Него имам нешто приметено од пред некое време па сакам да го споделам,
Кога почнавме да го градиме форумот целта беше:
- Собирање на поголем дел од електроничарите од Македонија
- Помагање секој на секој без резерва
- Разменување шеми, искуства, знаења, објавување на ваши направени проекти
- 100% фокусирање на конкретната електроника и 0% замарање со други работи
Во последно време имам приметено дека, најголем дел од членовите не сакаат да помагаат на други иако имаат некакво знаење поврзано со конкретен проблем, не објавуваат шеми, нема размена на искуства, прашуваат се додека не го средат проблемот или додека не го изградат проектот а потоа ни збор за тоа како работи склопот и како се задоволни од него, а за објавена слика од приектот боже сачувај, па ми личи дека најголем дел од членовите го користат форумот како за бесплатна техничка поддршка и помош и дека едни се тука "платени" за да помагаат на секој што му треба било каков совет... Едино што се придржуваат кон оние 4 точки погоре се малку членови, воглавно членовите на администрацијата и мал дел на добри луге. Друг проблем е што има членови кои упорно и упорно кршат едни исти правила и правописот им е катастрофа. Згора на тоа, не примаат никаква критика, конфликтни се, веднаш се расправаат и се дуваат.
Значи ова е Мое лично мислење, и мислење на други луѓе....со кое не мора да се согласат оние кои не мислат така или пак едноставно се препознаваат во искритикуваните.