Author Topic: Случајни муабети  (Read 1123330 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #360 on 27.09.2010, Monday, 00:21:50 »
Искрено, не е лошо да си направиш стабилизиран извор за напојување, па барем и 1А ако дава (со LM317 на пример), ќе ти се најде кај и да е, ќе видиш ;). Јас не можам да изборјам колку пати ми се нашол за секаков вид на тестирања ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #361 on 27.09.2010, Monday, 00:30:04 »
Искрено, не е лошо да си направиш стабилизиран извор за напојување, па барем и 1А ако дава (со LM317 на пример), ќе ти се најде кај и да е, ќе видиш ;). Јас не можам да изборјам колку пати ми се нашол за секаков вид на тестирања ;).
Да знам,јас сакав да направам цело такво напојување што со едниот потенциометар си регулираш напон а со другиот струја,што оди до 30V и до 3A. :) А да не знае некој колку се плочките во емитер бушени бидејќи немам некој добра машинка за бушење плочки,а не ми се даваат 600 ден за мало бормашинче во гац. :)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #362 on 27.09.2010, Monday, 01:13:13 »
А да не знае некој колку се плочките во емитер бушени бидејќи немам некој добра машинка за бушење плочки,а не ми се даваат 600 ден за мало бормашинче во гац. :)

Мислам дека плочките од Емитер не се бушени, мислам дека се продваат само направени, без дупчиња...
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #363 on 27.09.2010, Monday, 01:17:36 »
Јас мислам дека има и бушени плочки во редакцијата на емитер.Знам во гац имам прашано дали им носат бушени они ми викаат не,само им носеле такви направени па ти да ги бушиш :).Дај бре кажете како ги бушите плочките,какви бормашини користите?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #364 on 27.09.2010, Monday, 02:43:14 (Edited 27.09.2010, Monday, 02:50:19) »
Дај бре кажете како ги бушите плочките,какви бормашини користите?

Јас користам обична бормашина (купена од пазар пред едно 10-тина години), без конрола за брзината на ротација (има само прва и втора брзина), на футерот се фаќаат бургии од 1mm, иако на него пишува дека се фаќаат бургии од 1.5mm па до 13mm. Пред да ги избушам дупчињата, прво им правам „лежишта“ на бургијата на плочката (за да не „залетне“ на лево или на десно) со шило и чекан (за шило може да се користи и некој модифициран стра шрафцигер, избруцен да изигрува шило), и потоа ја поставувам плочката на менгеме (по можност некое мало) и пред и зад плочката поставувам парчиња дрво (иверка, обично дрво, било каков тип на подебело дрво, би одговарало, само да не е потенко од 10mm), гледам задната страна од плочката да е цела покриена со парчето дрво (парчето дрво да е поголемо од плочката за да не „залетне“ бургијата нанапред одкако ќе ја направам дупката, па футерот несакајќи да исшмиргла, односно прекине некој вод од плочката), а на предниот дел дрвото го ставам за да не се оштетат водовите од предната страна на плочката од металните стеги (држачи) на менгемето. Се разбира, за предната страна на плочката избирам помало парче дрво (помало од големината на плочката) за да може да ги гледам водовите и претходно обележаните „дупчиња“ (не се прават баш дупчиња, повеќе е обележување каде треба да се буши за да не зашантра бургијата бидејќи овие бормашини се доста моќни па имаат голем вртлив момент, што автоматски значи дека може при самиот старт на бормашината, ако имате некоја постара како мојата, без градиентна контрола на брзината на вртежите, како што имаат повеќето понови бормашини, да дојде до излетување на бургијата од саканата локација и правење на дупче на некое место блиско до саканото, што може да предизвика оштетување на вод или лемно место). Прво дупчам од едната половина на плочката (или едната четвртина, третина, зависи од тоа колкава е плочката и колкав дел од плочката ми е стегнат под менгемето), па после останатиот дел (делови) со ротација на плочката (ако ми е избушен горниот дел, го одстегнувам менгемето, ја ротирам плочката на страната која не е издупчена и продолжувам со бушењето се додека на ја избушам целата плочка ;)).

Овој метод не е баш најадекватен за бушење на вакви ситни работи, ама до сега ми вршел работа и не планирам д аго менувам, премногу пари коштаат оние малечкине бормашинчиња за плочки, а футерите им се релативно неквалитетни, па мора да ги менувате на секои половина година (на една старо бормашинче што го куппив на времето од JetSet што веќе не го користам му имам сменето 2 или 3 футера, и на крајот се откажав). Поради тоа решив да си развијам мој метод за бушење на плочки. Малку повеќе бургии се кршат (ако пазите малку повеќе и тоа нема да се случува често, но јас не пазам ;D), ама оние од 1mm на пазар се по 10 денари, така да и овој метод ми е поисплатлив од купување на футерчиња на секои половина година ;). Башка што тие малечки бормашинчиња најчесто имаат релативно мала моќност и заглавуваат (престануваат да вртат) ако малку повеќе стиснете со бормашината врз плочката, така да и тоа е додатен проблем :S. При работа со помоќни бормашини (помоќни од мачеките бормашинчиња, не мислам на хилта ;D) го нема овој проблем и во принцип имате готова дупка за секунда или две бушење (зависи од брзината на ротација на бургијата), а после едно 2 или 3 искршени бургиички, ќе стекнете малку повеќе искуство со ваквиот тип на бушење (јачина на стисок со кој треба да се држи бургијата, која би препорачал да се држи цврсто со двете раце, стабилност на рака, јачина на притискање врз плочката, итн.).

Би направил и tutorial ако некој сака, не е проблем, ама во моментов не правам ништо (немам плочка за бушење), ако сакате да почекате до нова година (во план ми е нешто малку посериозно, па периодов експериментирам, се надевам ќе биде готово до нова година ;)), ОК ;), ако не, некој нека ми даде некоја плочка за бушење, па да ја избушам, па да му ја вратам ;). Само што ќе треба да ми купи минимум две бургиички од 1mm (случајно да не скршам една ;D).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #365 on 27.09.2010, Monday, 02:54:17 »
Брееее чоече книга ќе напишеше за бушење плочки :o(автор GigaWatt ;D).Па добро објаснето GigaWatt!Инаку те жалам ако по овој метод си ја избушил плочката за ESR метарот. ;D :)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #366 on 27.09.2010, Monday, 02:58:30 (Edited 27.09.2010, Monday, 03:05:29) »
Да, баш вака ја бушев, малку макотрпна (и прецизна) работа за голема бормашина, ама релативно брзо ја избушив и само една бургија скршив ;D. Затоа обично си купувам по 3 или 4, зашто знам дека барем една ќе искршам, па нека има резерва ;D.

Споено мислење: 27.09.2010, Monday, 03:05:29
Преместени се дел од post-овие, не одговараа на тематиката на topic-от за дигиталниот волтметар ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #367 on 27.09.2010, Monday, 03:06:31 »
Преместени се дел од post-овие, не одговараа на тематиката на topic-от за дигиталниот волтметар ;).
Баш тоа сакав да ти речам да ги преместиш последните пораки. ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #368 on 27.09.2010, Monday, 03:26:11 »
Да, да, средив ;), и твојот последен post во темата за волтметарот е среден ;).



Инаку морам да се „пофалам“ дека после многу долго време (едно сигурно 4, 5 години) во Саботата (вчера, односно завчера) ме „лупна“ струја, хахахаха ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #369 on 27.09.2010, Monday, 10:34:34 »
Хехехе, ти поминал редот, сега си раат неколку години ;D 8). Мене последен пат ме лупна кога го завршив тоа лампашкото појачало, го бришев од прашина дури работеше (која глупост, а? :o ::)) па допрев кај што не треба со прстот и ме спржија 300V DC :o, дури и изгореница имав после тоа...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #370 on 27.09.2010, Monday, 10:52:20 »
во EURO TOOLS карши пералните пред Беверли Хилс трговскиот во Капиштец што е има 1мм бургии 4 денари се, порано беа по 3 денари...иначе јас користам моделарка дупчалка...150W е, футерот (ако може така да се нарече) е преедноставен што неверувам дека би се расипал некогаш. Ја купив пред неколку години од Авто пазар за 1200 денари, па после некој ден ми се зафркна нешто и кога ке видам...калемче едно имаше скинато па го премотав и сега си тера си нема гајле, а за кршење биргии...не памтам од кога немам скршено бургија кога сум бушел плочки, кога пластика сечам со бургија тогаш ги кршам....
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #371 on 27.09.2010, Monday, 11:47:27 »
ама од таму се многу кршливи (многу лесно)!!! :'( Јас имам од пазар зелен!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #372 on 27.09.2010, Monday, 12:28:15 »
Хехехе, ти поминал редот, сега си раат неколку години ;D 8). Мене последен пат ме лупна кога го завршив тоа лампашкото појачало, го бришев од прашина дури работеше (која глупост, а? :o ::)) па допрев кај што не треба со прстот и ме спржија 300V DC :o, дури и изгореница имав после тоа...

Е ајде де ;D, знам се случува, и јас сакајќи еден другар да го заштитам него да не го лупне случајно (поправавме нешто, па он сакаше со мерни сонди да испитува во мрежната секција нешто, а јас обично практикувам да користам крокодилчиња), ги фатив буксните на крокодилчињата (кои веќе беа врзани за уредот и заборавив дека не го изгасив уредот од мрежа, всушност тоа не беше моја работа, негова беше ;D) за да ги извадам од унимерот, ама заборавив дека е homemade кабелот со крокодилчињата и дека буксните имаат до страните шрафчиња за стегање на кабелчето на крокодилчињата кои малку стрчат нанадвор (доста е дебел кабелот ;D), и така со двете раце наеднаш (да не губиме време, да ги извадам и двете наеднаш ::)) фино лепо си го затворив колото на едно пола секунда ;D. Потоа цела вечер не можев да престанам да зборувам, хиперактивен бев, хахахахаха ;D ;D ;D.

а за кршење биргии...не памтам од кога немам скршено бургија кога сум бушел плочки, кога пластика сечам со бургија тогаш ги кршам....

Користи подебели бургии, од 4mm па нагоре и така нема да ти се кршат, и јас го имав истиот проблем, ама со дрво, не со пластика ;).

ама од таму се многу кршливи (многу лесно)!!! :'( Јас имам од пазар зелен!!

И тие од пазар не се лоши, само купете од оние поквалитетните (жолто со сребренкасто, не знам од кој метал се изработени, ако некој знае нека пише, баш ме интересира ;)), разликата е некои 2 денари или така нешто ;), едните се 8 денари, а овие поскапиве се 10, барем така мислам дека беше ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #373 on 27.09.2010, Monday, 13:06:50 »
ама од таму се многу кршливи (многу лесно)!!! :'( Јас имам од пазар зелен!!

јас си пазам, не ги кршам, само многу ми се тупат...после неколку плочки ги фрлам дека неможе да се буши веќе со нив од што се тупи...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #374 on 27.09.2010, Monday, 13:44:32 (Edited 27.09.2010, Monday, 14:16:14) »
Инаку морам да се „пофалам“ дека после многу долго време (едно сигурно 4, 5 години) во Саботата (вчера, односно завчера) ме „лупна“ струја, хахахаха ;D ;D ;D.
Хехехе, ти поминал редот, сега си раат неколку години ;D 8). Мене последен пат ме лупна кога го завршив тоа лампашкото појачало, го бришев од прашина дури работеше (која глупост, а? :o ::)) па допрев кај што не треба со прстот и ме спржија 300V DC :o, дури и изгореница имав после тоа...
Ajде ајде не се жалете ;D.Мене колку пати ме има лупнато и тоа не од 300V туку од 5KV па и повеќе :o,вие сте почетници за да се мерите со мене според мавнувања од струја хехехе ;D.

администрација: без дискусии во овој дел од форумот околу таа тема
If you're good at something, never do it for free... -Joker