3916 on 24.02.2012, Friday, 23:34:47 »
Колеги , сега само што упропастив ППК се нак*рчив , пробав да ја направам и на унирвезална но не ми успева и сфаќам дека за ова треба многу живци но јас го немам ТОА потребното и да не должам многу , ви благодарам на сите што ми помогнавте малце малце да влезам во светот на електрониката.Така да сега ќе се одјавам од форумов и повеќе нема да ви досаѓам со аматерски прашања или слично.И мило ми е што соработував со вас.И до тие што работат во SMD свака ви част !!!



Поздрав.
Биди упорен , се ќе си дојде во свое време!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #3917 on 24.02.2012, Friday, 23:34:51 (Edited 24.02.2012, Friday, 23:36:55) »
Абе ,Цобе, без мака нема наука! Прво,никој од нас не се научил ако пред тоа не расипал десетина уреди ,направил барем уште десетина неуспешни уреди итн. Јас работам секоја година со по една група млади луге ( од 6-то до 8-мо одделение) во Народна Техника  во Велес. Имав неколку примери на дечки кои беа бистри,добри ,вредни,ама не успејаа.А ,знаеш зошто - кога дојде време за докажување,тие кренаа раце и останаа  просечни иако имаа шанса да се докажат и да напредуваат. Лесно е да се откажеш,ама потешко е да не пробаш! Имав еден случај кога момчето имаше желба,голема да успее,ама поради својата тврдоглавост падна на првата поголема препрека.И мислеше да се откаже,ама го советував да продолжи и сега е во УСА ,предава електроника на UCLA универзитетот! И стално ми пишува дека најголема загуба би била ако не ме послушал и не продолжел! Ако имаш желба ,не се откажувај,ами учи.Барај помош,читај прати новости,информирај се.Учењето не е забава,ниту терет,туку потреба. Има време,полека,ако имаш желба-ке постигнеш!

Offline Cobe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 245
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3918 on 24.02.2012, Friday, 23:53:43 »
@batka

Да знам дека се исплати трудот , и првиот пат кога не ми успеа ти ми велеше да продолжам и го напраив првиот уред и ми успеа ! И сега не ми е проблем теоријата туку праксата , вие сто посто не сте почнале сами да лемите да спојувате елементи и слични . Во мојов случај татко ми ме научи само да лемам али едноставни работи само со обичен леткум без тенок врв , само затоа што тоа беше и во можност . Во основно професорката по ОТП беше алергична на гасови затоа и не лемевме ...
Биди упорен , се ќе си дојде во свое време!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #3919 on 25.02.2012, Saturday, 00:21:56 »
Цобе, не се откажувај, и јас сам почнував, немаше кој да ми покаже, имаше и разочарувања на почетокот, ама чим ќе стекнеш малце искуство после многу побрзо ќе одат напред работите, ќе видиш.. :)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3920 on 25.02.2012, Saturday, 00:48:30 »
@batka

Да знам дека се исплати трудот , и првиот пат кога не ми успеа ти ми велеше да продолжам и го напраив првиот уред и ми успеа ! И сега не ми е проблем теоријата туку праксата , вие сто посто не сте почнале сами да лемите да спојувате елементи и слични . Во мојов случај татко ми ме научи само да лемам али едноставни работи само со обичен леткум без тенок врв , само затоа што тоа беше и во можност . Во основно професорката по ОТП беше алергична на гасови затоа и не лемевме ...
До сега што иам стекнато искуство се е од форумов и некој основен дел сега од 1ва година.Значи таткоми,дедоми,вујкоми... никој не се занимава со електроника.Јас лично пробував сам и колку толку сега за сега знам нешто.
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #3921 on 25.02.2012, Saturday, 00:55:13 »
@batka

Да знам дека се исплати трудот , и првиот пат кога не ми успеа ти ми велеше да продолжам и го напраив првиот уред и ми успеа ! И сега не ми е проблем теоријата туку праксата , вие сто посто не сте почнале сами да лемите да спојувате елементи и слични . Во мојов случај татко ми ме научи само да лемам али едноставни работи само со обичен леткум без тенок врв , само затоа што тоа беше и во можност . Во основно професорката по ОТП беше алергична на гасови затоа и не лемевме ...

Добро е што татко ти те научил да лемиш.Мојот не знаеше да леми,па јас морав самиот да се учам.И започнав со 100 ватен Искрин леткум со кој деловите едноставно се * палеа* па горев транзистори.Се што сум научил отпрво за електрониката,посебно практичните работи сум ги научил или сам или * на страна* гледајки и крадејки занает!! Во мое време немаше повеке од 2-3 продавници за електроника во Македонија! Делови набавував широм бивша Југославија и по странство.И немаше кој да ми објасни што е тиристор,а што тријак! И најбитно - тогаш ,како и сега,немаше никаква литература на македонски,ниту пак интернет - вака ,на македонски! Никој ништо не кажуваше ,се беше строго криено.И сега има се - прво пристап до информација,па имаш да видиш готови работи,совети,цели технологии,цел занает е на интернет.Полека,не оди се така брзо,ни подмачкано.Порано направив еден ЦБ уред и чекав цели две години за да најдам кварц кристали и да го пробам.Не знаев ни дали работи.И кога конечно,сега класниот на Даниел Спасовски во ПТТ школо ми даде кристали и слушнав како ми се јавува и ме бара,скокав од радост. Еј,проработе! А,иљада пати сум проверувал,мерел,прашал,прелемувал и мечтаел уредот да работи.Ама ,не се предавав.Ме советуваа да го фрлам,разлемам,да го баталам,да ги искористам за друго - ама јас чекав и знаев дека ке проработи.Едноставно знаев.
И Перица,сега професор во ПТТ ми вели - абе чекаше две години да видиш дали работи?? Ти не си нормален,можеше да не проработи и да се разочараш. Ама,бев упорен!! ;D

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3922 on 25.02.2012, Saturday, 01:08:19 (Edited 25.02.2012, Saturday, 01:15:14) »
Така е Батка .... Треба да се биде упорен ... Jaс првпат кога го правев моето појачало со Tda 1562Q го правев 3-4 пати ... И се беше поради моето почетничко искуство ... Можеби избрзав со аудио појачало да почнам и бидејќи немав доволно искуство и бев почетник секогаш појачалото ми гореше од нешто ... Секојпат наоѓав нова грешка се до 4-тиот пат кога внимавав на се , работев постепено и проверував пред да направам било што со појачалото ... И на крајот исто како тебе успеав :) Се тоа немаше да биде ако се откажав после вториот или третиот обид ... Ама ако се сака, се се може ... Трпение, спасение !! :D ;D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #3923 on 25.02.2012, Saturday, 12:35:44 »
Дали денес при отворање на форумот имавте некакви проблеми ?
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3924 on 25.02.2012, Saturday, 13:01:03 »
Јас немав никакви проблеми   :)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #3925 on 25.02.2012, Saturday, 14:01:38 »
јас кога го отварав даде дека не постои таа страна, ама рефреш еден и се оправи...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #3926 on 25.02.2012, Saturday, 15:53:34 »
Сега имав големи проблеми на отварање,не сакаше ни да чуе  ???

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3927 on 25.02.2012, Saturday, 17:08:16 »
И јас имам големи проблеми со net-от, не само со форумот, и со многу други сајтови, ми јавува 404 или 501 (Internal Server Error). Не знам дали е до провајдерот, ама многу спор е net-ов. Да не паднал некој node?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3928 on 25.02.2012, Saturday, 17:16:41 »
Кај мене е се во ред, малку при логирањето кочеше само.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3929 on 25.02.2012, Saturday, 17:25:21 »
Да знам дека се исплати трудот , и првиот пат кога не ми успеа ти ми велеше да продолжам и го напраив првиот уред и ми успеа ! И сега не ми е проблем теоријата туку праксата , вие сто посто не сте почнале сами да лемите да спојувате елементи и слични . Во мојов случај татко ми ме научи само да лемам али едноставни работи само со обичен леткум без тенок врв , само затоа што тоа беше и во можност . Во основно професорката по ОТП беше алергична на гасови затоа и не лемевме ...

Цобе, само ќе ти кажам дека во фамилија (мојата) немам никој кој се бави општо, со техника, а камо ли електроника ;). Сите се во сосема спротивни правци од ова јас што го работам ;D. Така да, мене никој не ми покажа ни како да лемам, освен професорот по ОТП во основно ;). Поентата ми е дека, да, имав многу падни-стани моменти во електрониката, но тоа не значи дека треба да се откажам ;). Тврдоглав и инает сум многу за некои работи ;D. Зошто не се откажав? Логиката ми беше следна: „абе глупа машина мене ќе ме е*ава ?, епа нема, попаметна од мене не е ;)“. И поради оваа констатација, сум продолжил и понатаму во животот, не само за електроника, и за многу други проблеми. Истрајноста е најголем проблем, знам, сум го искусил тоа, најтешко е да си истраен ;). Но од друга страна, наградата која се добива доколку си истраен е многу поголема од таа што ќе ја добиеш доколку едноставно се откажеш ;). Знам, и јас сум викал „не можем повеќе, кој те е*е, иди у п*чку м*тер, нејќам виѓе да те гледам“, ама по некое време, пак се навраќам на истиот проблем, малку да „искулирам“, да избистрам глава ;). Работите изледаат могу различно по ден или два (некогаш и повеќе) пауза ;). Добиваш нова перспектива на работите ;).

И, најбитно, читајте литература, никој не се родил учен. Никој не бара да станете доктори на науки, но само од форум не се учи. Исто така, книги не се читаат и учат online. Да, симнете книга, но испритајте си ја, на работна маса со неа, ако има теоретски задачи со неа, пенкало и хартија до вас и почнете да решавате. Да видите колку многу повеќе работи ќе ви бидат појасни и проблемите со уредите ќе почнете и самите да ги отклонувате ;). Па и на други ќе почнете да помагате најверојатно ;). Не се плашете да прашате ако некаде заглавите со некој дел од книгата, нешто не ви е јасно. Прашајте, сигурен сум дека ќе добиете одговор ;). Практичното знаење е важно, но ни оддалеку толку како теоретското, еден од професорите по пракса во средно ми викаше „на добра теорија, да видиш како лесно се лепи пракса ;)“. Поентата ми е, надградувајте се, не само практично и преку форумов, општо, и теоретски, без разлика дали е тоа електроника, машинство, програмирање или било што друго ;). Да, тоа е најтешкиот пат, ама наградата на крајот е многу послатка ;). Ќе цитирам некој (не знам, кој, искрено, не знам кој го има кажано ова, само сум го чул) многу попаметен од мене: „може се да ви земат, кола, стан, куќа... никој не може да ви го одземе знаењето, а со него, можете пак да си надокнадите се што сте изгубиле ;)“.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."